Не е баш идеална корелацијата на БДП раст со извештаи на фирми на МСЕ тоа е точно. Но генерално важи...и вреди да се следи БДП и МСЕ. Инаку МСЕ има најака корелација со БРИКС берзи за последните 15 години...во иднина планирам да пресметам коефицитенит и п-вредности.[DOUBLEPOST=1520951664][/DOUBLEPOST]
КМБ е како Тошо Малерот кај што има сумљива фирма тие имаат кредит. Инаку има раст на кредитирање на домаќинства...мислам дека е попаметно да се бараат банки кои кредитираат граѓани а не фирми. Граѓанските кредити изгледа се посигурни...опаѓа невработеноста. Додуше сега скокна на 24% а опаѓаше 10-15 години. Незнам која е кредитна оптовареност на насление и кој е процент таму на нефункционални кредити...вреди тоа да се проанализира некад.
НЛБ официјално го продаде пензискиот фонд. Значи чекаме 1кв како ќе се одрази на биланс.
Продажбата на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје се изврши преку Македонската берза за хартии од вредност по цена од 921 евра по акција, во денарска противвредност.[DOUBLEPOST=1520952422][/DOUBLEPOST]Инаку Ќе си оди ли Богов?
Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов истекува на 21 мај годинава. Засега нема предлог кој ќе го наследи, но од Кабинетот на претседателот на Република Македонија велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно закон и праксата во изминатите години.
http://telma.com.mk/istekuva-mandatot-na-bogov-se-cheka-ivanov-da-predlozhi-negov-naslednik/