Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што игра во Тајланд, што реално гледано стварно е многу слаба лига, ама во секој случај немаме подобри опции од него за таа позиција така да мислам дека треба да се повика...

Но во исто време и сигурен сум дека ќе биде во составот на следната прозивка, сега не сакаше да додава многу играчи (самиот кажа дека нема простор за промени и само 2-3ца нови играчи ќе додаде) оти иначе ќе се промени целиот костур на тимот, а нема време нов тим да создава кога одма со нови квалификации почнува следниот месец, ама еве сега прво ги додаде Тасевски и Ристиќ, идниот месец ќе ги вклопи и Ѓуровски и Наумоски во тимот и така, неможе сите одеднаш....
 
Она што ми се допаѓа, е тоа што од рамковниот дел во тимот се земени играчи што стварно заслужуваат да играат.
--- надополнето: 27 август 2012 во 19:58 ---
Инаку прилично сум оптимистичен дека ќе бидеме подобри од претходниот циклус.
 
А треба да ни дадат да играме со 12 може тогаш ке победиме некој
--- надополнето: 27 август 2012 во 19:04 ---
Зашто пак шумахер леле еј у пм абе залтен тодорчев за таа позиција ццц
Тодорчев се повреди на првиот натпревар за Работнички сезонава и ке паузира цела есен.
 
Сори ако е прашано пред мене, зошто не е земен Урдинов?
 
Ѓуровски беше квалитетен уште пред да оди таму... само што е многу лошо кондициски спремен, не може да игра 90 минути. Сепак и јас мислам дека требаше да биде повикан.
Сори ако е прашано пред мене, зошто не е земен Урдинов?
Веројатно не сака да ризикува со млади играчи пред да се увери во нивниот квалитет, а реално Попов и Лазевски се поквалитетни од Урдинов.
 
Сори ако е прашано пред мене, зошто не е земен Урдинов?

Имаме веќе 2ца добри леви бекови. Некако најсилни станавме на таа позиција, за разлика од порано кога играше Петров. :facepalm:
 
ЃУРОВСКИ ГО ОДБИ АЛЕКС ФЕРГУСОН
Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува за Мутонг Јунјтед во Тајланд телефонски го откачи Алекс Фергусон.
http://off.net.mk/offside/fudbal/gjurovski-go-odbi-aleks-ferguson
--- надополнето: 28 август 2012 во 00:05 ---
Тимот е ист, како што очекував, освен само што ги викнал Тасевски, Ристиќ и Тородовски а не ги викнал подобрите од младите Ристоски и Урдинов. Па нема баш промена вака...
Најважното го заборави. Фазли не е повикан! :sneaky:
 
Па можда не му се доаѓа на Ѓуровски од Тајван, само да изигра утакмица за репрезентацијата. Реално далеку е. Да играше во Европа сигурно ќе беше повикан. Од друга страна и Величе игра во Кина, ама не пропушта прилика за да изигра за репрезентацијата.:cautious:
 
Хрвативе се нешто раштимани со Штимац:pos: сеа на клупа, добра прилика добро да се фати ритамот во групата. Ако ја фатат удолницата за 2 натпревара уште од старт потонавме...
 
Па можда не му се доаѓа на Ѓуровски од Тајван, само да изигра утакмица за репрезентацијата. Реално далеку е. Да играше во Европа сигурно ќе беше повикан. Од друга страна и Величе игра во Кина, ама не пропушта прилика за да изигра за репрезентацијата.:cautious:

Марио игра, додека Величе ваљда дреме на клупа па му мерак малце да поигра фудбал или пак си бара нов клуб. Кујзнае...
 
Богатинов​
Георгиевски - Новески - Мојсов - Попов​
Демири - Тасевски - Шумуликоски​
Пандев - Тричковски​
Ристиќ​
И одиме на Светско! (y)
 
Па можда не му се доаѓа на Ѓуровски од Тајван, само да изигра утакмица за репрезентацијата. Реално далеку е. Да играше во Европа сигурно ќе беше повикан. Од друга страна и Величе игра во Кина, ама не пропушта прилика за да изигра за репрезентацијата.:cautious:
Мислиш Тајланд;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom