Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Се согласувам со алехср за поединци. Пандев,Попов и Митревски најдобри денеска.

Пандев за разлика од другите натпревари денеска доста трчаше се трудеше не беше многу себичен.

За Попов сум кажал и пак ке кажам дека е играч од светски калибар. Досега утакмициве последните ги изигра на феноменален начин и од него сум најзадоволен,а голем плус му е тоа што не подлегна на провокацијата на Седлоски вчера.

Игор Митрески моментално најсигурен и најстабилен во одбраната на репрезентацијата. Последниве утакмици ги игра одлично.

Да се надоврзам за нашиот напагач со број 11(не сакам да му спомнам името знаете на кој мислам).

Со моменталниот однос што го има,да се кара, да провоцира,на секој допир да пага и да бара фаули,да рипа ко мајмун,скоро секоја утакмица добива жолт картон(ако не секоја преку утакмица) не вреди да се повика во репрезентацијата а не па да игра во први 11. Гол не паметам од кога дадол.

Мометално според мене од тие што ги повикува Јонуз во репрезентацијата, Филип Ивановски е играчот кој треба да добие шанса на местото на број 11.

Се согласувам со тебе сосема...таков типац како него само во некоја селска лига да игра...ја упропасти прекрасната вечер со неговите идиотизми :kesa:
 
Да бидиме реални, ова беше и појќе од она што го очекувавме, нели? кој од нас мислеше дека ќе имаме ваков резултат против Шпанија? Нормално, никој. Добро изиграно од страна на сите и беше прекрасно кога Пандев го даде првиот, па вториот гол:pipi: Сепак, како што кажаја погоре нам ни е потребен резултат против Шкотска(која за наша среќа денеска загуби) и Норвешка и да излезиме еднаш на сцена, па и да биди то само баражот и се да се заврши доттука. Сепак играта која ја прикажуваат откога дојде Јонуз според мене е многу подобра од онаа на Катанец. Задоволен сум. :back:

Се согласувам со болдираново. Голема разлика има во играта. Далеку подобро е оваа со Јонуз,отколку таа со словенецот.
Им укажа шанса на Георгиевски Славчо и на Филип Деспотовски кои си ја оправдаа и заслужено и двајцата играат во први 11,за разлика од Катанец кој си имаше перманентен состав во тефтерот и не менуваше ништо.

Да се надеваме дека Норвешка и Шкотска ке паднат. :) Колко за инфо денеска Шкотска загуби со 4-0 од Норвешка и моментално сме на 2 позиција зад Холандија.
 
Ќе се убијам бе, срцево ќе ми пукнеше коа го примивме третиот, на глас почнав да рикам у пичку мајчину, и оди после имај надеж у оваа земја :zid:
 
a inaku za koj igrac misle sergio rambos so ne trebe da bide vo prvite 11 ne svakjam bas za koj igrac se rabote
 
a inaku za koj igrac misle sergio rambos so ne trebe da bide vo prvite 11 ne svakjam bas za koj igrac se rabote

Препрочитај го убаво мојот пост и види за кој играч станува збор т.е со кој број на дрес :) иницијали И.Н.
 
Наумоски е дебил кој дава срцето за Македонија, тоа не треба да заборавите.
 
Да не има некој головите да ги постира, јас на запад бев и ниеден убаво не го видов:kesa:
 
Ja pak ke se navratam na publikata. Kolku problemi imase okolu kartite a imase mnogu prazni stolcinja, publikata bese katastrofa.
 
Не сум разочаран и покрај поразот од европскиот првак.Прикажавме одлична игра,барем во првото полувреме,за во второто несфатливо да ни падне концентрација и за 10 минути да примиме три гола,од кои мора да се напомене дека еден беше сосема нерегуларен.
Попов,Пандев и Митрески според мене беа најдобри поединци кај нас,а и Стојков не се прикажа во лошо светло,иако промаши колосална прилика.Јонуз згреши што го остави Наумоски во игра толку,со оглед на тоа што овој непотребно влегуваше во конфликти и имаше повеќе нерезонски стартови над шпанците.Исто се виде оти и Лазаревски не е подготвен за еден ваков дуел,така што неговата десна страна беше најшуплива,а и директен виновник е за голот на Риера.
 
Ja pak ke se navratam na publikata. Kolku problemi imase okolu kartite a imase mnogu prazni stolcinja, publikata bese katastrofa.

Менталитетот е друг тука,сосема поразличен отколку кај сите други држави.
Во Холандија на пример старци од 80 години скокаат како лудаци коа Холандија ке даде гол,а тука кај нас сите дремат и семки како луди грицкаат.
 
Да не има некој головите да ги постира, јас на запад бев и ниеден убаво не го видов:kesa:







Штета, добро почнавме, добро ги затваравме, не им дозволувавме да проигруваат многу, имавме и малку среќа, но во второто полувреме се случи катастрофа која резултираше со пораз.
 
Македонија 2-3 Шпанија...Сепак ни гостуваше европскиот шампион...
Одлична игра во првото полувреме,одлични акции и одлични 2 гола на Пандев...:smir:..Во второ полувреме сосема друга приказна...(очигледно нашите веќе славеа на полувреме:tapp:)...Примивме да не речам 3 глупави голови,посебно вториот на Пике кој беше офсајд,а и третион на Риера(Николовски спиеше на статива)...Но сепак кога ќе се сумираат работите ова е добар резултат со тоа што за противник ја имавме Шпанија..Ме израдува ептен играта на Митрески,Пандев и Попов,а за онакви серковци како Наумовски местото не им е во репрезентација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom