Македонска берза

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Ги најде парите сред емисија и му текна од рака на сите по 100 евра да им даде. А некои на форумов се воодушевени од него

Не да сум воодушевен од Вучиќ туку уште малку ќе се заљубам во него :D :D ...
Тоа што случајно демек му текнало во емисија :D:D го спроведе на ДЕНЕС на дело . . .

Додека Србија претходните 3 години беше меѓу најбрзорастечките економии во Европа, ние БЛЕСКАВМЕ . . .
Сега ние заслепени од блескањето неможеме да најдеме 2 милијарди евра, а они 5,1 милијарди евра фрлаат од хеликоптер :D:D..
Ние авансно ги тераме фирмите да плаќаат данок на добивка кој треба да се плати во 2021 година (Комерцијална, Пекабеско, Шпаркасе, Прокредит . . . .), додека Вучко им ги одложи даноците на фирмите за поубави времиња . . .

"Najveći zahtev privatnika bio je da se odloži plaćanje poreza i doprinosa to smo i uradili, kešom ćemo pomoći zaposlenima uplaćujući minimalnu zaradu, tako da smo i njima izašli u susret", istakao je Mali.

Пекабеско има 9 милиони евра кредити за кои плаќа камата, а ја финансира владата со предвремена исплата на даноци . . .
Кој на кого тука помага ??? Пекабеско на Владата??? Сите во свет ги спасуваат фирмите само нашиве фирми ја спасуваат владата :pos::pos:..
Во исто време акционерите неможе да земат дивиденда . . .

Она одложување на кредити од страна на банките е најсмешно... Фирмите по грејс периодот ќе ја платат и каматата за 6-те месеци грејс период .... Браво за помошта . . .

p.s.
Затоа Србија веќе следната година ќе се извлечи од го.на, а ние ќе останеме и следна година во го.на !!!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Јас реков дека Алкалоид ќе профитира од ситуацијата, а не дека е потценет, па дури ни по оваа 30+% пониска цена. Тотална лудост е некој да плаќа 13.500 денари за акција што годишно има 4-5% поврат, а тоа го правеа нашите задолжителни пензиски фондови. Не верувам дека оваа финансиски неписмена нација тоа ќе го сфати дури ни кога во полугодишните извештаи што ќе им стигнат ќе видат дека нивниот фонд претрпел десетици милиони евра капитална загуба на портфолиото акции, од кои по околу 3-4 миљони на Алкалоид.
Од каде ти е оваа информација дека пензиските фондови купувале акции од Алкалоид на 13.500 денари?

Национализација на вториот столб би била една толку паметна и државничка одлука, што кога тоа би го направил Зајко, јас дури и би гласал за СДС. Пензиите ионака 45% се дотираат од буџетот, а тие пари владата ги позајмува преку обврзници што приватните пензиски фондови ги купуваат и преку кредити од банките од депозитите што фондовите ги оставаат. Практично, наместо парите директно да се уплаќаат во Фондот за ПИО, тие преминуваат преку посреднички систем што годишно наплаќа провизија од 10 миљони евра! :tapp:

Во приватните фондови и регулаторот веројатно има околу 200 вработени, а просечните плати се околу 100.000 денари. Тој систем треба целосно да се распушти, а 75% од уплатите од вториот столб да идат директ во Фондот за ПИО, а 25% по автоматизам во индексни фондови, како што и сега идат.
Искрено се сомневам дека ти плаќаш придонеси воопшто, па затоа си дозволуваш вакви паушални изјави. Секој што има уплатено некој позначителен износ до сега се сомневам дека размислува вака.
Тие пари во втор столб се на твоја сметка, и точно знаеш колку имаш и утре колку ќе добиеш. Ако заминат во прв столб, папала ги Меца парите. Популистички ќе се зголемуваат сегашните пензии, можеби и ќе се добијат некои избори, но што ќе биди кога ќе дојдеме ние за во пензија? Од каде пари за пензија за нас? Ги имаш видено коефициентите колку вработени има сега на еден пензионер и колку тој коефициент ќе се влоши во иднина?

Просечните плати биле 100.000 денари?? Ова од кај го извади жити се ова? 200 вработени??

Кој ќе ги инвестира средствата во индексните фондови? Кој ќе одбери во кои индексни фондови да се инвестира? Кој ќе прави ребалансирање?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Не сум стручњак, но не ми е јасно зошто сметате дека меркава не им одговара на банките?
Се работи за одлагање на наплатата но тоа исто така значи дека целиот тој период банките ќе сметаат камата и тоа на основица поголема отколку да имаше нормални доспевања на главница а со тоа и пад на основицата на која се смета каматата. За тој период банката ќе заработи повеќе камата отколку во нормални услови без мораториум. Е сега прашањето е кога ќе ја уприходува. Едно е приход а друго е прилив.
Ако има тука некој кој се разбира од сметководство а работи во банка, и знае како тоа банките ќе го изведат, би било добро да ни објасни.
Она одложување на кредити од страна на банките е најсмешно... Фирмите по грејс периодот ќе ја платат и каматата за 6-те месеци грејс период .... Браво за помошта . . .
Стварно ако наплаќаат камата на тој грејс период тогаш мерката е ШИТ или на македонски:гомце: и горе доле сите мерки на северџаните се :гомце:, ништо посебно и голем дел неприфатливо за компаниите, така дагоспод некани е на помош (а оти не постое сме наебале).
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Од извештајот на Сава пензиското друштво (бившо НЛБ) се гледа дека трошоците за 33-те вработени се цирка 52.000.000 денари, т.е. над 131.000 денари бруто, т.е. накај 90.000 денари нето. Ете, не биле 100.000, сум утнал за 10%.

Уште позагрижувачки е што се даваат цирка 34.000.000 денари за регулаторот. Оваа цифра драстично расте, а најверојатно затоа што таму се начукуваат сѐ повеќе и повеќе „вработени“. Ако од трите фонда прибираат 80-90 миљони, тогаш и таму има вработено барем 50-60 партиски газолижачи со огромни плати.

Заедно фондовите, регулаторот, теренските агенти и пружателите на услуги на оваа пензиско-фондовска индустрија се гарант накај 200 на број.

Буквално секое денарче од 242.000.000 денари приходи на ова пензиско друштво (заедно со другите два фонда и накај 10 миљони евра) се само паразитирање на грбот на идните пензионери. Се надевам дека оваа криза ќе биде одличен повод за национализирање и распуштање на тој систем, а придонесите да се распределуваат 75% директно во Фондот за ПИО и 25% автоматски у индексни фондови.

Screen Shot 2020-03-31 at 20.32.43.png
 
Ова ти е исто како да земеш цифрата за трошоци за плати кај Пекабеско да ја поделиш со сите вработени и да напишеш дека чистачката во ПКБ зема 76.000 денари нето.

Не ми одговори на другите прашања. Кој ќе ги избира индексните фондови? И кој ќе ребалансира?

И од каде ти е информацијата дека пензиските фондови купувале на 13.500?? Пошо јас имам друга информација.

П.С. Знаеш колку луѓе се вработени во ПИОМ? Мислам дека само во Скопје има над 1.000 вработени. А немаат ни актуари, немаат ни портфолио менаџери, немаат ни агенти...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
Ова со вирусот е once in a lifetime настан, кој преживее ќе раскажува

Goldman Sachs: Unemployment to hit 15 percent, quarterly GDP to fall 34 percent amid coronavirus outbreak
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Чекајте малце другари....ПАК ГИ САКАТЕ АКЦИИТЕ????

Абе не знам веќе како да ве наречам, најискрено....само еден најдобронамерен совет, подалеку од берза.
Dobro be Blizzard aj kazi ni koga i sto prodade i seuste ne mozes da si oprostis ? Drugo objasnuvanje za vakvo sitenje i negiranje na berza nemam.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Ова со вирусот е once in a lifetime настан, кој преживее ќе раскажува

Goldman Sachs: Unemployment to hit 15 percent, quarterly GDP to fall 34 percent amid coronavirus outbreak
Никогаш не се остава добра криза да помине за џабе.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Ова ти е исто како да земеш цифрата за трошоци за плати кај Пекабеско да ја поделиш со сите вработени и да напишеш дека чистачката во ПКБ зема 76.000 денари нето.

Не ми одговори на другите прашања. Кој ќе ги избира индексните фондови? И кој ќе ребалансира?

И од каде ти е информацијата дека пензиските фондови купувале на 13.500?? Пошо јас имам друга информација.

П.С. Знаеш колку луѓе се вработени во ПИОМ? Мислам дека само во Скопје има над 1.000 вработени. А немаат ни актуари, немаат ни портфолио менаџери, немаат ни агенти...
Па битно ли е воопшто кој колку плата зема од тие пари? Најбитно е што парите не ги земаат пензионерите.

Не знам да сум кажал дека купувале Алкалоид на таа цена пошто тоа не ни можам да го знам додека не излезат кварталните извештаи. Се надевам дека продавале пошто јас би ликвидирал целата позиција уште на 11.000.

Не треба воопшто да се бираат индексни фондови туку сите пари да се стават на С&П. Ниеден активно управуван фонд не може да го победи на долг рок. Не може да го победи ниту Бркшир Хедауеј, па токму Бафет и го препорачува. Тоа јасно се гледа и на примерот на фондовиве: нивната инвестициска единица е околу 200, а за исто тоа време индексот постигнал околу 280. Моментално акциското портфолио на фондовите е околу 300 милиони евра, а да ишле парите у индексен, би било 420 милиони! Дополнителни сто милиони се изгубени на провизиите за одржување на овој систем.

Да резимирам, досега ваквиот дисфункционален систем ги чинел идните пензионери барем 220 милиони евра. Што побргу се национализира и расформира - тоа подобро!

Со наједноставен начин на распределба на придонесите што идат у задолжителните фондови (70% у ПИО, 30% у индексен С&П), не е потребен буквално ниеден вработен, а ќе има многу повеќе пари и за сегашните и за идните пензионери. Првокласен скандал е што се дозволува ваквата состојба да егзистира волку долго, а тоа е само благорадение на финансиски неписмената популација и непостоечкото истражувачкко новинарство. Еве баш би сакал да видам една убава истражувачка статија за ова во Капитал или Фактор.

П.С. Во Пекабеско просечната нето плата испаѓа околу 32.000.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
IMF официјално прогласи глобална рецесија.
If all goes well, recovery во 2021.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.756
Поени од реакции
6.515
Ја како што гледам банкиве пак искача добро ке ќарат од кризава , гледам ке им наплаќаат камати на тие 6 месеци што ке бидат одложени ..

Ок 2020 нема да ги наплатат , ама од 2021 кога ке стигнат каматите нека не ве чуди банкиве да вадат и по 40 милиони евра профит .

Така да банкиве добро ке се омрсат од кризава понатака , за 2020 дури и банкиве да не дадат дивиденда во 2021 ке има добар кеш .
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Па битно ли е воопшто кој колку плата зема од тие пари? Најбитно е што парите не ги земаат пензионерите.

Не знам да сум кажал дека купувале Алкалоид на таа цена пошто тоа не ни можам да го знам додека не излезат кварталните извештаи. Се надевам дека продавале пошто јас би ликвидирал целата позиција уште на 11.000.

Не треба воопшто да се бираат индексни фондови туку сите пари да се стават на С&П. Ниеден активно управуван фонд не може да го победи на долг рок. Не може да го победи ниту Бркшир Хедауеј, па токму Бафет и го препорачува. Тоа јасно се гледа и на примерот на фондовиве: нивната инвестициска единица е околу 200, а за исто тоа време индексот постигнал околу 280. Моментално акциското портфолио на фондовите е околу 300 милиони евра, а да ишле парите у индексен, би било 420 милиони! Дополнителни сто милиони се изгубени на провизиите за одржување на овој систем.

Да резимирам, досега ваквиот дисфункционален систем ги чинел идните пензионери барем 220 милиони евра. Што побргу се национализира и расформира - тоа подобро!

Со наједноставен начин на распределба на придонесите што идат у задолжителните фондови (70% у ПИО, 30% у индексен С&П), не е потребен буквално ниеден вработен, а ќе има многу повеќе пари и за сегашните и за идните пензионери. Првокласен скандал е што се дозволува ваквата состојба да егзистира волку долго, а тоа е само благорадение на финансиски неписмената популација и непостоечкото истражувачкко новинарство. Еве баш би сакал да видам една убава истражувачка статија за ова во Капитал или Фактор.

П.С. Во Пекабеско просечната нето плата испаѓа околу 32.000.
Не знаеш колку фикс идеи имам јас, зошто постојат еден куп агенции, министерства и регулатори во државава.

Ти спомнав и погоре. Можеби има трошоци но како индивидуалци овој реформиран пензиски систем е најдобар за нас.

Причината е едноставна, ако се слеат сите пари во ПИОМ, ти и јас никогаш нема да видиме ни денар од нив. (вклучувајќи ги и тие оплодените од S&P500).

Имаме уште 30 години работен век пред нас, и којзнае колку премиерчина популисти кои ќе сакаат да ги зголемат пензиите преку ноќ на моменталните пензионери (со надеж на нивните гласови), не мислејќи на последиците по идните пензионери.

Имаше текстови во Капитал пред некое време, со анализи, но еве сличен предлог на твојот имаат “генијалците“ од експерти кои му се економски советници на Мицковски. Крајно време е кај ВМРО да се додаде додавката Комунистичка.
 
thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Ova e najdobra izjava do sega...Ako ne si ja ukral, da ja patentiras....
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Jas nikade ne sum otisol samo ubavo napishav koj lupnai vo cetvrtokot i petokot akcii vcera denes i utre ke si knizat dobivka !!!
Ima mala istorija okolu se ova nekako ne mi e jasno se ubija da ja simnat KMB sto e mozno ponisko za da adora sobere pa koga preteraa i padna na 5000 mu se javija od TNB da go opomenta deka zalozenite akcii mu tonat i deka mora da doplati za garancijata :)
Siromashkiot se iznamaci da ja simne sega mora da ja drzi na ova nivo ili da vadi pari da garantira so doplata?
Opasno gazi deckoto pa se nekako mislam deka Hari korosti shansa da go izgori noviot pulen koj sto ete zapnal da bide najgolem akcioner i pretendira da ja zavzeme bankata !!
Ne e ova nisto vishe kako porano umrea tie stari kaubojski filmovi i involvirani poltroncinja se osekam delka po ovaa kriza ke ima istragi i prv pat zatvor za poedinci koi sto profitiraa od vakvite potezi na berzata !!!
Imam samo edna misla a taa e da reshat hari i ekipa kupenite akcii da gi prodadat sega site akcii pa ke mora cifliganec da gi kupi na 6000 milom ili silom ili se ili nisto ??? A posto toa ne se slucuba znaci deka znae drugiot tabor za povisoka vrednost na akcijata cim istoto ne go pravi ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom