Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали ова можеме да го направиме или ние сме народ само за пред компјутер.Додуша за славење први сме тука нема збор но кога треба да се преземат драстични мерки тогаш не нема никаде.Каде се навивачките групи да преземат нешто или тие не се платени за ова, нив задача им е да се р'чкаат со Албанците.Навистина ФФМ ја прелеа чашата, ова ако не помине казнето од наша страна нека владее Хари уште 100години.Еве како треба да постапиме со овие гробари на македонскиот фудбал.Сите знаеме каде беше Босна пред 5,6 год. каде се сега.Тие пред 2 дена играа со Бразил а ние?
Има многу такви со крстот на чело што веруваа/т дека Хари е светец бла бла бла па му даваат подршка на Хари и мислат дека тој работи за доброто на фудбалот.(да не именувам сега ќе отиде темата во погрешен правец)
Да се влијае врз Хари ? Па човеков на најбитните утакмици во свет седи до челните луѓе на фудбалот што по автоматизам би значело дека никој ништо не му може.За кривична ич не помислувај зошто за неполни 2 минути ќе стигне писмо од Фифа/Уефа во кое што ќе има закана дека политиката се меша во спортот и дека ќе не дисквалификуваат засекогаш..
Дури и да се смени Хари незнам кој е тој што ќе може да не извлече од моменталнава ситуација
Дали овој тип е навистина „случаен“ или, сепак имало дојава, никој со сигурност не може да тврди. Колку и да е мала уплатата, сепак терминот е сомнителен. Уплатата на ливчето е извршена само седум минути пред почетокот на мечот.![]()
Не знам колку е ова точно...сега ми го пратија по скајп..може е глупо ама чисто да го има тука.
Не преземам никаква одговорност за тоа дали е некоја заебанција ова, или е вистина.
Ова прв пат го слушам. Јас колку што знам само останатата криминална багра го поддржува, никој друг. Еднаш не сум чула добар збор за него, еднаш.
Демек има некоја разлика меѓу моменталната ситуација (која тежнее да трае и трае и трае...) и дисквалификување? Па утепани сме, утепани...не мора да не дисквалификуваат, и онака сега постоиме само заради подобра гол разлика или попунување на место. Ќе треба да измислат фиктивни држави што не постојат само за да не бидеме последни, како што е тимот од Мадагаскар (цртанот, што беше спомнат неколку страни претходно).
А што бе кривична да не се помисли? Па не е криминалец? Ќе се најдат цврсти докази за местенки или перење пари и како тоа ќе кажат дека политиката се меша во спортот? Од кога тоа ПРАВОТО не смее да се меша во спортот? Само затоа што е претседател на ФФМ му дава право да пере пари и да се понаша као шериф? Ако и после приложени докази ФИФА/УЕФА дадат таква смешна причина, треба да идат да се убијат.
Прво нека се смени, па после ќе идеме чекор по чекор, додека е Хари, секогаш кога ќе кажеме дека не може полошо, тој ќе не разубедува дека може. Заради него сме потсмев за цел свет, заебанција која им овозможува на другите да имаат историски победи. Кога ќе се сменат тие штеточини, тогаш фудбалот ќе се врати од хибернизација, па потоа полека, полека ќе се рехабилитира. Тоа не е процес од година дена, ама што порано се почне, порано ќе заврши и рехабилитацијата и ќе можеме и навистина да играме соодветно и да можеме да кажеме дека имаме фудбалска репрезентација.
Ако некој прави нешто за мафијата да се тргне од ФФМ тоа се навивачите.Каде се навивачките групи да преземат нешто или тие не се платени за ова, нив задача им е да се р'чкаат со Албанците
Каде се навивачките групи да преземат нешто или тие не се платени за ова, нив задача им е да се р'чкаат со Албанците
И не само ова, треба да се прекинуваат натпревари и онака немаме никаква лига која вештачки се одржува колку да се рече дека постои.Зарем толку е тешко да го направиме тоа што го направија босанските навивачи?Ја мислим дека на првото коло од пролетниот дел на Прва и Втора лига, сите навивачки групи кои се активни треба да извадат по една парола против ФФМ. Тоа нека биде почеток, па може и ќе ни дојде памет да се обединимо конечно барем за едно нешто, зошто ова треба да не засега сите, не само еден дел.
Тоа не доаѓа у обзир. Прекин на натпревар = кривични за свите нас, парична казна за клубот, евентуално одземање на бодови на клубот, утакмици без публика итн. Ни малку паметен потег, само ќе си наштетимо и на нас самите а и на клубојте за кој навијамо.И не само ова, треба да се прекинуваат натпревари и онака немаме никаква лига која вештачки се одржува колку да се рече дека постои.Зарем толку е тешко да го направиме тоа што го направија босанските навивачи?