Не само во развиените земји туку и во батал земји како Грузија ми се изначудија кога им кажав дека ние законски можеме да инвестираме само во нашата земја и сега од поново можеме и во локалните, иако SeeLink сеуште технички не функионира баш најдобро. Катастрофа е тоа што немаме можност да инвестираме надвор во акции или во ETF фондови како физички лица. И да, не можеме само ние, кои имаме само еден пасош, сите овие белосветски хоштаплери околу нас, немаат никаков проблем и со имањето на сметки и со инвестирање надвор... Така да со овие законски мерки, остануваме црна дупка во светот на тоа поле и парите на граѓаните наместо да се оплодуваат преку раст на цените на акциите од Apple, Tesla, Microsoft, си тапкаат на место заглавени во депозити по смешни каматни стапки.
И уште нешто се прави баш дупла штета, бидејќи не можат луѓево да инвестираат легално во технолошките гиганти, тие одбираат алтернативи и виреат кај нас разно разни крипто пирамидални шеми од типот на OneCoin, Kairos, ... и што уште не.