Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да разјаснам само нешто, јас ги наведов овие фудбалери од странство како можности за напредок бидејќи се сите одлични играчи, многу подобри од оние што моментално ги имаме, но и самиот наведов ако се нафатат да играат! Јас не им облеков Македонски дрес, само ги споменав дека постојат и се додека не облечат дрес на друга сениорска репрезентација постојат шанси какви такви да заиграат за нас. Што треба ние да направиме? Да не ги забораваме, да ги споменуваме и гледаме како наши играчи бидејќи тоа може да донесе резултат, а не како досега се споменуваат некои "наши" кои исто немаат заиграно за нас а играат во далеку послаби лиги и тимови а овие ги забораваме, па како сакаме тие да играат за нас !
Искрено го пратам Фазли уште додека беше во Македонија Ѓорче Петров и уште тогаш видов дека момшето е преисфорсирано.Фазли може да игра највеќе во Првата Македонска Фудбалска лига. За во репрезентација ни во краен случај, нема завршница, спор е, слабо игра со глава, лош прием на топка, дриблинг никаков, само забележувам дека е доста цврст, ама тоа е премалку за еден репрезентативен напаѓач. А во Херенвен отиде само поради тоа што има добар менаџер и според фамата што ја кренаа медиумите дека демек Сампдориа го барала, па Херенвен наседнаа мислејќи дека е некој талент, Попов кажал свое мислење како тогаш најдобар играч во тимот, пратиле снимки со исочоци од неговите најдобри потези(не е битно против какви тимови), и Самир Фазли замина во Холандија.Репрезентативецот Фазли не игра за Херенвен ниту во Купот против нисколигаши
Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Самир Фазли, кој беше прв напаѓач на националниот тим на дуелот со Словачка, не играше за својот тим Херенвен ниту во холандскиот куп со нисколигашот Харкемасе бојс (6-1). На официјалнит веб сајт на Херенвен нема информација ниту дека Фазли е повреден, а досега во сезоната 2011/12 тој одиграл само пет натпревари и постигнал еден гол за резервниот тим на Херенвен.
Овие информации сериозно го доведуваат во прашање кредибилитетот за избор на репрезентативци во А-репрезентацијата на Македонија, од страна на селекторот Џон Тошак и неговиот асистент Бобан Бабунски, ако се очекува во нашата најдобра фудбалска селекција да играат најподготвените и најквалитетните фудбалери. Со оглед дека не настапува воопшто за првиот тим на Херенвен, Самир Фазли дефинитивно се уште не е кадар за А-селекцијата, иако се работи за млад и талентиран фудбалер. Тој е еден од носителите на играта во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, но се чини дека премногу брзо добива шанса во најдобриот сениорски состав, заедно со уште неколку фудбалери од младата селекција до 21 година.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1951
и сето то е џабе..пак испаднајаМакедонија u17 5-0 Сан Марино u17
Гол на Велковски од пенал, два гола од Аврамовски и два гола од Имери.