Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
И јас како и другиве имам некое претлуство дека добар резултат ке извадиме.

П.С. Да не знае некој дали Тричковски и Попов ке играат?
 
И да изгубиме, нема да жалим ако видим дека некои работи се сменети, односно да видим како секој играч гине на терен и се бори за секоја топка, што не беше случај во последниве неколку години.
 
И да победиме или нерешено утре, треба со исти мотиви да влеземе и на другите натпревари. А не овде изненади со кинење бодови на фаворитот, онде киксни со Туркменистан.
 
чеде е добар со пристапот го крие составот мислам дека ке направи 1или 2 изненадуванја според мене ристик ке го игра корпулентен е центархалфови големи има хрватска високи мислам дека одбраната само ме плаши пошо брз е едуардо заебан е а новевски е ептен јак ама у мајнз коа игра за репрезентација е просечен шиков исто е онака е даниел георгиевски мозе некој да ми каже кај игра и дали е океј попов лево грми е сеа средината е најболно ама тасевски ке го игра сигурноо глигоров и мене ми е криво тој спирковски требаше да го остави ептен борбен играч и време е пандев да се здиви онака јако доброто е што е во форма и мислам дека утре ке им бапне бар 1 ххх
 
И да победиме или нерешено утре, треба со исти мотиви да влеземе и на другите натпревари. А не овде изненади со кинење бодови на фаворитот, онде киксни со Туркменистан.
за ова не мора воопшто да се секираш,ние сме Туркменистан во нашата група
 
за ова не мора воопшто да се секираш,ние сме Туркменистан во нашата група
Хаха знам, ама алудирав на бош репрезентација:-)
Значи континуитет да фатиме, тоа е најважно.
 
за ова не мора воопшто да се секираш,ние сме Туркменистан во нашата група

Во наша група Велс е послабо рангиран. И кога бевме 45ти на ранг листа во времето на Катанец да не беше нешто поразлично? Остајте рејтингот ако го гледаме рејтингот тогаш нема што да излегуваме на терен против 9то пласираната Хрватска.
 
Гледам сите очекувате бод или да победиме јас си стојам на зборот дека ништо не е сменето кај нас.. од ФФМ си замина еден Хари на негово место друг (како што кажаја некои : И после Хари повторно Хари) до некаде е точно ова ..ама ај да не расправам пак .. нов селектор имаме ок е тоа али кој кур се залетуваат репрезентативциве наши ... кога ќе излезат на терен повторно како муви без глави . Утре не очекувам да постигниме гол се видело од реализацијата наша .. место на пријателски да се форсира нападот ние одбрана форсиравме ... требаше да нападнеме со португалија да видиме колку ни е силата а не да се браниме на пријателска 90 минути поарно да изгубевме 5-1 или 6-0 на пријателска отколку пикнати в'шеснаесетник 90 мин .. утре 1-2 гола ќе си примиме и поштено ќе изгубиме ... а за селекторот нивни не би сакал да зборам сепак играчите се тие што играат а на хрватите и без селектор пушти ги ќе не победат .. сепак подруго ќе беше да им беше друг селектор на хрватите ќе ги сметав за веќе пласирани на Светско првенство вака ми останува дилема кој ќе биде прв дали Хрватска или Белгија .. Србите не се тоа што беа !
 
Очекувам прво полувреме да го дадеме максимумот и да им се држиме а може и да ги водиме,проблемот е послем 60 ке не напунат немаме кондиција,значи ке искочи X-1.
 
Очекувам прво полувреме да го дадеме максимумот и да им се држиме а може и да ги водиме,проблемот е послем 60 ке не напунат немаме кондиција,значи ке искочи X-1.
Ќе ја играм или 1С или да не дадеме гол цела утакмица :)
 
ќе има некој стрим да гледам на интернет? пошо на работа сум 2ра смена а нема телевизор...едино на интернет на мобилен да глеам ако има некаква шанса...
 
ќе има некој стрим да гледам на интернет? пошо на работа сум 2ра смена а нема телевизор...едино на интернет на мобилен да глеам ако има некаква шанса...
ако може да гледаш на мобилниот ќе ставиме некој стрим :)
 
ако може да гледаш на мобилниот ќе ставиме некој стрим :)
Па на youtube све ми отвара и галје нема...валјда ќе отвори и некој стрим...или па стрим од мтв 1 некој...шо било :D
 
Па на youtube све ми отвара и галје нема...валјда ќе отвори и некој стрим...или па стрим од мтв 1 некој...шо било :D
Пробај сега од hahasport.com види отвори дали ќе може некој стрим да гледаш :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom