Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
ostana uste nesto malku sitno mislam
 
Не беа точно 10 туку нешто под тоа ниво. Поради тоа и сега имаат распределено само 23м денари за откуп на акции.
Не ми е јасно. Нели Макпетрол стигнаа до 10% откупени сопствени акции??
 
1589443736829.png

Како што гледам тука им останале уште 0,21% или 236 акции за докупување.
Или оставиле пари да купат просек по 97.000 по акција.

Зошто не ги купат тие преостанати 236 акции денес на 68.000?
И зошто се зезаат со 120.000 денари за 236 акции? Можеле да напишат 480.000 денари.
 
Може ако продаваат сопствени акции после пак да докупат. Има и одлука за отуѓување сопствени акции за одржување стабилност.
 
Последно уредено:
Може ако продаваат сопствени акции после пак да докупат. Има и одлука за отуѓување сопствени акции за одржување стабилност.

Тоа е малку веројатно.
Но не би ме изненадило.
Години наназад MTUR си играат дека се инвестициски фонд. Исто и Гранит, ама нив им и се исплати.
 
Видоа дека има дивиденда па да им се исплати ахахахахах
Автоматски споено мислење:

Ништо не кажуваш за Генерали Инвестментс АД Скопје каде што има 6 вработени кои во 2018 плата по вработен била 72 097 ден бруто а во 2019 за истите 6 вработени во 2019 платата била 132 361 ден исто така бруто. Односно зголемувањето било 80% WoW :vozbud::vozbud::vozbud:!!
Знаеле дека ќе има COVID-19 па да се обезбедат :)

Пишував и за нивните плати, ама не ти е точна информацијата или пресметката. Инаку кај нив многу повеќе отскокнува катастрофалниот инвестициски поврат од платите.

Многу интересна работа се и одлуките за откуп на сопствени акции. МПТ, МТУР и слични можат да си изгласаат одлуки да ги поништат десетте проценти што веќе ги поседуваат и повторно да започнат програма за откуп на нови 10%. Исто така, цените по кои ставиле дека ќе откупуваат се крајно сугестивни пошто на неукиот инвеститор му прават филм дека менаџментот знае колку навистина вреди акцијата, а не во кој опсег најмногу им одговара да се тргува.

Еве нпр. ПКБ има ставено дека ќе откупува во опсег од 300 до 12.000 денари, а нема шанса Кутревски да ти ги продаде неговите и да му понудиш по 60.000 денари за акција.
 
Било како било, до сега 55 комада МПТ....беа :)
 
Последно уредено:
Пишував и за нивните плати, ама не ти е точна информацијата или пресметката. Инаку кај нив многу повеќе отскокнува катастрофалниот инвестициски поврат од платите.
Сум измешал некоја брзина изгледа, дека има зголемување има ама не толкаво .
1589450652284.png
1589450763022.png
Автоматски споено мислење:

Може ако продаваат сопствени акции после пак да докупат. Има и одлука за отуѓување сопствени акции за одржување стабилност.
Освен за перење на пари поинаку ова неможам да го објаснам.
1589451054454.png
 
Добро е ова Комуна (мнозинскиот сопственик ДС Смит, за тие што не се информирани, е најголемиот производител на картон во Европа). Дури и со ревидирана прогноза поради короната, планираат годинава да направат „само“ 235 денари добивка по акција. Јас моите си ги изнакупував под 400 денари, такашто може да се каже дека сум задоволен со годишен поврат од ~60% во овие тешки кризни времиња. Каде-каде подобра инвестиција од индексираните компании...

П.С. Дополнителен бонус е што Пекабеско купува од нив картонска амбалажа

Screen Shot 2020-05-14 at 14.23.15.png
 
Сум измешал некоја брзина изгледа, дека има зголемување има ама не толкаво .
Прегледај го приврзокот 251150
Прегледај го приврзокот 251152
Автоматски споено мислење:

Освен за перење на пари поинаку ова неможам да го објаснам.
Прегледај го приврзокот 251154

Добро стварно не сфаќам цело време што се фаќате за платите, повеќе личи на фрустрација отколку што се кажува нешто.

Генерали инвестмент да земеме просек 7 вработени за 2019 (6 во 2018, 8 во 2019 затоа земам 7 просек).

Просечна нето плата испаѓа околу 45,000 МКД.
Просечна нето плата во Индустријата "ФИНАНСИСКИ ДЕЈНОСТИ И ДЕЈНОСТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ" според завод за статистика за Дек 2019 - Феб 2020 е 45,324 МКД. (линк: http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=40)

И сега кај е проблемот?
 
Таман работа некој што посериозно се занимава со инвестирање да се исфрустрира од нечија плата од 45.000 денари. Не ми е гајле некој да зема плата и 45.000.000 денари доколку нив чесно ги заработува. Меѓутоа, од такт ме вадат 300-те „вработени“ во М-НАВ со просечни плати од 135.000 денари! Исто така и вработените у пензиските фондови со плати и привилегии у вредност од по 2.000 евра, а што годишно им прават 20 милиони евра штета на пензионерите! Или седуммината „раководители“ од „Развојната“ банка на Северџанија што направиле 300.000 евра прифит, а си исплатиле повеќе од тоа како бонус. Па раководителите на Стопанска Скопје направиле буквално стопати повеќе профит, а си исплатиле одвај двојно повеќе бонус!

Работата како инвеститор е да ги откриеш тие што се напикале во вакви темни ќошиња и си ќутат и си дупат! Таму е лесната пара, лебот без мотика. Ме заболе колку земал некој плата у приватна фирма, ама јас сум во индиректна смисла акционер и у М-НАВ и у таа развојна банка и на клоци би ги избркал тие крлежи што ни го цицаат општествениот капитал!
 
Те подржувам целосно во анализите и критиките кон лајнава лоповски. Индиректно не сме засегнати само ние што вложуваме, туку цел Северџистан. И тоа како се скроени, сите до еден со политичка кариера, си "траат и праат", а кога ќе им се спомне да донираат или скратат од платичката, е тогаш се најгласни бранители на уставното право, кое се толкува така за на нив да им одговара. Тоа е канцер којшто треба да се отстрани, но освен Ким Јонг Џун, не гледам кој друг би го отстранил, премногу кроток народ сме, џоа јагненца.
 
Ako nekoj go interesira koj kupuvashe od korporativnata obvrznica na ttk neka go procita obrazlozenieto na Mtur za q1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom