Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
ФУДБАЛ МАKЕДОНСKИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОЈАСНУВА ЗОШТО НЕ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА СОИГРАЧИТЕ
Попов: Тошак ми рече да не доаѓам во Луксембург
68FEBFCDD7FEE44A95E15A8D1870BE68.jpg
Еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Попов, за клупската веб-страница на украинскиот Динамо Kиев истакна дека не ~ се приклучи на репрезентацијата за пријателскиот натпревар во Луксембург, што се одигра синоќа, затоа што селекторот Џон Тошак му рекол дека нема потреба да доаѓа. Левиот репрезентативен бек до вчера беше на подготовки со Динамо Kиев во Израел. Тој се најде на списокот кај македонскиот селектор Тошак за контролната средба со Луксембург, но во меѓувреме се соочил со ризик од повторно обновување на повредата на коленото и се пријави дека не е подготвен за настап во црвено-жолтиот дрес.

На прашањето зошто не е со својот национален тим кога веќе не може да игра за својот клуб на зимските подготвителни натпревари, конкретно на вчерашниот меч против Макаби Хаифа, Попов одговара дека повредата е од специфичен карактер. Неговиот соиграч од Динамо Kиев, Бадр ел Kадури, заминал да ~ даде поддршка на селекцијата на Мароко, иако бил повреден.

- Знам дека практиката вели дека секој повикан фудбалер во националниот тим кога е повреден мора да се појави на самото место на собирот и да се сретне со лекарот на репрезентацијата. Но за мене секој ден е важен. Македонија е во Луксембург, а таму треба да се лета со линија од Израел преку Виена. Потоа од Луксембург треба да се снаоѓам до Kиев бидејќи во меѓувреме мојот клуб ќе се врати дома, а патот не е премногу блиску. Сето ова не придонесува во моето брзо закрепнување. Морав да се јавам кај селекторот на репрезентацијата, Џон Тошак, и да му ја објаснам ситуацијата. Му благодарам за неговото разбирање. Тој ми рече да останам во Динамо бидејќи така ќе се забрза процесот на закрепнување од повредата – појаснува Попов.

Пред да замине на репрезентативната обврска, на еден од тренинзите му се јавил оток на коленото, а клупските лекари го советувале да мирува. Попов нема настап за репрезентацијата од дуелот со Ерменија на 7 октомври, а последен пат на официјален меч играше против Шахтер на 26 октомври кога доби повреда на коленото. За Македонија требаше да игра на пријателски натпревар со Албанија, на 15 ноември минатата година во Прилеп, но и тогаш поради повреда беше ослободен од обврските заедно со Николче Новески, Горан Пандев и Иван Тричковски. За разлика од сега, тогаш мораа да се јават на повикот пред здравствената комисија за да се провери повредата, по што замина на операција во Италија и с` уште се рехабилитира.
 
1. дека сме се БРАНЕЛЕ :confused: против аматери, сме чувале нерешен (ВАТ А ФАК???) резултат и шо е уште потрагично не сме се одбраниле :facepalm: и
2. дека натпреварот е наместен.
е сега... пошто не сакам да верувам во то под 2, се враќам на то под 1!!!
То под 2, натпреварот е наместен, некоја пара ќе падне за фудбалерите, ќе одглумат пред медиумите и пак ништо. Кај некоја сериозна репрезентација па и фудбалски тим, при ваков резултат, главниот на федерација т.е на клубот уште после натпреварот на прес конференцијата, го отпушта тренерот, без никакви поставени прашања . До петок ФФМ ќе пушти соопштение како ова е срам за мак фудбалот и слично, т.е додека го најдат и средат истото соопштение како и за Андора.
 
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4D8965362FCBF04FB35AB03D125B9792

Своето разочарување по синоќешниот пораз од Луксембург, покрај селекторот Џон Тошак, не го криеше и капитенот Горан Пандев.

- Селекторот Тошак направи се во овие неколку дена да не мотивира, да ни ја наметнe замислената тактика но од тоа ништо не профункционира на теренот. Мислам дека е време овојпат одговорноста да ја превземеме ние играчите. Треба да седнеме, да се погледнеме во очи и да разјасниме сите заедно што значи да се игра за националните бои, изјави Пандев за веб страницата на ФФМ.

Македонскиот капитен вината за слабите резултати ја префрли на репрезентативците.

- Селектори за време на играњето на оваа генерација се сменија многу, а ние сме истите. Значи кај нас нешто не е во ред. И јас како капитен сум подготвен да превземам дел од одговорноста. Знам дека притисокот од јавноста ќе биде голем во наредните денови, но ние како професионалци сме навикнати на тоа бидејќи и поразите се дел од фудбалот иако место за оправдување има се помалку. Очекувам сите играчи да ги прифатат добронамерните критики и да превземат одговорност за овој срамен резултат и во иднина чесно да го испотиме дресот кој е привилегија и за кој сонуваат многу фудбалери во Македонија, во спротивно да им го отстапиме местото на помладите и поамбициозните, рече Пандев по пријателскиот натпревар со Луксембург на кој Македонија загуби со 2:1.
 
More daj nie da vidime koeficient u kladilnica koj bil! Batali ti ova tesko i sram im bilo.
 
Ако сакате бојкот ич не ги еб*те, како да не постојат, гледам некој па уште и се нервира за нив.:facepalm:
 
Сликава ја гледам едно 5 минути и се прскам од смеење...ама одеднаш застанувам и се сеќавам на зборовите на НАЈДОБРИОТ селектор досега кај нас : Са овим условима и играчима ТО ЈЕ ТО !!!
mak-luks-1-1-ST.png
 
http://sport.com.mk/?ItemID=EE911D42B287564EB38C20191538A9F8

Леле, леле, леле... Луксембург!
Каква федерација таква репрезентација. Поразени сме од аматерска селекција која е на 133. место на ФИФА листата. Секоја чест за сите кои беа таму. Ова е врв на сите глупости во македонскиот фудбал
Голем пораз за репрезентацијата на Македонија на пријателскиот меч со Луксембург. Домаќинот славеше со 2:1 во меч со пресврт и во меч за кој обложувачите знаат да кажат "два у кец" или 30 коефициент. Секоја чест за нашите фудбалери кои уште еднаш ни приредија срам од светки размери за комплетниот фудбал и спорт во оваа држава. Големите репрезентативци и "играчишта" кои вредат "милиони" паднаа на колена во битката со аматерите од Луксембург. На колена се момците на големиот и многу фалениот Џон Тошак.

Тошак грми: Како не ви е срам...!!!По натпреварот Џон Тошак го слушнал цел "Луксембург" како вика во соблекувалната по неговите херои. Како што дознавме селекторот кој "сам" го направи овој избор на фудбалери им "се пуштил" на фудбалерите со зборовите:
"Што ви е вам? Пораз од Луксембург!? Како не ви е срам. Што барам ја тука...!?"

е тошак, тошак... :pos:

1 болд... сега знајш како ни е нас во изминативе 20 години... :tapp:
2 болд... е то допрва ќе откриеш... прашај го бабунски... :confused:
 
На следната Фифа ранг листа за месец Февруари рачунајте не дека сме паднале 10 места ... 115 а ?? Наздравје нека ни е :eek: ...
 
Дечки со бојкот ништо не праиме. Треба да го наполниме цел стадион следниот натпревар ама да ги пцуеме и свириме и плукаме цели 90 минути СИТЕ вклучувајќи ги и сите фудбалери пошто утакмица не се мести само од Хари. И не само следната треба неколку утакмици по ред, да ги здоболи малце и да видат како се чуствуваме ние.

Иначе голот сме го примиле по "контра" кога назад останал само 1 од нашите играчи а другите "не успеале" да стигнат на време и Луксмебург искочил у контра 3 спрема 1.

ТО Е ТО - Сречко врати се!!!
 
Дечки со бојкот ништо не праиме. Треба да го наполниме цел стадион следниот натпревар ама да ги пцуеме и свириме и плукаме цели 90 минути СИТЕ вклучувајќи ги и сите фудбалери пошто утакмица не се мести само од Хари. И не само следната треба неколку утакмици по ред, да ги здоболи малце и да видат како се чуствуваме ние.

!!

Ни тоа не е баш најдобра идеја. Ќе отидат сите, ќе пцујат, ќе урлаат, ама пак Харалампие ќе си ги собере парите од продадените карти. И шо? Нишоооо...

Како и да се врти човек, задникот пак му е позади.
 
Лелее Луксембург да ти искочи во контра 3 на 1 и тоа во последна минута :place::facepalm:
 
Ни тоа не е баш најдобра идеја. Ќе отидат сите, ќе пцујат, ќе урлаат, ама пак Харалампие ќе си ги собере парите од продадените карти. И шо? Нишоооо...

Како и да се врти човек, задникот пак му е позади.

Хари може ќе ги собере парите ама фудбалерите ќе ги здоболи и ќе молат ко последните 15тина минути со Ерменија кога Илчо се вртеше накај трибина и молеше да не свириме и пцуеме. Па да видиме дали ќе сака пак да дојде да игра курташак следниот натпревар кога го чекаат пак свирежи од 20тина илјади.
А кога ќе ми текне дека тука некои го осудија тоа.... ма све тоа треба да се убие.
 
Еве ги изјавите, на Пандев и на Тошак. Срамотилаци, мене искрено би ми било срам да се појавам по натпревар и да дадам изјава, а највеќе се гадам поради тоа што знам дека изјавиве се ради - реда дадени.

Автобусот исто така со неколку јајца да е погоден и ко што вика Топче, одма ќе видите како ќе почнат да играат.
 
Хари може ќе ги собере парите ама фудбалерите ќе ги здоболи и ќе молат ко последните 15тина минути со Ерменија кога Илчо се вртеше накај трибина и молеше да не свириме и пцуеме. Па да видиме дали ќе сака пак да дојде да игра курташак следниот натпревар кога го чекаат пак свирежи од 20тина илјади.
А кога ќе ми текне дека тука некои го осудија тоа.... ма све тоа треба да се убие.

Шо бе да ги здоболи... :) Освен ретки исклучоци, таму никој не се замара. Да се замараа, зарем ќе тонеше македонската репрезентација со брзина на светлината? Демек им е гајле, а и они си лапаат пари и се појавуваат на терен чисто онака формално....

И не знам зашо сите на Тошак сте му се фрлиле уште од вчера. Не е до него...

Селекторот секогаш во нормални држави носи дел од вината, тоа да, ама во нашиот случај многу други фактори се многу порелевантни.

Кога беше Катанец истиот муабет беше, демек ова било-она било.

Не е селекторот магионичар, посебно не во Македонија. Додека не се реши и протера криминалната структура во ФФМ, ќе тонеме во жив песок.

Тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom