Според денешниот пад најверојатно нема да има дивиденда. Навикнавме веќе инсајдерските информации да се најнормална работа за нашава берза. И после се чудиме зошто берзата има промет колку селска кооперација.
Односно зошто делува на селска томбола, како што кажа британскиот принц Чарлс при неговата посета на Македонија во 1990-те години, сакаше да кажеш.
Лично јас не гледам никакво слободно движење на капиталот, ниту на Македонската Берза, ниту во македонската економија.
Кога државата е најголем работодавач и кога економијата станува се позависна од јавни проекти, не може да се очекува капиталот слободно да се движи низ пазарот и низ економијата.
Денес живееме во социјалистичко општество кое ја носи маската на капитализмот, слично како во Кина каде што Кинезите го живеат сосема спротивното - живеат во капиталистичко општество кое ја носи маската на социјализмот.
Официјално Македонија е капиталистичка држава, додека неофицијално и понатаму се држи до старите социјалистички норми.
Кина од друга страна, официјално е социјалистичка држава, а неофицијално се држи до капиталистичките норми до тој степен што во некои области делува многу повеќе покапиталистичка во споредба со капиталистичкиот запад, кој е се повеќе протекционистички, а не капиталистички.
А како што знаеме, протекционизмот е карактеристика на социјализмот, на нацизмот, на фашизмот и на империјализмот, но дефинитивно не е карактеристика на капитализмот.