Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Добар список. Ѓорѓев пак е повикан. (y)

Што е само со Костадинов, нема подобар од него за таа позиција? И кај е Ракип што го "повикале"? Или пак се мести самиот.
 
Најпроблематично ќе биде во средината. Претпоставувам ќе игра 4-2-3-1, со тоа што тие 2-3 во средина ќе бидат тешки да се состават. Веројатно Барди и Спировски како дефанзивни везни (и онака нема други опции, само Костадинов е на клупа), а во офанзивниот везен дел Елмас централно, Чурлинов и Трајковски на крилата. Со тоа што Трајковски е целосно пропаднат а Чурлинов уште е млад, но многу опции немаме. Резерви на клупа за овој дел се Аврамовски, Ѓорѓев и Ашковски (првиве двајца сезонава не се веќе стандардни стартери за своите клубови). Освен ако се реши Алиоски да го игра како крило, а Ашковски или Тодороски да стартува како лев бек. Врти сучи како и да се одлучи, во средина ќе бидеме ослабени во споредба со претходните натпревари.
 
Зошто Стојановски го нема?
Автоматски споено мислење:

Зајков пак...:facepalm:
 
Зошто Стојановски го нема?
Автоматски споено мислење:

Зајков пак...:facepalm:
Зашто прават завери против твојот презимењак :D

Ел хефе вика дека не го зел зашто не бил во форма.
 
Мхитарјан им се враќа, што не е баш нај нај. Од друга страна па нема да игра Басегјан и уште два-тројца стандардни поради жолти картони.
 
Јани Атанасов со дополнителен повик место Адеми кој откажал поради повреда.

Многу тенки ке сме во средина. Николов ковид, Адеми повреден... По мене пак ке се оди со некоја варијанта 5-3-2... Имаме сега напаѓачи кој се во ритам но средина шкрипиме... Добро ке легнеше сега Ракип. Што бидна со него?
 
А што бидна со забраната од Ла Лига за играчитр да не одат во земји од црвена зона? Можно ли е да не го пуштат Барди?
 
Мора овој Ракип да го земаат, секако ако се има можност.
Прво не одби дечково, очекуваше да игра за Шведска ама ништо, потоа се нудеше за да игра на ЕП за нас, па ние го одбивме.
Сега и тој ама и ние сме во не баш завидна положба и е време за примирје. :D
 
Мора овој Ракип да го земаат, секако ако се има можност.
Прво не одби дечково, очекуваше да игра за Шведска ама ништо, потоа се нудеше за да игра на ЕП за нас, па ние го одбивме.
Сега и тој ама и ние сме во не баш завидна положба и е време за примирје. :D
Срамота ќе беше да го земеме баш пред европско после неговото прво одбивање.
Е сега, ако сака толку да игра за Македонија бујрум. Нека добие шанса :D
Сега сме квит :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom