Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Се вратив од натпреварот во добро расположение. Иако изгубивме поради неколку минути малер, сепак сум презадоволен од првото полувреме, од Пандев, Попов, Митревски, Деспотовски... Ми се наполни душата, ми се пресекоа нозете и останатите органи при нашите голови.

Само едно УА за простата раја што свиркаше и се дереше на 1 минутните молчења (за шпанскиот фудбалер и работникот од Бетон што падна од стадионот). Сепак тоа е кога за 200 денари секаква нецивилизирана стока беше на стадионот, а помалку беа вистински фудбалски фанови. Го оправдувам свиркањето по Наумовски и Седловски бидејќи го заслужија и се надевам дека ќе научат нешто од своите грешки.

Тоа е тоа, Шкотска изгуби од Норвешка 4-0 и ако продолжиме со добра игра има шанси да се пласираме на Светско!!
 
Ме интрересира ако знае зошто на Запад немаше никој таму подесно накај Север скоро
 
Ме интрересира ако знае зошто на Запад немаше никој таму подесно накај Север скоро
на овоа ќе се надоврзам....шо така на запад да нема Комити знамиња навивање...знае некој пошто секогаш се таму со обележја а сеа мислам дека не видов...
 
Кажав претходно..Комитите ги бојкотираат натпреварите на репрезентацијата,затоа што на натпреварот со Шкотска лани,цајканите го тргнаа знамето од Јохан.Исто така и се скарани со ФФМ.
 
на овоа ќе се надоврзам....шо така на запад да нема Комити знамиња навивање...знае некој пошто секогаш се таму со обележја а сеа мислам дека не видов...

За Комити знам бојкотираат ради тоа што беше тргнат транспарентот за Јохан против Шкотска кога игравме така нешо... сега имаше Комити ама не организирано
 
ааа....ја знам дека Чкембари ја бојкотираат репрезентацијата а за Комити поима немав...
 
Da bojkotirame. Pricina odzemenoto zname za Johan na mecot so Skotska, odnosot so nas na mecot so Holandijakoga ni ja pratija cela vojska da ne tepa pred zapadna (eh koe ponizuvanje bese da gledame kako siptarov so familija Imer selmani vlaga na stadion i si ide na poluvreme a nas kako zajci ne brkaat po cel park) i treto nasiot sudir so FFM

на овоа ќе се надоврзам....шо така на запад да нема Комити знамиња навивање...знае некој пошто секогаш се таму со обележја а сеа мислам дека не видов...
Mislam deka ti si iljaditiot na koj mu objasnuvam zasto bojkotirame
 
како и да е....фалеше и тоа како оноа континуирано навивање и подршка за фудбалерите а не вака ќе се викне на периоди....не е тоа тоа
 
Кога ќе се направат трибините ќе имаме еден од најдобрите стадиони во европа и ќе грми тек тогаш ќе паднат сите у плус да се смени раководството на ффм топ ќе биде
 
Добро луѓе дали сте нормални?!

Читам наназад постови и се глеам “изгубивме ама горд сум“ или “фантастичен натпревар“, “ова ке се памти со години“...:uvo:

Незнам дали ви е јасно ама изгубивме, успеавме да пое*еме водство од 2:0 за 5 минути и вие на тоа сте горди... како натпреваров ке се памети? ...со селективна меморија на првото полувреме?

Да, дечките изиграа супер во прво... е сеа можеби ке звучи клише ама фудбал се игра 90 минути.

Како може да се примат 3 гола во 5 минути???
Па што ако Шпанија е европски шампион... играш на домашен терен, “отварање“ на стадион, публика грми од навивање и радост, повеќе од пола дошле да ги видат ѕвездите (иако со очекување дека ке не згазат) и згора на се имаш водство од 2:0 на полувреме и тоа не било какво водство, туку со одлична игра... заслужено водство!

И што се дешава? Доста беше за денес, 2 гола против европскиот шампион во едно полувреме, таман... веке сме морални победници и онака сите очекуваа дека ке не згазат. Ние победивме во прво, нека тепаат они во второ! :nesvest:
 
Кога ќе се направат трибините ќе имаме еден од најдобрите стадиони во европа и ќе грми тек тогаш ќе паднат сите у плус да се смени раководството на ффм топ ќе биде

Зарем ке се најде мужиште да го смени ??? :nesum:
 
Пошто скоро секогаш попуштаме после 20мин. ова беше изненадување што се случи,да изиграме перфектно едно цело полувреме.
 
Пошто скоро секогаш попуштаме после 20мин. ова беше изненадување што се случи,да изиграме перфектно едно цело полувреме.
абе за едно полувреме(прво по обичај) секогаш се способни да го изиграат на ниво....ама како по навика второ се влечат по теренот без никаква идеа да нападнат и слично
 
Сега се враќам од натпреварот (од Охрид сум) и можам да кажам дека онакво прво полувреме Македонија никогаш нема одиграно...феноменално,одлично,еуфорично :vozbud:, а за второто полувреме...молк (од ко ни начукаа 3 гола за 5 мин.)

Пандев и Попов беа најдобри ама кога би морал да изберам за man of the match за мене беше Попов, одигра маестрално!!!

Пандев одлични 2 гола, Седло исто одлично, а најповеќе што потфрлија беа Лазарески и Стојков...Стојков мораше да реализира кога излезе сам пред голот али :toe:

Еве ги голчињата:
Pandev
Pandev
Torres
Pique (мислам дека голот е постигнат од офсајд...поправете ме ако грешам)
0:37 при шутот на играчот од Шпанија Пике е веќе во офсајд
Riera
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom