Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Утре во колку саат ќе им биде тренингот на Србиве??

Ќе имаат два тренинга колку што разбрав, првиот не знам од колку саат, вториот ќе биде од 19:00.
 
Сигурно ова? Фала мнoгу :)

Па бевме неколку души од Lazio Fans Macedonia да го пречекаме Михајловиќ, ама сите отидоа брзо во хотел по соби (он прв) и ни беше кажано дека поголема шанса има да ги начекаме утре на тренинг од 7 вечер.
 
Strumicki selajk za toa dosol sopstvenikot na Napoli ako izgubat mu rekol da dobie zolt karton klosar pa za drzava igras be mocko ili igraj do kraj ili ic ne doagaj da igras kako peder mislam covekot e dobar igrac ama vakvi propusti ne smee da pravi eden lider na edna cela drzava.
 
Ако го направил тоа, треба на клоци да се дигне. А симптоматично ми е, така што...
 
Лазевски место Попов, Хасани на лево крило, Тричко место Ристиќ и Трајковски позади Тричко. Ова е добитната комбинација :)
 
Во чест на Тоше, кој на секој спортски натпревар неуморно ги бодреше македонските спортисти и кој ни ја подари преубавата навивачка песна „Македонија навива за вас“, на Националната Арена ќе настапат врвни естрадни уметници.
Исто така, за присутните предвидена е и наградна игра досега невидена во нашата земја по примерот на спортските спектакли кои се прават на паузите во НБА плеј-офот, Супер Боул мечот и други врвни спортски натпреварувања. На досега невидениот спектакл ќе бидат доделени неколку дресови.
Наградната игра ќе се одвива така што секој навивач ќе има потенцијална можност да учествува, а главен лик ќе биде резервниот голман на македонската фудбалска репрезентација.
ќе упати топка кон гледачите на „Филип Втори“, па оној кој ќе ја прифати ќе се симне доле на теренот и доколку од пенал или „еден на еден“ успее да го совлада голманот, тогаш ќе добие дрес на македонската фудбалска репрезентација
Ако е голманот Богатинов, играта ќе биди: Лобувај го голманот од слободен удар од 40 метри-it's easy :D :D :D
 
Вау еј, ќе даваат дресови... Како тргна приказнава, мислев којзнае што ќе дадат :))

За еден дрес ќе треба пред цел стадион голман да дриблам таму со точак финтата на Кристијано Роналдо , па и ќе треба да се радувам после :pos: Луѓето коли добиваат за вакви работи .
 
Само нека ме погоди,за вас има на 2-3 пати да го поминам и ќе се враќам да го напраам мајмун:D
Дресот на Acid ќе му го поклонам за да види што е квалитет:icon_mrgr:
 
Богатинов и Попов на клупа за мечот со Србија?
Македонскиот селектор вели дека онаа репрезентација која побрзо ќе се опорави до вторник ќе го добие мечот.

janevski-500.jpg

Во вторник со почеток во 20:30 часот Македонија и Србија во меѓусебен меч ќе се обидат да ги „преболат“ поразите во петокот од Хрватска, односно од Белгија. Се разбира за нас ќе биде хендикеп неграњето на Горан Пандев, но сепак и во една таква ситуација ќе мора да се оди на победа.
Македонскиот селектор вели дека тоа ќе биде дуел на ранетите и потенцира дека онаа селекција која побрзо ќе се опорави ќе го добие мечот во вторник. Јаневски најверојатно ќе направи неколку промени во однос на дуелот со Хрватска. Пачовски ќе застане помеѓу стативите на местото на Мартин Богатинов кој потфрли во петокот, а пред Горан Попов, кој исто така одигра под своето ниво, шанса ќе добие Александар Лазевски, додека Дарко Тасевски ќе го „глуми“ Пандев.
-Не треба посебно да се истакнува колку ќе бидеме ослабени со неиграњето на Горан Пандев. Од друга страна не знам од каде таква деконцентрација на Горан Попов кој игра во Премиер лигата. За дуелот со Србија ќе има промени бидејќи и двајцата бекови одиграа слабо. Шиков се повреди, но ми се допадна Грнчаров кој влезе на негово место, па за оваа позиција сум нешто помирен. Ќе мора брзо да го преболиме поразот од Хрватска и да се подготвиме за дуелот со Србија, вели Јаневски.
На крајот македонскиот селектор изјави дека е изненаден од поразот на Србија од Белгија воедно додавајќи дека тоа доволно зборува за квалитетот на репрезентациите во групата.
 
За со Хрватска бев на стадион од играта не сум многу задоволен, до кај 20та минута негде игравме добро, постигнавме гол и водевме после нашите како да летнаја во облаци па Хрватска си ја превзеде одговорноста...

Единсвен играч кој изигра најубо од кај нас беше Новевски :cuc: Секоја чест, во поодминати години е, ама му докажа на сите како се игра за репрезентативниот дрес !!! Ако не беше тој уште 3 гола ќе јадевме како алва !!!

Од играчи кој се прат ѕвезди во тимот немаме успех, Пандев на контра напад го имаше Тричковски сам ќе го извадеше со голманот 1 на 1 овај зеде се дрибла со Чорлука и се разбира ја губи топката :eek:
И голојте шо ги примивме беа за нигде, за првиот гол мислам Шиков недоскокна добро, па топката стигна до Чорлука каде од 3-4 метра го совлада Богатинов, за вториот гол нема шо да коментирам... Ракитич од трибина гол му даде :pos: голманот плива, си мисли Фелпс е :) Овај Богатинов никогаш не ми се бендисвал како голман, никогаш !!! Незнам шо к*р го зеле во Украјна да брани во Карпати :facepalm: Го имаме златен Пачовски на клупа не го клава да брани, го пушта дрвото Богатинов, шо прими гол од северна трибина :D ТИКВАР, НИ ЗА ВО НОВАЦИ НЕ ТЕ БИВА ДА БРАНИШ !!!
До негде и судијата се дупеше, не свира игра со рака на 2 пати, имаше неколку фаули не досудени, а како шо се гледаше од трибина мислам дека имаше и пенал над Пандев во 2 полувреме (сега незнам на ТВ на снимките како се гледаше) Бевме оштетени од нивна страна, судеа во корист на Хрватите...
После 80мин нашите губат 2:1 и неќат да трчат, сите лазат по терен, неќеа ни да нападнат да земат топка...
Атмосферата беше на одлично ниво дури водевме, прекрасен амбиент 33 000 имаше сигурно ПРЕПОЛН беше стадионот, Комити најавија враќање на репрезентација, имаше една група на запад, ама ептен слабо навиваја, второ полувреме воопшто не навиваја 3-4 круга со рацете вртеа бранови низ целиот стадион кое изгледаше одлично (y) Секоја чест за дечките од Велес кој седеа најназад на Јужна тие навиваја второто полувреме (y)

За Хрватските навивачи беа околу 600-700 само непотребно беа упатени свирежи кон нив кога влегваја на стадион, со тоа докажваме каков народ сме, таму тие не пречекаја домаќински а ние возвраќаме со лошо, а после некој дури и пееја "усташки пи*ки, усташи-усташи" тие беа сигурно некој напалени СРБОМАНИ :eek:
Ако беа толкави големи мажи шо не му пееа надвор од стадионот во лице или се плашеа бумбари да не ги направат во фаците, во центарот на секој ќош ги имаше Хрватите, во секој кафич, имаше добра забава и со наши луѓе, заедно се фотографираја, пиеја, пееја, само тие на стадион шо викаја беа некој напалени !!!
Единствено незнам зошто од Хрватите беа упатени свирежи кон Самир кога влезе кај нив во игра....
 
За пријателска со Словенија се надевам Чеде ке проба нови иминиња

А исто би било добро ако изиграат уште две пријателски до другата година

Така да Чеде да добије подобра престава за потецијалот на другите

-------------------------------------------(Пачоски)

------------------------------------------К Наумовски

(С Ристовски)----------(ЗТаневски-Д Мојсов-Д Ивановски)------- ( Урадинов- Лазевски)

---Георгиевски-------------Грнчаров--------------Новески---------------Попов-------------

-----------------------------(Спиркоски- Стјепанович)

-------------------------Тасевски------------------Демири-----------------------------------

------------------------------(Бабунски – Ѓуровски)

(Ѓеоргиев)-----------------------Пандев-----------------------(Трајкоски-Тричкоски)

Ибраими---------------------------------------------------------------------Хасани

--------------(Адис Јахохович- Б Илјоовски –Наумоски-Ф Иваноски)

---------------------------------------Тричкоски

А да ја проба и ова формација

------------------------------------------(К Наумовски)

-------------------------------------------Пачоски

(С Ристовски)----------(ЗТаневски-Д Мојсов-Д Ивановски)------- ( Урадинов- Лазевски)

---Георгиевски-------------Грнчаров--------------Новески---------------Попов-------------

--------------------------------------(Спиркоски)

-----------------------------------------Демири-----------------------------------

---------------------------Бабунски-----------Ѓуровски-----------------------------------

(Ѓеоргиев)------------------------------------------------------- (Хасани-Тричкоски)

Ибраими---------------------------------------------------------------------Трајкоски-Пандев

---------------------(Адис Јахохович- Б Илјоовски –Наумоски-Ф Ивановски )

-----------------------------------------Пандев-Трајковски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom