П
Паспарту
Гостин
Добиле пари за да играат во Скопје
Македонски Спорт со нови детали за скандалозниот меч во вторникот. Самата организација на дуелот со Мали е сомнителна, а луѓе од Балканот им дале пари на тие што ја донеле срамната селекција во земјава
Колку пари и кој им дал на луѓето кои ја скроиле селекцијата на "Мали" која во вторникот загуби во Скопје!? Дуелот на селекциите до 21 година заврши со наша победа од 3:1, но остана отворено прашањето: Која беше смешната селекција која гостуваше во Македонија!?
"Македонски спорт" постојано е во лов на вистината и се повеќе се собираат докази кои водат до тоа дека целата оваа ујдурма е направена од со една цел. Да се добијат пари од обложувалниците.
Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=D4073C2135EB9F45AB2287021E0D75CE
Повеќе инфо имате во online изданието на Македонски Спорт...
Спортска Колумна: Успешна мисија во Корча
Успешна фудбалска мисија за нашата најдобара фудбалска селекција во Корча. Иако со скрпен тим имајќи на ум дека во составот недостигаа поголем број стандардни играчи одигравме без голови на пријателскиот дуел против Албанија. Од исходот од оваа контролка, одиграна во пријатен амбиент на преполниот симпатичен мал стадион наречен „Скендербег“, можеме и треба да бидеме задоволни.
Најголемата добивка секако е на играчки, индивидуалел план. Шансата што им ја укажа селекторот Мирсад Јонуз ја искористија неколкумина дебитанти, најмногу Бајрам Фетаи кој настапува за данскиот Нордсјиланд. Анонимусот за пошироката македонската фудбалска јавност на својот прв настап во црвено- жолтиот дрес (во Корча бевме комплетно жолти) покажа дека е одличен играч, со фантастична техника, со широк радиус на движење, сето тоа надополнето со голема борбеност. Фетаи импонираше со смиреноста и сигурноста во сите ситуации и се однесуваше како да го игра 50-от, а не премирениот репрезентативен натпревар. Тој може да игра на сите позиции во нападот- како шпиц, но исто така по левата и по десната страна од теренот- би требало да ја засили конкуренцијата во нападот и да биде идеално надолнување за Пандев, Наумоски и другите. Станува збор за играч од типот на Артим Шаќири (физички посупериорен), па и на Арјен Робен! Се надевам дека наскоро ќе имаме шанса да го видиме на дело во Македонија и сите да се увериме дека навистина станува збор за екстра напаѓач.
Кога сме веќе кај дебитантите може да се каже дека шансата ја искористи и Христијан Кировски. Тој имаше поголема пауза, пролетва не играше, но по есенските добри игри во дресот на прволигашот Скопје и постигнатите 6 гола доби прилика да покаже што знае и умее. Имаше неколку шанси и малку недостигаше да дебитира со гол токму против Албанија, исто како и на дебито во младата селекција (до 21 година) во Охрид пред 7 години во пријателска средба кога го постигна единствениот гол. Кировски средбата ја почна малку „здрвено“, но како што минуше времето беше се подобар и подобар. Како и да е, намерата на Јонуз да им даде шанса и на некои играчи, од инаку слабата мак- лига, како своевидна стимулација, во случајов со Кировски се покажа како добар потег.
Селекторот Јонуз на пресот по мечот не сакаше во детали да зборува за играта, само рече дека е задоволен од ангажирањето на повеќето репрезентативци, додавајќи оти многу повеќе ќе каже по прегледот на снимката и по средувањето на впечатоците. Но може да се претпостави дека некои од оние што беа во Корча ги потрошија кредитите и тешко дека ќе добијат нова шанса.
Даниел Мојсов на центархалфската позиција се најде во вториот дел, покрај искусниот Игор Митрески, потврди дека е голем потенцијал и покажа оти на него може сериозно да се смета. Мартин Богатинов на голот доби шанса во последните 10-на минути и имаше една фантастична одбрана во 90-та минута кога исфрли во корнер една „бомба“ што одеше во неговиот лев горен агол. Агрон Мемеди одигра 30-на минути, но со двајцата напаѓачи, Душан Савиќ и Баже Илијоски, беше меѓу понезабележителните играчи во нашиот тим. Дали токму тие паднаа „на испитот Корча“ ќе видиме пред следната репрезентативна акција.
Од стандардните репрезентативци пофалби заслужуваат Иван Тричковски кој „им испи мозок“ на одбранбените играчи на Албанија по левата страна. По десната истото го правеше Фетаи над кого уште во 4-та минута беше направен пенал што можеше да се виде дури од Скопје!. Но, судијата од Турција постапи „мангупски“. Не покажа на белата точка уште на стартот, веројатно да не ги „налути“ домашните и работата да ја истурка до крај како што треба. Та нели станува збор за пријателски дуел!
Во средината, во првиот дел, добро функционираа Ѓуровски (додека имаше сила) и Величе Шумуликоски кој одигра навистина капитенски како играч за врска задолжен повеќе за дефанзивни задачи. Никола Глигоров делуваше збунето на средината, но треба да се знае дека тој се најде во стартните 11 непосредно пред мечот по повредата на Дарко Тасевски. Кога сме кај позитивните работи, тука секако спаѓа играта на Ванче Шиков на централната одбранбена позиција покрај искусниот Митрески. Очигледно е дека Шиков многу подобро се снаоѓа на местото на кое настапува во својот клуб, отколку на десната бековска. Един Нурединовски на голот поворно беше на висината на задачата, Митрески одигра рутинирано, а во добра светлина се покажаа Владе Лазаревски и Александар Лазевски на бековските позиции, исто како и Александар Тодоровски.
Играта во целост, со две различни полувремиња, може да добие солидна оценка. Во првиот дел добро се браневме, не им дозволивме на Албанците посериозно да го загрозат нашиот гол- освен со неколкуте удари од далечина кои Нурединовски лесно ги скроти. Имавме и добра контрола на настаните на теренот, фраза што ја користат многумина стручњаци. Во нападот неколкупати опасно се заканивме, но за наша несреќа, гол не дадовме.
Штета е што не настапи Тасевски. Така пропадна идејата на Јонуз на дело да види како ќе функционира тројката Тасевски- Шумуликоски- Ѓуровски на средината на теренот, во фаза на одбрана, уште повеќе кога треба да напаѓаме. Факт е дека токму играта во средината е нашата најголема слабост и затоа тука се бараат најадекватни решенија. Јонуз нема на располагање многу квалитетни играчи кои можат подеднакво успешно да играат во двете насоки. Затоа размислува за некои нови дебитанти, такво нешто и најави за следните средби. Во младата селекција (до 21 година) имаме повеќе екстра талентирани играчи, токму на тие позиции- Илија Нестороски, Маријан Алтипармаковски, Горан Силјановски и други. Млади по години, но никогаш не е рано добар играч да добие шанса. Примери дека годините не се битни туку само квалитетот има безброј. Еден Меси од Барселона има едвај 20 и некоја, Ди Марија и Озил од Реал Мадрид по 20, 21 па играат како прекалени интернационалци!
За нашиот репрезентативен фудбал уште нешто, но од статистички агол. На денот на одигрување на натпреварот со Албанија беше објавена најновата ранг листа на ФИФА за октомври 2010-та. Се наоѓаме на 76-та позиција, 6 места подолу во споредба со претходната, за септември. Ваквиот епилог и загубата на 16 поени (сега имаме 439) е резултат на поразот од Русија дома во квалификациите за ЕУРО 2012 во Полска и Украина.
Статистиката на ФИФА кажува и дека Македонија е 5-та, претпоследна во групата Б во квалификациите за ЕУРО 2012, пред Андора. Русија е прва, потоа следува Словачка, Република Ирска и Ерменија. А, и тоа дека сме најслабо рангирани од сите репрезентации на Балканот!
Л.Д.
Превземено од: Фудбалска репрезентација на Македонија (facebook)
До кое "дереџе" дојдовме, нерешен резултат против банана-репрезентација како Албанија да го сметаме како успех...