Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кога пандев ќе се врати од повредата?
 
4 - се одлучи за Австрија пред некое време ако не се лажам
15 - на времето сакаше да игра за Австралија колку што знам, денес со оглед на тоа дека игра позади 7 планини и мориња, нема шанси да доаѓа до тука за првенствени натпревари. Таков проблем имаат и оние што играат во Кореја.
18 - Најголемиот талент на Австралија, не знам како би го убедиле и што би му понудиле (фудбалски) да игра за нас.
19 - Ист случај со 15
20 - Не сака да игра за Македонија
21 - Не сака да игра за Македонија
30 - Нови швицарац со 3 настапи за Швицарска

Ние немаме што да им понудиме на играчиве, никој не сака да игра во аматерска селекција. Колку и да плукаме по дел од овие играчи, тие не се воопшто криви. Некои од нив имаат дедо Македонец, други татко, а воспитувани се и живеат цел живот во земји кои се далеку од Македонија. Секој сака да напредува, а Македонија не може тоа да им го понуди. Ист е случајот и со Албанија, тие можат да соберат многу квалитетни играчи но тешко дека некој ќе ја одбере вукојебинската репрезентација пред онаа со која ќе има можност да игра на планетарни првенства + што голем дел од нив не се ни чувствуваат како македонци / албанци.
15 Има еден настап на неофицијален натпревар за Австралија,што сеуште го прави отворен за нас, а самиот тој неодамна изјави дека би му било чест да игра за земјата каде што се родени неговите родители и каде живеат речиси сите негови роднини.
18 Би играл за нас доколку ги добиеме 15(кој му е добар пријател), 19, 20 и 21, со нив и со Пандев, Новески, Попов,Тричковски ќе имаме респектабилна репрезентација
4 Брани за нашата младинска репрезентација.
Касами не е исконтактиран а Игњовски размислува за кој да игра, доколку бидеме поупорни ќе ги добиеме и двајцата.
Едино 30 не е за на списокот веќе има не 3, туку 5 настапи за Швајцарија.
За останатите ни треба добри преговарачи, луѓе кои би им ветиле добар третман, шанса да тие станат херои бидејќи во други држави тие ќе бидат само епизодни играчи додека кај нас ќе прераснат во прави ѕвезди!
 
4... пред недела-две беше на клупата кај Австрија У-19.
Игњовски неколку пати ги има одбиено нашите.
 
4... пред недела-две беше на клупата кај Австрија У-19.
Игњовски неколку пати ги има одбиено нашите.
Да беше, но зошто? Игра за Болоња Примавера и е незаменлив, а нашиве за У-21 го земаат Гачевски кој рака на срце уопште не е лош, а не го ни повикуваат него, иако пред да дојде Бабунски веќе бранеше на три натпревари, и сега кој е крив?
Многу јасно луѓето од федерацијата, наместо да земаат таленти тие носат играчи кои си ги купуваат местата!
 
Да беше, но зошто? Игра за Болоња Примавера и е незаменлив, а нашиве за У-21 го земаат Гачевски кој рака на срце уопште не е лош, а не го ни повикуваат него, иако пред да дојде Бабунски веќе бранеше на три натпревари, и сега кој е крив?
Многу јасно луѓето од федерацијата, наместо да земаат таленти тие носат играчи кои си ги купуваат местата!
Пред да дојде Бабунски... Стојановиќ имал пет години :pos: Стојановиќ бранеше на три средби баш под „палка“ на Бабунски... но пред месец дена одлучи дека треба да ја избере Австрија пред Македонија. Во Македонија веројатно брзо ќе добиеше шанса да брани и за сениорите.
 
До сега имавме можност да видиме дека сите што играле во Кореја имаа проблем при играњето натпревари за нас, сигурно така ќе биде и понатаму... Дали на ФФМ не им се плаќаат толку скапи авионски карти не знам, но дека има проблем тоа е сигурно. Дилевски и Кантаровски играат во Австралија, а тоа ги прави проблемите уште поголеми. Спасе може да се убеди некако бидејќи е 25 години и веќе знае во која насока може да му се движи кариерата, а за Бенџамин малку потешко. 18 години, а ние фудбалски немаме што да му понудиме, тоа е проблемот!

Не знам што се случи со голманот на Работнички Кандикјан, имаше најави дека ќе игра за Ерменија.
 
Мислам дека кандакјан има настап за младите на ерменија.Не сум сигурен за ова така слушнав.Иначе не се лажете дека може Касами и Игњовски да дојдат.Касами 100 пати сум кажал дека е исконтактиран и дека не одбил,Игњовски сака да игра за Србија па ако тоа не му успее дури тогаш би заиграл за нас.Овие од Австралија не ги знам ама штом имаат квалитет да пробијат во Австралиска репрезентација,и да играат на секое Светско,зашто би патувале пола свет за да играат со камења,кој плаќаат за да стигнат тука или продаваат утакмици(давам пример,немам докази дека продале утакмица)
 
Кантаровски во интервју пред некоја година има изјавено... горд сум на моите корени, но би играл за Австралија затоа што таа ми го има пружено сево ова... Спасе Дилевски исто така мислам дека е контактиран ама заебавал нешто... а веќе не бил ни толку добар како порано. Кандикјан има брането за младинската на Ерменија, бил и капитен на истата, ама не сум сигурен дали тоа било на пријателски натпревар.
 
Ај пак да прашам.
Пандев до кога ќе биде повреден?
 
4... пред недела-две беше на клупата кај Австрија У-19.
Игњовски неколку пати ги има одбиено нашите.

Плус Игњовски играше за младинците на Србија против Македонија пред некоја недела...Категоричен е дека сака да игра за Србија.Ние треба да се насочиме да го земеме Вардарецот Ранѓеловиќ;)
 
Да разјаснам само нешто, јас ги наведов овие фудбалери од странство како можности за напредок бидејќи се сите одлични играчи, многу подобри од оние што моментално ги имаме, но и самиот наведов ако се нафатат да играат! Јас не им облеков Македонски дрес, само ги споменав дека постојат и се додека не облечат дрес на друга сениорска репрезентација постојат шанси какви такви да заиграат за нас. Што треба ние да направиме? Да не ги забораваме, да ги споменуваме и гледаме како наши играчи бидејќи тоа може да донесе резултат, а не како досега се споменуваат некои "наши" кои исто немаат заиграно за нас а играат во далеку послаби лиги и тимови а овие ги забораваме, па како сакаме тие да играат за нас !
 
Хм..овој игњовски не е српско презимево..От каде толку мерак за србија да игра?
 
Хм..овој игњовски не е српско презимево..От каде толку мерак за србија да игра?
Има потекло од Македонија, инаку мислам дека цел живот таму живее.
Нашиве го бараа, ама одби, па дебито за младинците на Србија го имаше токму во Скопје, пред две-три недели кога ремизиравме 1-1...
 
Хм..овој игњовски не е српско презимево..От каде толку мерак за србија да игра?
Татко му е Македонец од едно Велешко село и прави напори да го убеди да игра за нас, но за жал засега тешко му оди, бидејќи малиов е растен со срби во Панчево и Београд, а познат е нивниот хегемонизам.
Стариов Игновски го убедува малиот посочувајќи му ги примерите на другите Македонци кои имаат по еден-два настапа за Србија и подоцна биле заборавни како Ивица Илиев, Велко Пауновиќ,Милан Степанов,Влада Аврамов,Александар Давидов,...посочувајќи му дека и него ќе му се случи истото, ќе изигра еден квалификациски циклус и ќе биде заборавен, бидејќи на сцена ќе стапат некои чистокрвни Србинчиња!
--- надополнето: Oct 24, 2011 1:22 PM ---
Плус Игњовски играше за младинците на Србија против Македонија пред некоја недела...Категоричен е дека сака да игра за Србија.Ние треба да се насочиме да го земеме Вардарецот Ранѓеловиќ;)
Не дебитираше во Скопје, бидејќи тоа му беше веќе 12 настап за Србија У-21, додека претходно за Србија У-19 играше на Европското првенство за фудбалери од таа генерација и беше ако не најдобар еден од најдобрите фудбалери на Србија!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom