Drettica
Graxhanin of Severstan
- Член од
- 24 ноември 2008
- Мислења
- 12.625
- Поени од реакции
- 14.933
Се согласувам со тебе сосема...таков типац како него само во некоја селска лига да игра...ја упропасти прекрасната вечер со неговите идиотизми :kesa:Се согласувам со алехср за поединци. Пандев,Попов и Митревски најдобри денеска.
Пандев за разлика од другите натпревари денеска доста трчаше се трудеше не беше многу себичен.
За Попов сум кажал и пак ке кажам дека е играч од светски калибар. Досега утакмициве последните ги изигра на феноменален начин и од него сум најзадоволен,а голем плус му е тоа што не подлегна на провокацијата на Седлоски вчера.
Игор Митрески моментално најсигурен и најстабилен во одбраната на репрезентацијата. Последниве утакмици ги игра одлично.
Да се надоврзам за нашиот напагач со број 11(не сакам да му спомнам името знаете на кој мислам).
Со моменталниот однос што го има,да се кара, да провоцира,на секој допир да пага и да бара фаули,да рипа ко мајмун,скоро секоја утакмица добива жолт картон(ако не секоја преку утакмица) не вреди да се повика во репрезентацијата а не па да игра во први 11. Гол не паметам од кога дадол.
Мометално според мене од тие што ги повикува Јонуз во репрезентацијата, Филип Ивановски е играчот кој треба да добие шанса на местото на број 11.