Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Контролниот натпревар Саудиска Арабија vs Македонија ќе се одигра на стадионот на ФК Викторија во Прага. 1000046395.png
 
Во каква форма игра Бесарт Ибраими, мора да добие шанса на квалификациските натпревари со Велс и Белгија.
Нека не се заебаваат со Милан Ристовски и слични на него.
Единствен напаѓач ни е братот, кој е во топ форма, без оглед на годините.
 
Дури и смешно звучи колку е вистинито.
 
Поминато му е времето на Бесарт за во репрезентација. Ама Решат Рамадани уште сега може да конкурира за првотимски статус.
Дека изборот е многу голем и сме репрезентација што има фонд на играчи, па може да кажуваме на кој му е поминато времето на кој не :)
Сигурно ќе е покорисен од 90% напаѓачи што ги викаат во последните години.
 
Во моменталната форма ќе е покорисен. Ама секој селектор/тренер не прави само моментален избор, туку гледа и да гради тим/репрезентација и игра и на подолг период, а во такви планови не може да влезе скоро па 39-годишен Бесарт.
 
Инстант држава сме ние, сакаме успех преку ноќ и тоа е тоа, после забораваме на сѐ. Не го менува цел тим, повикува плус играч.
Што сменивме после европското првенство, каков напредок имаме, па селекторите да градат тим, ништо.
Зошто да не се повика за овие преостанати натпревари до крајот, па да се избори бараж ако ништо друго.
Ма да не знам ни самиот играч дали ќе прифати да игра..
Ова со Бесарт е пример само, немора да значи само за него, ако некој е во форма зошто да не се повика. Кога можеше да се викаат играчи без клубови и тренажен процес.
 
Што сменивме после европското првенство, каков напредок имаме, па селекторите да градат тим, ништо.
Како не сменивме? Цел концепт на игра и формација го смени Милевски во однос на Мрме. И колку и да бев против Боби, посебно поради подмолниот начин на кој се догура до селекторското место според мене, за што и сум се контрал на темава, сепак мора да му се признае дека со резултатите си го оправдува ангажманот до сега.
Големи импровизации не се можни затоа што моментално го имаме најлошиот избор на играчи во историја, за прв пат со пола репрезентација без минутажа во клубови и веројатно за прв пат каде што ниту еден единствен играч од последната У-21 генерација не е калибар за да биде повикан во А-тим. Станковски полека пропаѓа и во Раднички Крагуевац. Ете можда Рамадани да покажува некој потенцијал за во иднина.
Кога можеше да се викаат играчи без клубови и тренажен процес.
Ова на хартија делува ужасно и повторно и јас сум бил контра тоа, ама резултатите се главното мерило за работата, а за сега Милевски има коректни резултати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom