- Член од
- 30 март 2018
- Мислења
- 1.467
- Поени од реакции
- 1.903
- Возраст
- 94
Во држава што е меѓу последните во Европа по скоро секој параметар на квалитетен систем и живот, би било чудно да има било што добро поставено во општеството. Подворничкиот релативизаторски менталитет на рајата е виновен што за тоа се молчи и не се делува да се смени на подобро. Нема разлика помеѓу работник на минималец кого директорот го експлоатира и мал акционер со десетина акции кого директорот го краде. Првиот барем стравува да се бори од материјална беда за да не изгуби корка леб за семејството, ама другиот стравува од ментална и морална беда.
Меѓутоа, ме чуди како луѓето не можат да видат еден чекор нанапред дека негативен исход за малите акционери во Пекабеско ќе ги засегне и нив затоа што и другите директори ќе почнат да си исплаќаат бонуси исто како и Слободан. Уште првиот ден по потенцијалното потврдување на пресудата ќе им испратам мејл на сите директори во котираните компании дека е воспоставен судски преседан што им дозволува да грабаат колку сакаат, па сите што со неделување тоа го дозволиле нека ги трпат последиците.
П.С. За да видите за луѓе со какви „квалитети“ се работи од другата страна, во постови ќе ја ажурирам состојбата дали @mishevski ми ги уплатил парите. Имено, во моментот на организирањето на тужбата, јас поседував 30 акции, па солидарно требаше да му уплатам 3.000 денари на @TENDO за трошоците на судската постапка. Дополнително и за друг акционер со 24 акции уплатив уште 2.400 денари - вкупно 5.400.
Со оглед на тоа што со недели не ме беа известиле ниту мене ниту другите акционери за првостепената пресуда, сметав дека мојата доверба е изневерена и обврската за којашто сум платил не ја извршиле. Веројатно ни до ден-денеска не би ги известиле ниту нашите ниту хрватските мали акционери за првостепениот исход да не интервенирав. За да се направи важен, @mishevski пред сите понуди да ми ги врати парите, што јас го прифатив, ама ете и таа преземена обврска ја нема извршено, а јас сѐ уште ги чекам тие 5.400 денари.
Инаку, мора да се признае дека во почетокот сосема совесно и проактивно даваа информации во врска со постапката. Кога веќе стана извесно дека калкулантски ја кријат пресудата као демек адвокатот сѐ уште не ја примил, се бев навратил да видам во кој момент се беше изменило однесувањето и заклучив дека тоа се случило по започнувањето на комуникацијата со професорот којшто ги засипал со „мудрост“ и „претпазливост“. Додека мнозинскиот дрско и бесрамно си исплаќа милионски бонуси на сметка на малите акционери, тие мудро и претпазливо му берат гајле за репутацијата на фирмата што тој ја руши со своите постапки

Последно уредено: