Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Судијата дебил дефинитивно да се работи за посилна репрезентација нема сигурно да покаже.
Е сега тоа на страна, 0 дисциплина кај нас, ете и Елмас промаши па друг му е крив и доби жолт за глупост.
Ама не играат у клубови изгледа и не ги знаат како да се понашаат на терен.
 
Барди со години е еден од подобри изведувачи на слободни у Европа, не знам како не можеме повеќе фаули да изнудиме на 20тина метри од гол.
 
Барди заслужи! Единствен со преодна оценка денес, каква голчина му стегна свака част!
Искина денес убедливо најдобар играч на секаде го имаше по терен прав мотор на екипата!
 
Камења се и Ерменците ама добро ќе ни дојдат овие три бода со оглед и дека игравме со играч помалку цело полувреме.
 
Таман сакав да пишам како Миовски не може да изведе некое вакво шутче као у Шкотска, и еве го. Колку само поголема желба и агилност има од коа влегоа Костадинов и Атанасов за разлика од прво полувреме. А Барди стварно, и коа не е у онаа стара форма за сите останати у репка е Меси. Нема збор.
 
Браво за второто полувреме и мислам дека ова е прв пат по црвен картон да добиеме утакмица! И да браво за измените во второ, дефинитивно имаше повеќе жар на терен и се гледаше дека сакаа да победат.
 
Клучни беа две работи, смената на Ќамили и Алими и мајсторијата на Барди... Милевски имаше среќа, мислам дека ако киксаше ке имаше огромен притисок по кој ке мораше или да си поднесе оставка или да го избркаат вака си ќари аргумент за да остане селектор и да лапа пари од менаџери...
 
Само заради пожртвуваноста на Барди заслужија да се обезбедат овие три бода, искина денеска, одигра како Сколс и Лампард заедно во најдобрите денови. :)
Стандардно ги плескаме на Ерменија, кога играат против нас, неможат со топка да се состават, очигледно воопшто не им лежиме.
Жалосно ќе беше црвениот картон да ни пресудеше да не победиме против овие накази. :)
Нека е честито победата и нека се множат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom