За со Хрватска бев на стадион од играта не сум многу задоволен, до кај 20та минута негде игравме добро, постигнавме гол и водевме после нашите како да летнаја во облаци па Хрватска си ја превзеде одговорноста...
Единсвен играч кој изигра најубо од кај нас беше Новевски

Секоја чест, во поодминати години е, ама му докажа на сите како се игра за репрезентативниот дрес !!! Ако не беше тој уште 3 гола ќе јадевме како алва !!!
Од играчи кој се прат ѕвезди во тимот немаме успех, Пандев на контра напад го имаше Тричковски сам ќе го извадеше со голманот 1 на 1 овај зеде се дрибла со Чорлука и се разбира ја губи топката

И голојте шо ги примивме беа за нигде, за првиот гол мислам Шиков недоскокна добро, па топката стигна до Чорлука каде од 3-4 метра го совлада Богатинов, за вториот гол нема шо да коментирам...
Ракитич од трибина гол му даде 
голманот плива, си мисли Фелпс е

Овај Богатинов никогаш не ми се бендисвал како голман, никогаш !!! Незнам шо к*р го зеле во Украјна да брани во Карпати

Го имаме златен Пачовски на клупа не го клава да брани, го пушта дрвото Богатинов, шо прими гол од северна трибина
ТИКВАР, НИ ЗА ВО НОВАЦИ НЕ ТЕ БИВА ДА БРАНИШ !!!
До негде и судијата се дупеше, не свира игра со рака на 2 пати, имаше неколку фаули не досудени, а како шо се гледаше од трибина мислам дека имаше и пенал над Пандев во 2 полувреме (сега незнам на ТВ на снимките како се гледаше) Бевме оштетени од нивна страна, судеа во корист на Хрватите...
После 80мин нашите губат 2:1 и неќат да трчат, сите лазат по терен, неќеа ни да нападнат да земат топка...
Атмосферата беше на одлично ниво дури водевме, прекрасен амбиент 33 000 имаше сигурно ПРЕПОЛН беше стадионот, Комити најавија враќање на репрезентација, имаше една група на запад, ама ептен слабо навиваја, второ полувреме воопшто не навиваја 3-4 круга со рацете вртеа бранови низ целиот стадион кое изгледаше одлично

Секоја чест за дечките од Велес кој седеа најназад на Јужна тие навиваја второто полувреме
За Хрватските навивачи беа околу 600-700 само непотребно беа упатени свирежи кон нив кога влегваја на стадион, со тоа докажваме каков народ сме, таму тие не пречекаја домаќински а ние возвраќаме со лошо, а после некој дури и пееја "усташки пи*ки, усташи-усташи" тие беа сигурно некој напалени СРБОМАНИ

Ако беа толкави големи мажи шо не му пееа надвор од стадионот во лице или се плашеа бумбари да не ги направат во фаците, во центарот на секој ќош ги имаше Хрватите, во секој кафич, имаше добра забава и со наши луѓе, заедно се фотографираја, пиеја, пееја, само тие на стадион шо викаја беа некој напалени !!!
Единствено незнам зошто од Хрватите беа упатени свирежи кон Самир кога влезе кај нив во игра....