Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Oвие што се сега на терен прв пат, и последен ќе им е во дрес на Македонска репрезентација.
 
Ебати катастрофата... Бековите посебно страничните се жива катастрофа, но и централните не се нешто повеке... Единствен кој игра барем нешто според мене е Неџипи... Другите се катастрофа жива барем засега.
 
Како шах да играат
 
Мојсов ко сам да игра у одбрана.... Фуче од сите страни. Јове го утепаа до сеа, Блажевски пробува нешто ама слабо му оди, Георгиев топка не пипна мислам. Неџипи знае да игра со топка, ама цврстина нема... Марковски ми е ептен неприметлив, Остоја така така. Сега за сега не утепаа во секој поглед.
 
Шконтарски муабет. Кај најдов па и јас тука за фудбал да зборам со муабети вакви. Ае....
Izvini shto ne sum ti na intelektualno nivo za da zborish za fudbal so mene.
Prosti, u pravo si.
 
Ви реков да не играте ташаците и да не ми ги споредуете играчиве :D
Ајде, и нека биде по ваше тоа дека полскиве играчи не биле многу поквалитетни од нашите (иако се и тоа далеку поквалитетни, ама ајде...), ама самиот факт што нашиве неможат да истрчаат повеќе од 5 км по натпревар, кажуе кој ќе биде победник денеска :) Со алкохол и цигариња не се стануе професионалец, тоа е :)
 
Трагично прво полувреме...
Смешни голови...
Мада првиот гол си немаше врска, каков пенал какви бакрачи, подарок за Полска. Сепак одбраната тотално заспа откако Наумовски одбрани.
Одбраната е трагедија.
Кажав и претходно Цикарски не е бек, и нема надеж за него на оваа позиција. Џабе го форсираат за бек, кога ебано незнае да се позиционира во просторот. Мораа некој друг да земат за оваа позиција, мој избор ќе беше Милушев од турново, ама сепак Агрон Мемеди и Лјамчевски се посериозни кандидати.
Брдаровски најслаб според мене. Вториот гол негова вина, незнам што чекаше. И тука можеа подобар избор да направат, како што реков Зоран Петковски или Силјановски.
Бериша :facepalm: Немам коментар.
Мојсов така-така, со оглед на тоа дека сам игра во одбрана :D
Наумовски просечно иако фати пенал... Неколку лесни топки му избегаа, а и при пеналот иако го прочита ударот, многу лошо интервенираше...
Стјепановиќ ми се допаѓа дека игра агресивно, јас сум задоволен од неговата игра. Блажевски се труди, ама се гледа колку се физички појаки овие, неможе да мрднат нашиве.
Костовски ги руши сите во наше првенство, овде неможе да добие дуел, не е за да игра сам во нападот.
Георгиев невидлив, топка не пипна. Само на крајов изигра една акција, изсдржа некој дуел, нафрли, но бескорисно...
Неџипи знае да загради, да додаде, ама како што сме збореле и порано нема кондиција да истрча ни малку...
Марковски, немам што многу да кажамн, со оглед на тоа што и незнам каков играч е, па неможам да судам дали игра според можностите или под нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom