Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Може за почеток и по сектори на пр. Банки,енергетски сектор,прехрамбена индустрија итн.
 
Може за почеток и по сектори на пр. Банки,енергетски сектор,прехрамбена индустрија итн.
Kako Moj Novac kje staneme :)[DOUBLEPOST=1498060556][/DOUBLEPOST]OHB seuste nema isplateno dividenda kaj mene ? Nekoj da znae povekje?
 
Ајде вака... Ќе ги изрекламираме јавно за да ги поттикне и другиве...(и да не пишувам кај секој пп):)
the winner is EUROHOUSE
Ако најде некој подобри услови нека пријави.

0,744% се вкупно - КМБ
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hub
нафата корне од паѓање на светската берза купувајте гуми тое единствен трошок летоово.
 
нафата корне од паѓање на светската берза купувајте гуми тое единствен трошок летоово.

Море немам ни за воздух за гумите да платам, а камо ли па за нови гуми. :D
 
Сигурен си? Пушти некоја пресметка да разгледам ако не ти е тешко. Може и пп.
512514984c0766349d65a9d7ac9f9652.jpg
 
Ова не ми изгледа 0.744 се вкупно
Ова се брокерски трошоци со тај процент. Предноста кај КМБ е што нема минимална провизија пример во стопанска дури и за налог од 10.000 земаат 500 денари.
 
Друже убаво ти објаснија погоре колку акции треба да купиш за да имаш дивиденда од 1000 евра месечно ( вкупната сума исплатена еднаш поделена на 12) па сега ти сам пресметај 3400 акции по пазарна цена денес на Алкалоид и види сам колку ке ти требаат средства :) . И јас како тебе на почеток мислев дека се прават милиони тони и вагони ама реалноста била сосема друга. Неверувам дека некој тука станал милионер на берзата ( секоја чест ако се јави некој таков а не е Камчев или Минчо). Нашата берза е баш казино некогаш губиш некогаш добиваш и кога мислиш дека си сигурен дека цената ќе порасне заради одредена ситуација ти се случува обратна ситуација. Мој совет подели си ги парите во две три компании по твој избор па можеби некоја ќе потрефиш да те повлече напред и да направиш некоја капитална добивка и секако добра дивиденда.

DJMorrison абе буквално до вчера, ти бараше совети за инвестирање, сега гледам дека се чуствуваш лагодно лесно да се расфрлаш со делење на совети на други членови.
 
Може некој за СТБ бид/аск и колку комада се поминати .
 
DJMorrison абе буквално до вчера, ти бараше совети за инвестирање, сега гледам дека се чуствуваш лагодно лесно да се расфрлаш со делење на совети на други членови.
Е друже изгледа брзо учам :) кога ќе се изгориш и тоа многу во 2008 има да бараш совети ( добро е барем научив нешто од тоа горко искуство) , сметам дека од моето скромно искуство можам на некој почетник да му дадам совет да не ги направи истите грешки не викам дека знам повеке од тебе (секоја чест на твоето искуство и на другите членови кои ги ценам многу) но можам да дадам мала помош. Еве ќе ти откријам која е мојата најголема грешка на почетокот па види и оцени дали сум погрешил што сум се залетал во две компании наместо да влезам во 3-5 па можеби ќе бев помалку во минус. Во Јули 2008 наместо да одам убаво на одмор јас си купив (почнав да си играм на берзата) и прво па машко се залетав со 4000 акции во Попова Кула АД по цена од 55 денари (тогаш ми изгледаше како многуууу добра инвестиција (цената беше 120 па 90, 60 и срекен добив 55) сега види колку е и колку ми е слатко или горко кога пијам нивно вино. вториот влез ми беше во март 2013 (ми требаа скоро 5 години да се опоравам од првичниот шок) со 800 акции од Телеком на цена 530 (сметав дека е солидна и имаа добра дивиденда) ама уште еднаш голтнав кнедла види ја сега акцијата. Е потоа научив и да гледам малку пошироко и да се консултирам и да читам извештаи и да пазам малку така да малку по малку се вадам со останатите инвестици па здравје боже (мада он нема веза со берза) можеби во некое догледно време ќе направам некоја добра пара :)[DOUBLEPOST=1498126773][/DOUBLEPOST]
0,744% се вкупно - КМБ

Сигурен си? Пушти некоја пресметка да разгледам ако не ти е тешко. Може и пп.
Еве што ми излегува мене за КБ брокер 0,749 % , за берза 0,2 % и стандардно еден продавач ЦДХВ 100 денари. значи без депозитар вкупно 0,949% не го калкулирам процентот за депозитар бидејки тој процент варира во зависност од сумата и продавачите.
 

Attachments

  • berza.jpg
    berza.jpg
    946,5 KB · Прегледи: 17
Последно уредено:
Јас да бидам транспарентен и коректен до крај, да напишам дека како член на форумот што ја анализираше UNI на неколку наврати како потценета акција, дека денес направив излез.

Можеби акцијата ќе оди уште многу нагоре, но јас немам информација на што се должи ваквиот раст.

Бидејќи немам “инсајдерски“ информации, според моите анализи, оваа е фер цена за продажба (бар за мене).
 
Moody’s го зголеми кредитниот рејтинг на НЛБ за две нивоа

Вчера, меѓународната агенција за рејтинг Moody’s го подобри долгорочниот рејтинг на НЛБ за две нивоа на “Ba1” од “Ba3”. Оцената беше преименувана во “стабилна”.

Како што е наведено од страна на рејтинг агенцијата Moody’s, зголемувањето на кредитниот рејтинг се должи на подобрената бинзис-клима во Словенија и понатамошниот напредок во управувањето со кредитното портфолио на банката.

Moody’s го истакна подобрувањето на кредитното портфолио на НЛБ, нејзината профитабилност и одржување на висока адекватност на капиталот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom