Дел Боске со најсилните во Скопје Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија - Висенте Дел Боске денеска го објави списокот на играчи кои ќе патуваат во Скопје за дуелот со нашата селекција.
На списокот на Дел Боске се најдоа 21 фудбалер, кои главно настапуваат во домашната Примера, со исклучок на тројца играчи на Ливерпул, еден на Арсенал и еден на Фенербахче. Според сите очекувања, стратегот на европскиот шампион се повика на најсилните имиња, со една новост и изненадување, а тоа е Игнасио Монреал од Осасуна.
Од оние редовни репрезентативци кои не се во составот, Серхио Рамос (Реал Мадрид) поради повреда отсуствува, а истото важи и за Андрес Иниеста (Барселона). Напаѓачите Фернандо Љоренте (Атлетик Билбао) и Хосеба Љоренте (Виљареал) не се повикани поради инсистирањето на Дел Боске да испроба тактичка формација со еден шпиц и тројца офанзивни играчи од средината на теренот.
Делегацијата на Шпанија подготовките ги работи во Мадрид, а во Скопје ќе допатува во вторник, или ден пред натпреварот со Македонија. Натпреварот се игра на "Филип Втори" Арена во среда со почеток од 22:00.
Голмани:
Икер Касиљас (Реал Мадрид)
Хозе Мануел Реина (Ливерпул)
Диего Лопез (Виљареал)
Одбрана:
Раул Албиол (Реал Мадрид)
Карлос Марчена (Валенсија)
Хоан Капдевиља (Виљареал)
Алваро Арбелоа (Реал Мадрид)
Жерар Пике (Барселона)
Карлес Пујол (Барселона)
Игнасио Монреал (Осасуна)
Среден Ред:
Алберт Риера (Ливерпул)
Давид Силва (Валенсија)
Чави Хернандес (Барселона)
Чаби Алонсо (Реал Мадрид)
Санти Казорла (Виљареал)
Хуан Мануел Мата (Валенсија)
Серхи Бускетс (Барселона)
Франческ Фабрегас (Арсенал)
Напад:
Давид Виља (Валенсија)
Фернандо Торес (Ливерпул)
Дани Гуиза (Фенербахче)