- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 2.006
- Поени од реакции
- 9.646
Мене најсмешни ми се овие што бараат странски селектор, мислиш Шпанија сме па сега во ред чекаат светски тренери само да ги контактира Масар и одма да фатат лет и да потпишат за нас.
Серизозно кој квалитетен странски селектор што има повеќе понуди на маса мислите дека ќе се нафати да ја води Македонија?
Ако веќе носиме странец тоа ќе биде некоја испукана пушка како Младен Крстајиќ, Просинечки, Тумбаковиќ, Љубинко Друловиќ, Чачиќ, Саво Милошевиќ, Деки Станковиќ и останата дружина екс ју селектори, инаку познати љубители на добра чашка кои како по обичај ќе се испокараат со пола репрезентација, ќе доживеаат дебакли како овој од Велс, ќе лапнат паричка, ќе ги спакуваат куферите и ќе продолжат во нова авантура.
Евентуално може Миленко да ни донесе некој Аргентинец од неговите шеми што претходно ја водел втората женска екипа на Индепедиенте или младинците до 15 години на Естудиантес и да ни го претстават како новиот Скалони.
Мрме ако го вратат само ќе направат лажна слика пред луѓето и многу од нив ќе си помислат дека пак ќе играме на Европско.
Секако поради големите очекувања, подоцна ќе има уште поголемо разочарување.
Единствено полоша варијанта од се ова е носоњата од Големо Коњари, не ми се верува дека такво суштество воопшто се става во најтесен круг за нов селектор.
Негово назначување би значело спуштање на ниво на Сан Марино и Андора, а воедно и плукање во фаца на секој Македонец што дава поддршка на репрезентацијата.

Тренерски е уште млад и далеку зад оваа банда