Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
пак овој моќникот тврди зајчето му ветил на бојко една приватна банка и мобилен провајдер ...

има нешто или партиски маркетинг ??.. всушност со оваа 102% партиски поткована гувернерка и се е можно....
 
Da da sega kako shlag na site gluposti moze slobodno guvernerkata da iskoci na press i da kaze deka za vetoto na bugarija se krivi akcionerite na KMB i so zakon da im gi odzeme za da go reshat prpblemot na poklon da im gi dade na bugarite
 
Најверојатно се шпекулации кои се однесувале за во минатото. Но познавајќи го Заев можеби има вистина.
Има најава за продажба на државниот дел во Телеком.
За банки, можеби е случајот што раскажуваше Трифун дека гувернерката не му дозволи да ја продаде банката на заинтересиран купувач (без оглед од која држава е капиталот, можеби е Бугарин).
Или се работи за некое преземање од страна на УНИ банка (сопствениците се Бугари)
Факт е дека Бојко поради еден од неговите најдобри другари, сопственикот на Групацијата СОТ 161, кој го купи Никоб, не се согласуваше со Грујо (читај Мијалков) поради неговата СГС.
Па по сите проблеми имаше компромис да го продаде на Струмичанецот.
Колку и да е OFF TOPIC од темата, политиката има влијание врз берзата.
 
Пред неколку години им реков и на директорот на Скопска и на директорот на Прилепска пиварница да си се договорат и да не трошат ни денар за рекламирање, со што ќе им останат дополнителни милионски добивки, а ќе си ги задржат соодветните пазарни удели. Короната изгледа ги натера барем овие од Прилепска да го испробаат тој пристап и еве резултатите се очигледни: дури и во ваква катастрофална година со останати трошоци скратени за 112 милиони, добивката им е зголемена за 105 милиони. Секој денар заштеден на реклама отишол у чист профит!

Прегледај го приврзокот 273885

Инаку, гледам дека се насобрале 8 акции ПКБ по 15.000 на понуда, што значи дека сега вреди да се пушти налог да се соберат. Би се обложил дека нивниот купувач долгорочно ќе помине барем 5-10 пати подобро него купувачите на било што котирано по сегашните цени
Изгледа твои се чим толку ги фалиш. Инаку два и камења фрлаше до вчера.
 
Изгледа твои се чим толку ги фалиш. Инаку два и камења фрлаше до вчера.

Их, таман работа да продавам акции по 15.000 денари кога утре може да ги повлече двата риволвинг кредити од 15 и 2,5 миљони евра и да ги исплати како дивиденда од 32.200 денари КЕШ. Па дури ни тогаш фирмата не би пропаднала, ама ако ептен сака да ја отера у стечај, може да го исплати и кешот и депозитите и да ликвидира залихи и да исплати накај 50.000 денари нето дивиденда и да ја остави фирмата на доверителите
 
По закон за трговски друштва ако не се исплати до 30.09 редовно, тогаш ако има одлука треба да се исплати дивиденда до 31.12 освен ако има воена состојба или друга вонредна состојба. Со оглед дека сообранието е закажано на 30.11 и има предлог дневен ред кој по правило се прифаќа и во тој дневен ред има посебна точка распределба на дивидинда, тогаш е јасно дека никој не ги крши законите во овој случај(Имаше случаи каде се кршеа законите и за тоа никој не одговараше). Ако се оди по закон а овој пат не гледам никакво кршење на закони, тогаш е јасно дека ако има сообрание овој пат, дивиденда треба да има.
Ako ima sobranie neznachi deka mora da izglasaat da ima devidenta, se moze da se sluchi.
 
Ako ima sobranie neznachi deka mora da izglasaat da ima devidenta, se moze da se sluchi.
Ne zaboravaj deka na Slovencite ocajno im trebaat pari.Treba da se plati srpskata KB,a NLB im e najprofitabilna od site bankarski pozicii ( da ne recam kerki ) vo stranstvo.Ne se somnevam deka ke ima dividenDa.
 
Морале да дадат дивиденда „затоа што им требало да ја отплатат српската Комерцијална“... Мали Ѓокица замислува дека висок бизнис функционира како купување на половна кола: еве ти 3.000 евра сега и уште илјадарка ќе ти доплатам на рати за пола година :lolzz:
 
Во разговор со еден судија од трета инстанца во Германија дознав дека често на работилниците за обука имаат сесија кадешто разговараат за колкав износ на мито би прифатиле да пресудат во корист на некоја странка у постапка, и по сумирање на одговорите заклучиле дека третостепен германски судија би донел коруптивна пресуда за мито од 70 милиони евра! :shok2:

Од друга страна пак, овдека случаите кајшто биле фатени судии за земање мито, износите биле помеѓу 8.000 и 70.000 евра. Имајќи предвид дека овој у три наврати си исплаќал 13, 23 и 73 милиони денари, вкупниот паричен износ што е на маса у постапката е скоро два милиони евра. Ако се земе предвид балдазата у Апелација и фактот дека овдека пресуди се продаваат како бомбончиња, на нормален човек „ќе му се смрзне го.ното“ од катастрофалните шанси за правичен исход во второстепената постапка без преземање мерки за институционално следење на сомнителните лица и судиите од советот што ќе одлучуваат во спорот.

На овој случај власта ќе може да демонстрира функционирање на институциите и правосудството што се потребни за напредок кон ЕУ.

Се надевам дека се поднесени претставки од странките во постапката до Судски совет, ДКСК и обвинителство против судијката и тие судијки-поротнички да се истражи дали првостепената пресуда била коруптивна, за што сериозно се сомневам.

 
Последно уредено:
Морале да дадат дивиденда „затоа што им требало да ја отплатат српската Комерцијална“... Мали Ѓокица замислува дека висок бизнис функционира како купување на половна кола: еве ти 3.000 евра сега и уште илјадарка ќе ти доплатам на рати за пола година :lolzz:
Мали Ѓокица ке си лапне дивиденда од ТНБ, а паметниот член на менса уште којзнае колку години ке го исправа судството ,системот, моралните вредности во надеж дека некогаш ке земе 35.000 ден дивиденда или што било од ПКБ.Предноста на нас "глупавите" е што сме прагматични, прилагодливи и снаодливи.
 
Мали Ѓокица ке си лапне дивиденда од ТНБ, а паметниот член на менса уште којзнае колку години ке го исправа судството ,системот, моралните вредности во надеж дека некогаш ке земе 35.000 ден дивиденда или што било од ПКБ.Предноста на нас "глупавите" е што сме прагматични, прилагодливи и снаодливи.

Како ти иде инвестирањето досега? Кога си почнал, колкав поврат си остварил? Не мора апсолутни износи во пари, само годините и процентите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom