Македонија VS Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonia>>Europe
  • Време на започнување Време на започнување

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
Интересно... но и ние играме добро на пријателски мечеви, во последните десет пријателски мечеви имаме 4 победи, 5 нерешени и 1 пораз (и во нерешените и во поразот бевме подобри противници). Да нагласам дека во тие мечеви изгубија Еквадор и Турција од нас, а Полска се спасуваше во последните мигови. Шпанците се силен состав, но факт е дека секогаш играме подобро со големите репрезентации, очекувам Пандев конечно да заигра како што треба, не за друго, нели сака да се продаде човекот :pos:

Пандев е само еден играч, Шпанците имаат 20. Пандев во Лацио игра со ѕверови како Зарате, Фоџа и Маури, кои го ораат теренот. Кај нас игра со Мазнов и среден ред кој не може да ја изнесе топката напред.

Не го критикувам тимот, тие сме што сме, но погрешна е претпоставката дека Пандев не дава максимум во репрезентација па затоа игра слабо. Едноставно, осамен е на теренот, а сите противници научија дека има еден играч на кој треба да се фокусираат и системот ќе ни се распадне.

За среќа, шанса доби Фиќо Ивановски кој е единствен класичен центарфор кој знае како да даде гол. Ова одамна го викав ама во репрезентација играат играчи кои не можат да го видат голот а не да го погодат. Ристиќ во една чиста шанса против Норвешка ќе се повредеше самиот себе, иако беше сам со топката. Вистинскиот центарфор знае да биде таму каде што е топката. Исто и другиот Фиќо, Деспотовски, внесе малку живост во средината. Но сеуште сме далеку од некоја креативна игра.

За Пандев да блесне во репрезентација ни требаат ѕверови по крилните позиции кои ќе се уфрлаат, ќе претставуваат опасност за противниците кои ќе мораат добро да ги чуваат и со тоа ќе се отвори простор за Пандев. Исто така, потребен ни е креативец, кој ќе знае да ги проигра напаѓачите.

Со Шпанија се знае како ќе играме. Со 9 играчи на своја половина, Пандев на средина од теренот и еден напаѓач нешто поистурен. И ќе чекаме некој момент од прекин или грешка на шпанците за да го загрозиме голот. Во принцип не ми се допаѓа кога играме така, но овојпат и нема како да играме поинаку. Отворена игра со шпанците е самоубиство од заседа...
 
На страницата на ФФМ не го гледам Илчо Наумовски што е раб?
 
Да не има некој информација дали некоја македонска ТВ ќе го пренесува натпреварот? :se_ molam
Или барем дали ќе има стрим негде на интернет од шпанската телевизија што ќе го пренесува истиот? :se_ molam
 
Да не има некој информација дали некоја македонска ТВ ќе го пренесува натпреварот? :se_ molam
Или барем дали ќе има стрим негде на интернет од шпанската телевизија што ќе го пренесува истиот? :se_ molam

Moжеби ке ја дават на Сител..:toe:
 
NASA TV ke go prenesuva natprevarot

a inaku za karti stvarno nema? c cc c c c ..:kesa:
 
И сега која ќе биде главна трибина? Север или Југ?
 
Слики од готовиот стадион! (ролајте малку надоле)

Одлично изгледа, кога ќе ги средат и запад и исток ќе биде прекрасно. Секогаш може да биде картата по 200 денари, само ќе треба подобро да ја организираат продажбата на картите, ова што се случуваше е катастрофа.
 
Инаку најверојатно Сител ќе вршат пренос на Македонија-Шпанија, па ќе видиме што ќе испадне. :)
 
Абе маријан доста ме пцуес со ти е филмот глеам на претходните страници па ај види што сум писувал па после збори ја бас сум против тие препродавачи. Иди види 3-4 страници поназад ке видиш дека сум во право што пцуеш безвезе 14 години имас толку ги сфакас работите.ЈА САКАМ 30 000 ГЛЕДАЧИ ДА ВИДАМ НА ГРАДСКИ НЕ СУМ СЕБИЧЕН И ДР ГЈЕЛ ШТО ПИШУВАС И НЕКА ПРОСТАТ ДРУГИТЕ СО ЧИТААТ АЛИ МОРАМ ДА ОБЈАСНАМ НА 14 ГОДИШНИК ПОЗ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom