Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Првенствово на У21 ќе го даваат на Нова тв.

Зар толку не можеше некоја саглам телевизија да го дава? :(
 
Изгледа целиот турнир ке биде директно преносен или не?

Супер + ке има некоја емисија пред утакмиците.
 
И на Бојо АБ канал пренесуваше У21 во Шведска 2009, па после некое време ја затвори.:icon_mrgr:

Ма да мислам дека добро ќе го реализираат првенството.
 
Кој ќе коментира, Бране Калчо или на Драганче од мтв жената му? :D
 
Кој ќе коментира, Бране Калчо или на Драганче од мтв жената му? :D

Зависи колку натпревари од групна фаза ќе се пренесуваат, ама веројатно ќе коментираат и Бранче и Катаринче. Нека коментираат како тандем, како оние двајцата Бундес лига што коментираат на Евроспорт.

Бране пред 2 недели се фалеше на неговиот профил на фејсбук, дека наскоро како во стари добри времиња ќе коментирал фудбалски преноси, и народ се попали, сите пишуваа коментари дали ќе имало преноси од Сериа А на Нова тв.
Испадна се дигна многу врева за ништо.
Пренесување на натпреварување каде игра репрезентација на Македонија по дифолт се подразбира дека треба да пренесува некоја тв.

Но многумина, ова што Нова тв ќе пренесува го доживуваат како сензација.
 
Дали има организирано одење од Македонија за Полска од некоја агрнција или слично? Добро би било ако има, би имало и заинтересирани

Sent from my SM-J500H using Tapatalk
 
УЕФА вели „ДА“ за Струмица

Неофицијално дознаваме дека има договор, квалификацискиот меч меѓу Македонија и Албанија, на 5 септември, да се игра во Струмица

Она што „Македонски спорт“ уште пред година и повеќе го најави, дека квалификацискиот меч меѓу Македонија и Албанија ќе се игра во Струмица а не во Скопје или некој друг град на пример, полека но сигурно се остварува. Нашите информации велат дека има договор овој меч, кој треба да се игра во рамките од 8. коло во Групата „Г“ за СП во Русија 2018 година, ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица. УЕФА не само што била запознаена со оваа намера на Фудбалската Федерација на Македонија, туку и дека првично дала одобрување.
Значи УЕФА вели „ДА“ за Струмица, за мечот на 5 септември оваа година.
 
Има гласини дека ќе се постават уште две (монтажни) трибини зад головите.
 
Не ни сумњам дека ќе се наполни цел 7-8000 нз точно колку е капацитетот , за разлика од Ск каде у просек има по 400-500 гледачи. Заслужува Струмица ваков натпревар :)
 
Не ми е јасно зошто утакмицата да се игра во Струмица?
Која е оваа дискриминација према албанските граѓани во Република Македонија?
Па и да го наполнат стадионот зошто тоа на нас граџаните на Македонија би ни сметало?
Има толеранција меѓу нас, се почитуваме, не ни сметаат нивните знамиња, ние сме едно опшество.

Илчо, пичко, не се бламирај нека се игра во Скопје утакмицата.
Нема никаков основ да се игра на тоа нивата со две трибини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom