Македонска берза

Член од
1 февруари 2016
Мислења
289
Поени од реакции
233
Зошто, се прашувам, УНИ не тргне со делење двд па макар и 3% ? Тоа би ја подбутнало цената многу погоре, бидејќи ко што анализирав има уште доста простор за позитивна корекција.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Еден релевантен показател за успешност за мене е конкуренцијата од странските берзи. Сега е отворено и секој можи да си го пресели капиталот да работи на странските берзи каде има подинамични прегледи, потранспаретни показатели, пофункционални веб страни,..... Ако продолжат со старите практики (пр.наплата на етрејдер,...) капиталот ќе се сели и ликвидноста на акциите ќе паѓа. Но не е само инвестирање во транспарентност и алатки. Друго, заштитата на малите акционери, а гледаме во минатиов месец по медиуми има неколку спорови. Трето е бројот на компании кои котираат, при што не гледам нешто да прават што би ги поттикнало и други компании да сакаат да котираат, нови емисии на хартии од нови или постоечки компании. Ова е важно со цел промовирање на ИПО како нов извор на средства што ќе ја подигне корпоративната култура ако сакаат свеж капитал. Со поставувањето на пократки рокови, и други предуслови мислам дека допрва ќе се намалува бројот на компании кои котираат на берза. Така што имаат доста работа пред нив. Но додека не дојдат нови луѓе со свежи идеи тешко.
Нормално, на берза кајшто не постои елементарна поврзаност со депозитар и банки за оставање налози, они промовираат ноторни глупости од тип Фандрбим или Регионална берза. Иронично, повеќе би заработиле провизии од големите „трејдери“ што бркаат понекој процент доколку воведат самостојно ставање налози какошто заработуваат кладилниците од обложување у живо.

Сиво магаре да се растрчаше година дена, гарант ќе убедеше барем пет газди да котираат. Ме чуди само како повторно некој ајДивелоп не котира доброволно пошо атмосферата е совршена да се склопи некаква прикаска, да се соберат пари од наивни акционери и да се здувне!

Дефинитивно директорот е најголемиот потенцијал на фирмата - доколку моментално се избрка од работа!
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Посебно ќе биде весело со тие што „инвестираа“ во станови на кредит со 4-5% камата, а веќе за година-две може да отиде накај 10% па платите да не им стигнат ни за рата. Не постои економско перпетуум мобиле, само да се печатат и впумпуваат пари, а од тоа да нема негативни последици
Ако евентуално се зголеми каматата, што ќе значи за цената на становите? :)
Со оглед на огромниот пораст на цените на градежните материјали, може и нема да е лоша инвестицијата во станови.
Гледам некои инвеститори имат објавено холд на продажбите на зградите кои се во изградба со најави за корекција на цените
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Зошто, се прашувам, УНИ не тргне со делење двд па макар и 3% ? Тоа би ја подбутнало цената многу погоре, бидејќи ко што анализирав има уште доста простор за позитивна корекција.
Има најава. Штета што форумџите не одат по Собранија на Акционери да слушнат изворно од раководството на компаниите за нивните планови, па се пропуштаат добри можности... Поради тоа имаше и наглиот раст на цената на акцијата после Собранието.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277

Како да одиме кога немаме акции у УНИ? Ти треба да ни кажеш тоа :)
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Наназад читав низ форумот и го начекав овој серијал од 8 дела за аферата „банки“.
Еве го 8миот и последен објавен дел по што нема ништо објавено.
Знае некој како заврши овој случај и дали воопшто има резрешница?
 
Член од
26 март 2021
Мислења
68
Поени од реакции
102
Како што наслушнав, деновиве се продал ФОН на инвеститори од Турција... И тоа за сума близу 10 М€. Зградата на ФОН колку што паметам беше заглавена под хипотека во ТНБ. Можеби ова е причината за блоковите и растот на акцијата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.376
Се извинувам доколку прашувам оф-топик, но не ми текнува на посоодветна тема на форумов, доколку истата постои, слободно нека го преместат администраторите/модераторите коментаров во таа соодветна тема.

Денес ми пристигна известување од Охридска Банка за да ме информираат дека најдоцна до крајот на јули 2021 ќе ми биде сменет бројот на трансакциската сметка како резултат на припојувањето на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка.

https://ohridskabanka.mk/konvertor-na-smetki.nspx

Сосема случајно, на семафорите кај Автокоманда каде што е при крај изградбата на нова станбена зграда, денес поставија нова табла со логото на Охридска Банка, што говори дека таму ќе отвораат нова експозитура.

Малку ми е нејасно, водејќи се според општо познатата деловна традиција, кога една компанија се припојува кон друга, таа која се припојува вообичаено престанува да постои, а нејзиниот имот и ресурси преминуваат во сопственост на компанијата кон која се припојува.

Секако дека постојат исклучоци, Кјуби го продаде поголемиот сопственички удел во нивната осигурителна филијала во Македонија на Винер од Австрија, но бидејќи Кјуби и понатаму има мал сопственички удел во осигурителната филијала, денес постојат Винер Осигурување и Осигурување Македонија како две различни компании со исти сопственици, можеби ситуацијата би била иста и со Охридска Банка.

Ако Охридска Банка престане да постои во блиска иднина, зошто би отворале нова експозитура ?
 
Член од
1 јуни 2021
Мислења
1
Поени од реакции
5
Зошто, се прашувам, УНИ не тргне со делење двд па макар и 3% ? Тоа би ја подбутнало цената многу погоре, бидејќи ко што анализирав има уште доста простор за позитивна корекција.
Podolgo vreme pasivno go sledam forumov, pa eve da spodelam i jas nesto korisno>

Jas bev na sobranie minatata nedela.

Ne samo sto spodelija deka planirale i imaat namera da davaat dividenda, tuku deka imale i sostanok so prestavnici od NBRM za ovaa namena, od kade izricno im bilo kazano deka vo ovoj moment ne treba da se raspredeluva dividenda. Za mene najvazna bese namerata i konecno davanjeto na signal.

Ako zemite Akcionerska kniga ke vidite deka Rade Koncar kupile nad 3.500 akcii.Isto zabelezlivo e pojava na bugari vo akcionerskata kniga sto gi nemase prethodno, ne znam dali se povrzani so rakovodstvoto.

Ne spomnaa tocen iznos, no se spekulira so 120 denari dividenda po akcija, sto na ovaa cena bi bilo okolu 4,10% dividenden prinos.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Се извинувам доколку прашувам оф-топик, но не ми текнува на посоодветна тема на форумов, доколку истата постои, слободно нека го преместат администраторите/модераторите коментаров во таа соодветна тема.

Денес ми пристигна известување од Охридска Банка за да ме информираат дека најдоцна до крајот на јули 2021 ќе ми биде сменет бројот на трансакциската сметка како резултат на припојувањето на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка.

https://ohridskabanka.mk/konvertor-na-smetki.nspx

Сосема случајно, на семафорите кај Автокоманда каде што е при крај изградбата на нова станбена зграда, денес поставија нова табла со логото на Охридска Банка, што говори дека таму ќе отвораат нова експозитура.

Малку ми е нејасно, водејќи се според општо познатата деловна традиција, кога една компанија се припојува кон друга, таа која се припојува вообичаено престанува да постои, а нејзиниот имот и ресурси преминуваат во сопственост на компанијата кон која се припојува.

Секако дека постојат исклучоци, Кјуби го продаде поголемиот сопственички удел во нивната осигурителна филијала во Македонија на Винер од Австрија, но бидејќи Кјуби и понатаму има мал сопственички удел во осигурителната филијала, денес постојат Винер Осигурување и Осигурување Македонија како две различни компании со исти сопственици, можеби ситуацијата би била иста и со Охридска Банка.

Ако Охридска Банка престане да постои во блиска иднина, зошто би отворале нова експозитура ?
Веќе е излезен планот за спојување како ќе ги конвертираат акциите и сл. не верувам дека ќе одат со две правни лица, трошоците многу се намалуваат, можеби ќе го задржат брендот оти Охридска банка е далеку попозната од Шпаркасе, нешто слично како бензинскиве што се, ставиле лого на Окта, на Шел и сл.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
Веќе е излезен планот за спојување како ќе ги конвертираат акциите и сл. не верувам дека ќе одат со две правни лица, трошоците многу се намалуваат, можеби ќе го задржат брендот оти Охридска банка е далеку попозната од Шпаркасе, нешто слично како бензинскиве што се, ставиле лого на Окта, на Шел и сл.
Јас колку што знам Охридска ќе престане да постои како посебен правен субјект, и се ќе биде Шпаркасе. Новата експозитура ќе биде Шпаркасе, а можеби логото од Охридска ќе го остават како знак на препознавање, кој знае...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom