Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен и лош во исто време е билансот на КМБ.

Веројатно над една милијарда приходи од корекција на вредност на кредити, но доста голем пад кај приходите од камати.

Аа хаосот го искористиле да извршат отпис над 5 милиони од "оштетен имот", се на се убаво сработен биланс [emoji3]
 
Последно уредено:
Заборвив да прашам која банка ги даде тие 19 милиони евра пред 2 дена за задолжување, да не е случајно целата добивка на комерцијална па 2 квартал да биде обратно.
 
Значи Титаник не ми е рамен со операцијава шорт сел на КМБ

Очекував добри резултати цца 10 М ама 15 М ни во сон. Особено сум шокиран од капиталната добивка од продажбата на Брилијант. Јас разбрав дека ќе ослободат исправка на вредност, а не дека ќе кешираат и капитална отозгора.

Значи ова треба полека да се процесира: Витаминка се согласила за банкротирана фирма да плати сума за некои 10% повисока од проценетата вредност на тој имот, проценета во време кога фирмата работела и произведувала? Зошто? Да не постоел голем интерес од некои други фирми, или можеби оти банката е во комфорна позиција и не може да се одбрани од инвеститори.

Богами да сум акционер во Витаминка би почнал со полнење на КУБУРАТА. Испадна најпаметен новиов директор на Грнт кој за две недели направи 0,5 М евра добивка со купувањето акции во Кмб.

Таа акција нема шанси да ја шортам
 
Штелувааат извештаи тие (Хари и компанија) откако постојат . . .
Тоа го пишував откако се приклучив на форумов . . .
Штелувањето очекував да заврши лани, но Фени го продолжи за една година :) . . . Но тоа беше шанса за дополнување на портфолиото . . .
Ваше беше да го откриете штелувањето, да се натоварите и да чекате возот да тргне кога Хари ќе свирне со свирчето . . . Пишуваа за оваа приказна август/2017 . . .
Целата приказна е во резервациите и на кое ниво се . . . . . Но ретко кој ме сфати . . .
Истата приказна беше и со СТБ и ТНБ се додека ЕЦБ не одлучи во 2013 година да се продадат, па ја свртија плочата . . . Така СТБ и ТНБ полетаа, а сега и КМБ е во залет . . . Лесно ми е сега да ликувам бидејќи возот е тргнат, а јас сум во него со доста пари :) .
Овој ФИ не би го коментирал, но знам дека е знак дека КМБ ќе добие добра цена на акцијата.
Додадете го фактот дека владата ќе и даде ветер во грб . . . . И на 30 милиони ЕУР профит сами проектирајте ја акцијата. 100 ЕУР минимум :) .
Одвај ја чекам дивидендата од КМБ да ја потрошам. Ептен сум без кеш.
Е сега пресврт. КМБ е во мода, а СТБ и ТНБ се демоде . . . . А пред 9 месеци беше обратно . . .
Со среќа нека си ги трошат парите оние што се качија на време во КМБ возот !!!!
Хари овој воз ќе го бутка напред, а Вие можете само да плукате дека штелува. . . Бато Боле посочи шанса уште на 2700 денари . . .

p.s.

Очекувам и ОХБ да скокне 30-40% оваа година. И таму минуваат одлични количини. Сигурно и таму некој пjомирисал шанса.
@Branchez јасно ли ти е сега зошто излегов од СТБ на 930+, дивидендна акција, а купував тогаш банка која не правеше профит !!!! Каде е денес СТБ, а каде КМБ.

 
Градот ќе ја земе дистрибуција, за да може да прави популистички мерки:
-исклучените да не плаќаат ништо
-би се намалила цената на парното, и да е во загуба Дистрибуција ќе се "плати" од буџет т.е на крајот сите ќе плаќаат за дел привилегирани што живеат во Скопје и што се греат на парно.

Попатно ќе има уште едно државно претпријатие, значи нови лепачо-плакатери што ќе се вдомат на државна цицка :цицки:.

Малопродажба ако се мисли на наплаќање на сметките ќе иде на некоја фирма блиска до Шилегов, за да Градот не се расправа со оние што не можат да платат = тужби = извршители = помалку гласови за Шилежето на некои други избори.

И доаѓаме до Производство.
ТПЛФ има јамка на вратот во вид на кредити што треба да се платат час поскоро а наплатата од ТЕ-ТО/БЕГ/Русите е под знак прашање.
Да го тргнеме тоа на страна, ТПЛФ добива Производство да речеме и некоја загарантирана добивка,
доволна за Хаџимишев и баграта околу него.
Би се прикажувала некоја минимална добивка на ниво на маалска пиљара или загуба "поради потешкотии во работењето во услови на влошени макро-економски услови" :Кезец:

Резиме: Бегајте од ТПЛФ. :anco:

И то шо велиш.

До каде стигнаа плавите жолтици после 15 години откако нивниот папа отворено и јавно изјави дека државата е лош стопанственик и лош домаќин.

https://www.24.mk/kje-ostanat-li-skopjani-bez-parno-slednata-grejna-sezona

Ќе останат ли Скопјани без парно следната грејна сезона?

26.04.2018 | 17:31

Дали скопјани следното зимо ќе останат без парно греење. На 15 мај судот треба да одлучи дали сегашниот производител на топлинска енергија Балкан Енерџи производство ќе оди во стечај или ќе се реорганизира за да ги плати милионските долгови. Стечај побараа две фирми, Кратер и Топлификација.

196343.jpg


Топлификација ја изгуби лиценцата за работа, но во 2013 година и ги даде под закуп топланите на БЕГ. Од Балкан Енерџи велат дека стечајна постапка се уште не е отворена.

„Стечај не е отворен, што може да се провери на официјалната веб-страна на централниот регистар на Република Македонија. Во моментов во топланите на Производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ во тек се ремонти за подготовка на опремата за новата грејна сезона.“ - велат од БЕГ.

Не се знае колку пари Балкан Енерџи производство сега и должи на Топлификација за користење на топланите. Но и Топлификација се наоѓа пред стечај. Вчера до Судот е доставено барање од група акционери.

„До Основен суд поднесен е предлог за поведување стечајна постапка за Топлификација АД.“

Хаџимишев од Топлификација не сакаше да ги коментира новите случувања. Претнодно тој изјави дека се додека не се донесе новиот закон за енергетика но може да се знае кој ќе ги грее скопјани следната зима, „БЕГ“, „Топлификација“ или некој трет.

Законот за енергетика утре ќе се најде на комисија во Собрание.

И градоначалникот на Скопје го чека новиот закон. За Шилегов договорот на БЕГ е спротивен на законот што го изготви новата Влада. Ќе бара Градот Скопје да стане сопственик на топлификацискиот систем и да се формира посебно јавно претпријатие кое ќе ги снабдува скопјани со парно.


Ружица Фотиновска
 
Abe aman so taa TPL ne pisuvajte pred da vi odobrat.

Eve i zabata videla pa od pusti merak i taa krenala kopance pred skara da stane :brlav:
 
јасно ли ти е сега зошто излегов од СТБ на 930+, дивидендна акција, а купував тогаш банка која не правеше профит

Според ова што си го пишал ти си шпекулант, не инвеститор, богзнае со кои мутни фаци си се спанџал да ти ги дадат овие информации. На сите тие случувања лани со Фени и други заглавени фирми купувал само некој близок до раководството на банката што знаел какви сметководствени финти ќе се прават во периодот што следи.
Лично сум завршил со КМБ, банка која го губи core бизнисот, водена од сумњиво комуњарско раководство, со 0 транспарентност на берзата (чистачките и шптекулантите како тебе ги знаат извештаите со недели унапред). Кога купував пред Х години ја земав заради тоа што е единствена банка што не е продадена на странци и се надевав на добар профит од евентуална продажба, али со последните случувања со Шведскиот фонд ми стана јасно дека овие никогаш нема да ја продадат и вечно ќе ја цицаат. СТБ и ТНБ на долг рок остануваат многу подобри опции.
 
Da ne se lazeme pustil ruka 15ka na tromesecie samo u vlazni sonista ste videle od KMB a i sega TNB koga ke ja zdrvi podobro i od KMB kaj ke bide krajot od prvomajska sreka :)
 
Според ова што си го пишал ти си шпекулант, не инвеститор, богзнае со кои мутни фаци си се спанџал да ти ги дадат овие информации. На сите тие случувања лани со Фени и други заглавени фирми купувал само некој близок до раководството на банката што знаел какви сметководствени финти ќе се прават во периодот што следи.
Лично сум завршил со КМБ, банка која го губи core бизнисот, водена од сумњиво комуњарско раководство, со 0 транспарентност на берзата (чистачките и шптекулантите како тебе ги знаат извештаите со недели унапред). Кога купував пред Х години ја земав заради тоа што е единствена банка што не е продадена на странци и се надевав на добар профит од евентуална продажба, али со последните случувања со Шведскиот фонд ми стана јасно дека овие никогаш нема да ја продадат и вечно ќе ја цицаат. СТБ и ТНБ на долг рок остануваат многу подобри опции.
А ти мислиш дека фондот бил "шведски": )
 
Веројатно се очекува добра дивиденда од Прилепска
 
Денес зелено сјае , Комерцијална распука скоро 4.200 :) (y) :aplauz:
Кој купи сега мирно спие , јас на 3.200 ги имам :)
 
Комерцијална конечно го надмина "комплексот" 4 илјади :)
 
Лудаците заминаа на 4300, со промет од преку 200к евра до 11:15 :D
 
Ќе биде интересно да се види како ќе биде книжен Фени и кај Стопанска Банка.

Дали знае некој колкав износ од исправката кај КМБ се однесува на Фени? Ме интересира колку имаат без ова за првите три месеци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom