Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кога нивата ја орат Словаците.. ексклузивно на МТВ1 :D
 
Абе ке изгубеме ли?
Цел саат се мислам дали да ја ставам 2 на 200 денара сингл.
Наште се дрва ептен,но на Словаците не и треба победа нели? Па затоа ме копка.
 
Абе ке изгубеме ли?
Цел саат се мислам дали да ја ставам 2 на 200 денара сингл.
Наште се дрва ептен,но на Словаците не и треба победа нели? Па затоа ме копка.
Еииии па и ти за 200 денари се мислиш. Стај си 1000, чиста 2ка :)
Мој предлог, 2&3+.

Иначе онака мислење, x-2 и 3+ е утакмицава. Штета што немам ебан денар, иначе ќе ги искинев денеска.
 
Еииии па и ти за 200 денари се мислиш. Стај си 1000, чиста 2ка :)
Мој предлог, 2&3+.

Иначе онака мислење, x-2 и 3+ е утакмицава. Штета што немам ебан денар, иначе ќе ги искинев денеска.
скупе су паре :pos:
кога ке се знаат составите?
 
Абе ке изгубеме ли?
Цел саат се мислам дали да ја ставам 2 на 200 денара сингл.
Наште се дрва ептен,но на Словаците не и треба победа нели? Па затоа ме копка.

Не се мисли до толку многу ќе изгубиш/добиеш :D

Ја ги ставам сеа 2-23+ со 300
7.7 коефициент е топ :D
 
Утакмицата е во 19,40 иначе во живо на МТВ да гледаме,,фудбал,,. Со овој состав со Хари на чело, со играчи кој плакат на тренерот (читај Јонуз) за да играат, толку. Додека да се свестиме што ни се случува ке паднеме на ранк на Сан Марино, Андора, а Малта би била велесила за овие нашиве ,,ФУДБАЛЕРИ,,. Денес ке се потрудам да ја гледам, ако успеам да издржам до крај, но не очекувам ништо добро, освен ако не ја наместиле...Додека не се смени се од корен, фудбалери поранешни истакнати да седнат на кормилото на ФФМ, до тогаш ке се радуваме на некоја случајна победа и некое изненадувачко реми против посилните.
 
скупе су паре :pos:
кога ке се знаат составите?

http://www.uefa.com/uefaeuro2012/ma...n=1/match=2002233/matchcenterlight/index.html

еве ти ги составите...

ја мислам дека „ќе изненадиме“ вечерва...

а сакам да не декласираат, и оние 200 души у публика да имаат патлиџани и јајца понесено со себе...
 
Одамна не сум гледал некој добар хумор, еве шанса.

До пред 2-3 години (не дека ни беше којзнае што фудбалов ама поарен беше колку толку), пред секоја утакмица ми се тресеа и раце и нозе и едвај го чекав, за разлика од сега кога ама уопште не ме интересира кога и со кого играат. До толку го утепаа фудбалов, што направија на секој човек да му се згади од фудбал и од македонска репрезентација. А богами за тоа треба многу...
 
Истото сакав и јас да го кажам брат..

Иначе со Ерменија си ја фатив кец у кец, ќе видиме у вечерва дали ќе биде два у два.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom