Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Не бре извади колку си заработил. Хипотетички муабети, џабе. "Ако земев кредит 1М евра и ги ставев сите на QBTS кога беше 1$, па да ги продадев коге беше 45$, ќе имав 45М евра!"Put your money where your mouth is.
Какви хипотетички муабети? Зборуваме за 2 различни берзи и процентот на + во послњдниве 10-15г
 
Ако тоа те задоволува, пресметувај проценти. Јас инвестирам за да заработам
 
Ако тоа те задоволува, пресметувај проценти. Јас инвестирам за да заработам
Инвестирам за да заработам важи за сите. А дали добро инвестираш се мери со приносот, не со тоа колку евра имаш на крај.
 
Инвестирам за да заработам важи за сите. А дали добро инвестираш се мери со приносот, не со тоа колку евра имаш на крај.
Ајде пофали се, колку ти е приносот
Автоматски споено мислење:

Поентата е во тоа што ако ви е бесмислено да инвестирате на МСЕ, нема потреба воопшто да пишувате на оваа тема и да ги нарекувате будали тие што инвестирале
 
Ајде пофали се, колку ти е приносот
Автоматски споено мислење:

Поентата е во тоа што ако ви е бесмислено да инвестирате на МСЕ, нема потреба воопшто да пишувате на оваа тема и да ги нарекувате будали тие што инвестирале
Не се фалам, ниту темава е кој има поголемо портфолио. Муабетот беше дали МСЕ или USA stocks дале подобар принос. За тоа не ти треба мојата сметка, туку бројки од пазарите. Ако сакаш споредба, ист период, ист почетен капитал, вкупен принос. Се друго е мерење кој колку пари има.
 
Ок, немам намера повеќе да се убедувам. ТЕМАВА е МСЕ, на кој не му се допаѓа МСЕ, има други теми каде што може да ги руга тие што се занимаваат со МСЕ
 
Колкав промет се очекува на инвеститорски ден?

Гледам лани 56 милиони денари.

Ме мрзи да анализирам ден по ден, ама не ми се чини дека просекот во нормални денови надминува некои си 8-9 милиони.
 
Според https://www.mse.mk/en/issuer/okta-ad-skopje
ОКТА има вкупно 846,360 акции (како и години наназад)

Според https://www.stockopedia.com/share-prices/okta-ad-skopje-MKE:OKTA/
ОКТА има вкупно 761,724 акции

Ова е точно 10% помалку. Дали ова би значело дека акциите што пред некоја година ОКТА ги купи од Пуцко Петрол се поништени, а податокот на mse е неажуриран и застарен??? Не можам да најдам никаква информација дека акциите се поништени... Но доколку се, дали тоа би било индикација дека Хеленик наскоро ќе влезе во постапка за принуден откуп, со оглед дека поништувањето на 10% акции во сопственост на ОКТА би го довеле Хеленик преку 95% ?
 
Последно уредено:
Има ли некој информација за дивидендата на Пивара Скопје годинава?

Лани, и покрај добрите резултати, задоцнија со исплатата и не беа баш транспарентни околу причината. Јас тогаш прашав тука зошто доцнат и истиот ден ми одговори профил кој, ако добро паметам, беше штотуку отворен и ми даде прилично точна информација за тоа кога ќе има исплата. Оттогаш, профилот веќе не сум го видел активен.
Не велам дека профилот бил поврзан со Пивара, можеби е само случајност, ама навистина беше интересно.

Па да прашам пак — има ли некој „инсајдерски“ инфо и годинава?
 
Back
На врв Bottom