^ За Интер играл убаво ... гуд уан
Пишав кога играа со Ерменија, основно фудбалско познавање треба да се има за да се знае дека Пандев се шлепа уз квалитет, нит бил лидер нит е лидер нит ке биде лидер на една екипа или репрезентација, али медиумскиот простор кој се одвојува за него си го прави своето.
Од друга страна добро што го спомна Новевски, со Ерменија да имаше леш од мртов човек во одбрана мислам дека ке изиграше подобро од Новевски, позади мене знам еден искоментира како е изводливо ваков човек да биде капитен на екипа од германско првенство.
Нејсе и тоа, максимумот на Пандев е тој, таков играч е, зависен е од квалитет околу него, не е класика играч кој ја прави разликата на теренот ( еднаш во 10 меча се дешава тоа ), поголемиов дел од јавноста е разочарана од неговите игри, ја па ич, очекувана беше таа слика, поготово сега кога Јонуз е селектор.
Всушност, самото тоа што Пандев е може и најдобриот во оваа репрезентација ( и тоа убедливо, клучен момент у муабетов ) и фактот што 80% од јавноста го гледа за лидер во оваа екипа ( нема потреба да се објаснува дополнително значењето на тој префикс '' лидер '' во фудбалот ) доволно говори каков нацинален тим има земјава, иако, уз класа тренер кој е способен да го извади целиот максимум од групата играчи со која располага, кој може да адаптира тактички систем и игра аналогно на таа група играчи ( ко што тоа го направи Рехагел со Грција ), во оваа група може да се догура до второто место.