- Член од
- 30 март 2018
- Мислења
- 1.467
- Поени од реакции
- 1.903
- Возраст
- 94
Не знаеш колку фикс идеи имам јас, зошто постојат еден куп агенции, министерства и регулатори во државава.
Ти спомнав и погоре. Можеби има трошоци но како индивидуалци овој реформиран пензиски систем е најдобар за нас.
Причината е едноставна, ако се слеат сите пари во ПИОМ, ти и јас никогаш нема да видиме ни денар од нив. (вклучувајќи ги и тие оплодените од S&P500).
Имаме уште 30 години работен век пред нас, и којзнае колку премиерчина популисти кои ќе сакаат да ги зголемат пензиите преку ноќ на моменталните пензионери (со надеж на нивните гласови), не мислејќи на последиците по идните пензионери.
Имаше текстови во Капитал пред некое време, со анализи, но еве сличен предлог на твојот имаат “генијалците“ од експерти кои му се економски советници на Мицковски. Крајно време е кај ВМРО да се додаде додавката Комунистичка.
Бројките јасно покажуваат дека да не постоел вториот столб, сегашните пензионери би земале околу 100 милиони евра повеќе што би се заштедиле на провизии, а идните би имале 120 милиони евра повеќе што би се добиле со правилно инвестирање. Било која нормална власт би го национализирала и распуштила системот без милисекунда размислување.