Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ја па прочитав дека Ибрахими не спие без да ја пее химната, дури и тие стихови што не ги знаеше Тамара:D !!!

A кој е тој ИбраХими?
Да не мислеше на Ибрахимович? :)
 
Абе ова за Ибраими е Априлилили :D
Не би рекол баш. :) Многу сериозно делува.
Да ако беше објавено на сајтот на ФФМ.Вака незнам.Веста е објавена во 13 00 на Primetime,а малце чудно што ниеден друг медиум/портал не ја објавил истата.:cautious:

По ова ќе познаеш колку е сериозно :

Во моментов се разгледува дали истата оваа одлука ќе се примени и кај други двајца репрезентативци, Ферхан Хасани и Мухамед Демири.
На снимките се гледа дека тие ја отвараат устата при интонирањето на химната. Стручниот совет на ФФМ ќе истражува дали тие навистина ја пееле химната или само ја манипулираат јавноста.
Мхм, морав да го додадам ова инаку изгледаше многу сериозно претходно. :P
 
Не би рекол баш. :) Многу сериозно делува.

Да ако беше објавено на сајтот на ФФМ.Вака незнам.Веста е објавена во 13 00 на Primetime,а малце чудно што ниеден друг медиум/портал не ја објавил истата.:cautious:

По ова ќе познаеш колку е сериозно :

Во моментов се разгледува дали истата оваа одлука ќе се примени и кај други двајца репрезентативци, Ферхан Хасани и Мухамед Демири.
На снимките се гледа дека тие ја отвараат устата при интонирањето на химната. Стручниот совет на ФФМ ќе истражува дали тие навистина ја пееле химната или само ја манипулираат јавноста.
 
Гледам никој не пишал, па ајде јас. Од вчера Македонскиот фудбал си има посебен потфорум на форумот, па сите теми поврзани со првенството наше, со репрезентацијата, и уште неколку теми сега се одделно.
Во иднина потфорумот се надевам ќе се полни со плус некои теми.
 
Абе заебанција е шо ви е:D. Инаку кога сме кај химната, ако приметив добро на снимките ми се чини дека скоро пола репрезентација не пееја.
 
И официјално потвредо од ФФМ
ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА НА 3 ЈУНИ ВО МАЛМЕ


_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy.jpg


“А“ репрезентацијата на Македонија на 3 јуни 2013 година во Малме ќе игра пријателски натпревар со “А“ репрезентацијата на Шведска. Договорот меѓу Фудбалската федерација на Македонија и асоцијацијата на Шведска официјално беше потврден денеска.
Пресметката против Шведска, селекција рангирана на 21-то место на светската ранг листа ќе биде трет за нашата репрезентација против еден од најдобрите репрезентативни состави во светот. Во квалификациите за СП 2002 година, Македонија двапати загуби. Во Гетеборг, со 0:1, во Скопје , 1:2.

Пресметката против Шведска ќе биде трет скандинавски тест годинава за Македонија. Во Скопје, “рисовите“ победија против Данска со 3:0. На 11 јуни 2013 година гостуваме во Осло против Норвешка.
 
Стефан Ристовски одиграл 90 минути за Бари во поразот од Реџина (1:0). (y)

Тричковски влегол во игра за Бриж во 83-та минута :cautious: и Мирко Ивановски влегол во игра за Астра во 58 минута. :rolleyes:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom