Убаво пишува во текстот на што се должи зголемената добивка:
„Банките несомнено добро работат и во време кога кредитирањето е сведено на минимум. Податоците покажува дека сите банки заедно оствариле профит од 37,6 милиони евра лани, што е дури 58,2% повеќе споредено со годината претходно. Најголем раст на добивките бележат средните банки, додека, пак, групата мали банки која со години работеше со големи загуби, минатата година го сведе негативниот финансиски резултат на помалку од милион евра. Кај големите банки е евидентирано намалување на добивката, но тоа се должи на влошените финансиски резултати на Комерцијална банка лани поради послабата наплата на кредитите и чистењето на билансите.
Овој фантастичен пораст на профитот во банкарскиот сектор е остварен во услови кога кредитирањето е зголемено за 6,4% на годишно ниво, додека, пак, вложувањата на банките во државни хартии од вредност пораснало за дури 25%. Според податоците од Народната банка, заклучно со декември, банките купиле државни записи и обврзници што ги издава Владата за финансирање на државниот буџет во вредност од 605 милиони евра. Ако на оваа сума се додадат уште 414 милиони евра што се извлечени од банките од Народната банка преку благајничките записи, излегува дека сумата што е инвестирана во државни хартии од вредност надминува една милијарда евра. Што само е потврда за конзервативното работење на банките со најмал можен ризик.“