Давид Бабунски повикан во А тимот
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на фудбалери кои се во комбинација за пријателските натпревари со Шведска и Норвешка.
Селекторот на „А“ репрезентацијата на Македонија Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи за двата контролни натпревари против Шведска на 3. јуни во Малме и против Норвешка на 11. јуни во Осло. Дарко Глишиќ, Давид Бабунски, Јасмин Мециновиќ, Кирче Ристовски и Марко Павловски се нови имиња во најдобрата македонска селекција. Поради повреда Горан Пандев не е во составот на Јаневски за двата гостински натпревари.
„Сметам дека играчите кои се повикани имаат квалитет да бидат дел од силните контролни натпревари во Малме и Осло. Ваквите натпревари ни се потребни фудбалерите да стекнат самодоверба. Во двете пресметки шанса за настап ќе добијат неколку нови фудбалери, ги следевме нивните настапи и сметам дека имаат потенцијал да бидат дел од најдобриот состав. Нашата најважна улога е да пратиме порака дека сите се активни членови на репрезентацијата. Во изминатиот период ја анализиравме играта и настапите на фудбалери кои настапуваат во различни клубови, на различни позиции, а имаат мотив и желба да играат за Македонија. На списокот на потенцијани репрезентативци се наоѓаат играчи кои навистина можат да помогнат. За некои од нив е потребно да се запазат одредени административни процедури, но гледаме позитивно. Се наоѓаме во период кога завршуваат националните првенства. Фудбалерите се можеби физички и психолошки заморени, но така е за сите. Треба да се фокусираме на тимскиот дух, ако тоа го направиме, играчите на теренот ќе се соочат со предизвикот во секоја ситуација. Се надевам дека во Малме и Осло ќе го претставиме македонскиот фудбал на вистински начин“, изјави селекторот на нашата репрезентација, Чедомир Јаневски.
Вкупно 28 играчи се наоѓаат на списокот на Јаневски за натпреварите против Шведска и Норвешка.
Голмани
1. Кристијан Наумовски – Динамо Букурешт/Романија
2. Мартин Богатинов – Карпати/Украина
3. Томе Пачовски – Мехелен/Белгија
Одбрана
1. Бобан Грнчаров – Ботев Пловдив/Бугарија
2. Даниел Георгиевски – Стеауа Букурешт/Романија
3. Александар Тодоровски – Полонија Варшава/Полска
4. Стефан Ристовски – Бари/Италија
5. Николче Новески – Мајнц 05/Германија
6. Ванче Шиков – Волин/Украина
7. Даниел Мојсов – Војводина/Србија
8. Александар Лазевски – Партизан/Србија
9. Дарко Глишиќ – Динамо Тблилиси/Грузија
Среден ред
1. Никола Глигоров – Алки/Кипар
2. Величе Шумуликоски – Тианјин Теда/Кина
3. Дарко Тасевски – Шмона Кириат/Израел
4. Бајрам Фетаи – Дензилиспор/Турција
5. Давид Бабунски – Барселона/Шпанија
6. Ферхан Хасани – Волфзбург/Германија
Напад
1. Иван Тричковски – Клуб Бриж/Белгија
2. Мирко Ивановски – Астра Плоешти/Романија
3. Агим Ибраими – Марибор/Словенија
4. Александар Трајковски – Зулте Варегем/Белгија
5. Самир Фазли – Хелмонд/Холандија
6. Адис Јаховиќ – Цирих/Швајцарија
7. Душан Савиќ – Волин/Украина
8. Јасмин Мециновиќ – Егри/Унгарија
9. Кирче Ристовски – Билиси/Албанија
10. Марко Павловски – ОФК Београд/Србија