Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Еден релевантен показател за успешност за мене е конкуренцијата од странските берзи. Сега е отворено и секој можи да си го пресели капиталот да работи на странските берзи каде има подинамични прегледи, потранспаретни показатели, пофункционални веб страни,..... Ако продолжат со старите практики (пр.наплата на етрејдер,...) капиталот ќе се сели и ликвидноста на акциите ќе паѓа. Но не е само инвестирање во транспарентност и алатки. Друго, заштитата на малите акционери, а гледаме во минатиов месец по медиуми има неколку спорови. Трето е бројот на компании кои котираат, при што не гледам нешто да прават што би ги поттикнало и други компании да сакаат да котираат, нови емисии на хартии од нови или постоечки компании. Ова е важно со цел промовирање на ИПО како нов извор на средства што ќе ја подигне корпоративната култура ако сакаат свеж капитал. Со поставувањето на пократки рокови, и други предуслови мислам дека допрва ќе се намалува бројот на компании кои котираат на берза. Така што имаат доста работа пред нив. Но додека не дојдат нови луѓе со свежи идеи тешко.
Посебно ќе биде весело со тие што „инвестираа“ во станови на кредит со 4-5% камата, а веќе за година-две може да отиде накај 10% па платите да не им стигнат ни за рата. Не постои економско перпетуум мобиле, само да се печатат и впумпуваат пари, а од тоа да нема негативни последици
Зошто, се прашувам, УНИ не тргне со делење двд па макар и 3% ? Тоа би ја подбутнало цената многу погоре, бидејќи ко што анализирав има уште доста простор за позитивна корекција.
Како да одиме кога немаме акции у УНИ? Ти треба да ни кажеш тоаИма најава. Штета што форумџите не одат по Собранија на Акционери да слушнат изворно од раководството на компаниите за нивните планови, па се пропуштаат добри можности... Поради тоа имаше и наглиот раст на цената на акцијата после Собранието.
Има денес и блокче по 22620. Оваа недела второ блокче од 1000 ком.mashala TNB ne se zaebava![]()
Па купиКако да одиме кога немаме акции у УНИ? Ти треба да ни кажеш тоа![]()
Зошто, се прашувам, УНИ не тргне со делење двд па макар и 3% ? Тоа би ја подбутнало цената многу погоре, бидејќи ко што анализирав има уште доста простор за позитивна корекција.
Веќе е излезен планот за спојување како ќе ги конвертираат акциите и сл. не верувам дека ќе одат со две правни лица, трошоците многу се намалуваат, можеби ќе го задржат брендот оти Охридска банка е далеку попозната од Шпаркасе, нешто слично како бензинскиве што се, ставиле лого на Окта, на Шел и сл.Се извинувам доколку прашувам оф-топик, но не ми текнува на посоодветна тема на форумов, доколку истата постои, слободно нека го преместат администраторите/модераторите коментаров во таа соодветна тема.
Денес ми пристигна известување од Охридска Банка за да ме информираат дека најдоцна до крајот на јули 2021 ќе ми биде сменет бројот на трансакциската сметка како резултат на припојувањето на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка.
https://ohridskabanka.mk/konvertor-na-smetki.nspx
Сосема случајно, на семафорите кај Автокоманда каде што е при крај изградбата на нова станбена зграда, денес поставија нова табла со логото на Охридска Банка, што говори дека таму ќе отвораат нова експозитура.
Малку ми е нејасно, водејќи се според општо познатата деловна традиција, кога една компанија се припојува кон друга, таа која се припојува вообичаено престанува да постои, а нејзиниот имот и ресурси преминуваат во сопственост на компанијата кон која се припојува.
Секако дека постојат исклучоци, Кјуби го продаде поголемиот сопственички удел во нивната осигурителна филијала во Македонија на Винер од Австрија, но бидејќи Кјуби и понатаму има мал сопственички удел во осигурителната филијала, денес постојат Винер Осигурување и Осигурување Македонија како две различни компании со исти сопственици, можеби ситуацијата би била иста и со Охридска Банка.
Ако Охридска Банка престане да постои во блиска иднина, зошто би отворале нова експозитура ?
Јас колку што знам Охридска ќе престане да постои како посебен правен субјект, и се ќе биде Шпаркасе. Новата експозитура ќе биде Шпаркасе, а можеби логото од Охридска ќе го остават како знак на препознавање, кој знае...Веќе е излезен планот за спојување како ќе ги конвертираат акциите и сл. не верувам дека ќе одат со две правни лица, трошоците многу се намалуваат, можеби ќе го задржат брендот оти Охридска банка е далеку попозната од Шпаркасе, нешто слично како бензинскиве што се, ставиле лого на Окта, на Шел и сл.