Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Decki dali nekoj ja analiziral/pratel Fershped?? Nekoj da spodeli info kako se odvivase do sega i objasnuvanje za konekcijata so makosped?
 
Арцелор порасна 3,5 пати за 1 месец. Знае некој што се случува?
Хаха има соопштение во кое фирмата вели дека нема објаснување за ова што се случува
 
Хаха има соопштение во кое фирмата вели дека нема објаснување за ова што се случува

Во однос на еволуцијата на цената на акциите на АрцелорМиттал Скопје во последните денови, изјавуваме дека немаме материјални информации кои не се од јавен карактер и кои можат да го објаснат неодамнешниот развој на цената на акциите на на АрцелорМиттал Скопје. Затоа не можеме да коментираме

:cuc::cuc::cuc:
 
Супер работи, нема боља банка (како што е објаснето во видеото)


Банката во која ја отворив мојата прва трансакциска сметка, бидејќи во тоа време беа единствената банка која издаваше дебитни MasterCard картички - MasterCard дебитни, а не Maestro дебитни.

Ако сакаш да купуваш преку Интернет, потребна ти е или MasterCard или Visa картичка, American Express само Алфа/Силкроуд Банка издава, но не знам дали издаваат дебитни American Express картички со CVV2 или CVC код за плаќање преку Интернет.

Некои банки и понатаму издаваат Maestro картички со CVV2 или со CVC код со кој може да се купува преку Интернет, но се помалку веб сајтови и веб сервиси прифаќаат Maestro картички бидејќи се лесна мета за крадците на податоци, а Visa Electron тогаш сеуште не ја прифаќаа на повеќето веб сајтови и веб сервиси за плаќање преку Интернет.

Така да, освен ако си вработен и исполнуваш услови за вадење на кредитна картичка, немаше баш некоја друга реална алтернатива на кредитните Visa и MasterCard картички.

Охридска Банка го промени сето тоа кога почна да издава дебитни MasterCard картички, кои и невработените можат да ги користат, а јас во тој период бев невработен. Плаќаш 10 евра годишно во денарска противвредност за годишна членарина за дебитната MasterCard картичка и си тераш бизнис, колку пари имаш на трансакциската сметка, толку пари можеш да трошиш со картичката во продавница или на Интернет.

Сега и НЛБ Банка нуди MasterCard дебитни картички, но и нивната Visa Electron дебитна картичка ми врши работа за купување на Интернет, бидејќи сега ја прифаќа секој или речиси секој веб сајт и веб сервис.

Единствена негативна карактеристика кај Охридска Банка, е во тоа што проверувањето на состојбата на трансакциската сметка преку Интернет, односно преку електронско банкарство, го наплаќаат, за разлика од НЛБ Банка која истата услуга ја нуди бесплатно, а истиот софтвер го користат од истата компанија - ASSECO SEE, поранешни Пексим Компјутери, во близина на трговски центар Беверли Хилс, во истата зграда во која има експозитура на Шпаркасе Банка.
 
и уште нешто мајката им дава позајмици по ненормални камати до пред 2 години мислам дека плакјаа 12% камата на позајмици од социете сега ја намалија на 8 ама пак е много они по толку пласираа потрошувачки кредити. французиве се нацицаа како вошки.
 
Арцелор порасна 3,5 пати за 1 месец. Знае некој што се случува?

мислам дека е чисто вештачко подигање на цената.. нешто што лесно поминуваше до 2007..
види само, со промет од помалку од 5500 евра за недела дена ја кренаа цената од 30 на 85 ден.. чекаат некој необразуван да се закачи и да истурат што собирале претходно на помалку од 20 ден..
 
Odluciv sto da kupam i ke se Beton, Maksstil i Okta. Ako moze kritika dalise dobri izborite i nekoja svoja preporaka. Mozeli i da pisete koj e broker ili nee zatoa sto gledam luge mn navivaat za odredeni akcii?
Pravnick ,kako sto ti pisaa tvoi pari tvoj izbor,ama mislam deka tajmingot za kupuvanje ne ti e bas srecno izbran.Cenite poletaa do koga ke trae ovaa ne znam, ama mozebi e popametno da pocekas.
 
Жиле и компанија денесе се спремаат да покажат дека имаат неограничена количина на пари кога треба да се купува алкалоид. Акционерите ке добијат 3% дивиденда , а менаџерите милиони евра како награда +дивиденда.
 
Жиле и компанија денесе се спремаат да покажат дека имаат неограничена количина на пари кога треба да се купува алкалоид. Акционерите ке добијат 3% дивиденда , а менаџерите милиони евра како награда +дивиденда.

Брокерот од брокерската куќа А, во договор со другарче брокер од Б, ставил куповен за 60 акции на 6501 денар, а зад него има уште еден на иста количина на сума од 6250 денари, додека другарчето од Б има ставено продажен налог на помала количина (јер имаме поголема побарувачка од понуда :P ) од 50 акции на 6650 денари. Замислете си дека ќе се сретнат некаде на средина :D

alkset.png
 
Ете луѓето го дознале извештајот на Комерцијална
 
Ете луѓето го дознале извештајот на Комерцијална

Таму со недели унапред и чистачките знаат што има во извештајот, само ние офци чекаме официјално да излезе на МСЕ.

Туку, АЛК открил лек за рак и сида, судејќи според денешниот старт.
 
Таму со недели унапред и чистачките знаат што има во извештајот, само ние офци чекаме официјално да излезе на МСЕ.

Туку, АЛК открил лек за рак и сида, судејќи според денешниот старт.
Ние во Македонија се однесуваме како берзата да е пазарче. Никаква регулација ниту за инсајдерски информации, ниту за стандарди за тајноста на податоците. Си играме берза.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom