То је то...
На крај 4-1. Резултат кој ја покажува разликата од нашата и Полската лига.
Сепак тврдам дека со малку подобро избрана одбрана, немаше вака да загубиме. Ќе изгубевме пак, али немаше вака да не посрамотат...
Таневски е убедливо најдобар одбранбем играч во лигава, да играше он со Мојсов, малце потешко дека вакви голови ќе примавме.
За бековите не ми се ни збори. Резили.
За Цикарски сум дробел и во фан клубот на Вардар, човекот не е бек и крај на муабетот. Го чекам моментот кога ќе донесеме вистински лев бек, а Цикарски нека си се бори за неговата позиција, лево крило...
Брдаровски трагедија...
И на георгиев доста му е давање на шанса во репрезентацијата. Нека почне да игра прво, нека мисли со тоа главата па тогаш нека игра. Аххх како не го донесеме Гроздановски во Вардар, па да го седнат малце на клупа, па да му дојде паметот. Вака има слобода, и нема гајле. И кај нас може да даде многу повеќе, кога ќе почне да дава тогаш нека добива повик.
Блажевски според мене најдобар денес. Се гледа дека има цврстина, има талент, мора да почнат да го земаат за репрезентација. Даде некои солидни центар шутеви, даде гол, најдобар беше.
Марковски нуларица, Митров немаше нешто многу време да покаже нешто, Неџипи се трудеше, во рамки на можности.
Напаѓачите неможеа да сторат нешто повеќе, и Костовски и Ејупи не се играчи што може да фатат топка, да ги поминат сите и да дадат гол. Беа чувани од неолку играчи, они знаат само на нафрлени топки или некои проигрувања во шеснаесетникот. Ејупи доби некоја топка, имаше некои добри удари со глава, Костовски не доби ниедна топка, се бореше многу, мавна по некој бокс...

, ама слабо.
Пеџа во малкуте минути покажа дека знае да задржи топка, да издрибла некој, да додаде. Само многу е стаклен, постојано е повреден

Стјепановиќ мене ми се допадна како играше, знам дека многумина нма да се сложат, али за мене солидно, покриваше кај можеше, направи пенал кој беше неправедно досуден, му фалеа само дсобри додавања, али тоа беше проблем на цел тим со оглед на тоа што една акција не сврзавме во првите 70-тина минути...
Наумовски катастрофа...
То је то.
--- надополнето: 14 декември 2012 во 19:07 ---
Ivan Mitrov e Mesi za Georgiev...sekoj sto go podobro poznava Mitrov slobodno moze da go kaze ova
Добар виц
