Македонија - Унгарија [ 18.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 80 66,7%
  • нерешено

    Гласови: 15 12,5%
  • Унгарија

    Гласови: 25 20,8%

  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.366
Flag-Pins-Macedonia-Hungary.jpg
Целта е исполнета. После 3 мечеви од првата фаза Македонија успеа да се квалификува за втората, главна фаза на Европското првенство во Данска.
Пораз од Данска, нерешено со Чешката република и победа над Австрија беше доволно за Македонските рисови лавови да влезат со 2 поени во следната фаза на првенството. Во оваа фаза пак Македонија (заедно со Данска и Австрија) ќе се соочи со репрезентациите на Исланд, Унгарија и Шпанија, репрезентации кои што добро ни се познати. Први на тапет се Унгарците кои што до сега сеуште го немаат вкусено горкото чувство на поразот во дуелите против нашата репрезентација. Но за се има прв пат, па можност за нашата прва победа против Унгарците ќе бркаме веќе утре со почеток од 16:00.

1525135_264995493659402_91626181_n.jpg



После победата против Австријците атмосферата помеѓу нашите репрезентативци е на високо ниво и покрај тоа што дел од ракометарите дефинитивно се преморени, сепак како засилување а нашата репрезентација ни доаѓа Немања Прибак, ракометарот на Вардар кој што пред ова првенство доби Македонски пасош што му овозможува да настапува за нас во оваа втора фаза. Кирил Лазаров сега за сега е најдобар стрелец на ова првенство па најверојатно Унгарците најголем дел од одбраната ќе ја насочат токму кон 77цата на Барселона, но Македонија е многу повеќе од еден играч, а се надеваме дека токму утре нашите ракометари ќе го докажат тоа и околу 18 часот сите ќе испраќаме другарки на плоштад.

За потсетување со победа над унгарците Македонија после утрешното коло многу лесно може да се најде на втората позиција која што на крајот од натпреварите во оваа фаза носи пласман помеѓу најдобрите 4 екипи во Европа. Симо е со се полош слух па тешко да ги чуе молбите од Унгарците да не ги сече, Лазаров е спремен за ново гол-шоу, Борко сеуште има 8 раце на голот на нашата репрезентација, а срцето на ракометарите сеуште чука во седум-осмински такт. Каде и да сте утре во 16:00 пред телевизор да сте.

ЗА КОГО ?

 
Мислам дека нема потреба да се каже колку сега сите се крстат во Прибак. :)

Не знам што да кажам, мене овие ми се кошмар невиден, ај што цел живот сме им мање-више пациенти, па уште после оној циркус од квалификации кои се надевам ќе го заборавам некогаш во животот, без да имам трауми од младоста, а бе кога ќе им го чујам името се тресам.

Нејќу ни да се обидувам да прогнозирам што ќе биде, се надевам дека Прибак ќе успее да се вклопи супер и дека ќе донесе разновидност, пошто тоа највеќе ни треба. Прочитани сме ко што е прочитана содржината и составот на шампонот додека луѓето одат во веце.
 
Дај анкета да гласам за Унгарија, зашто гласав за Австрија да тепа, пошо малер. :D

Унгарија се традиционално заебан тим за нас дури и кога не биле во форма. Тежок натпревар очекувам и со малце среќа може да се дојде до победа, бидејќи со секогаш јаките Исланд и Шпанија, искрено, нема што да бараме.
 
Па според мене имаме шанси,ама ќе биде пеколно тешко.Од последниот наш дуел,им го нема Кубанецот Перез и Наѓ,тука гледам некоја шанса.Ама и бес нив имат јак состав,ако го запремо Часар и браќата Иваншиц,мислам дека имаме шанса.А тука им е и Лекај кој ова првенство игра одлично,ама ајде се надевам дека дојде време за одмазда.
 
Само направи ги видливи гласовите. Или помина возот?:unsure:

Е не можам тоа отпосле, отпосле можам се само тоа не. :)
У брзање и јас сосема изумив да ја направам јавна. :)
 
Flag-Pins-Macedonia-Hungary.jpg
Целта е исполнета. После 3 мечеви од првата фаза Македонија успеа да се квалификува за втората, главна фаза на Европското првенство во Данска.
Пораз од Данска, нерешено со Чешката република и победа над Австрија беше доволно за Македонските рисови лавови да влезат со 2 поени во следната фаза на првенството. Во оваа фаза пак Македонија (заедно со Данска и Австрија) ќе се соочи со репрезентациите на Исланд, Унгарија и Шпанија, репрезентации кои што добро ни се познати. Први на тапет се Унгарците кои што до сега сеуште го немаат вкусено горкото чувство на поразот во дуелите против нашата репрезентација. Но за се има прв пат, па можност за нашата прва победа против Унгарците ќе бркаме веќе утре со почеток од 16:00.

1525135_264995493659402_91626181_n.jpg



После победата против Австријците атмосферата помеѓу нашите репрезентативци е на високо ниво и покрај тоа што дел од ракометарите дефинитивно се преморени, сепак како засилување а нашата репрезентација ни доаѓа Немања Прибак, ракометарот на Вардар кој што пред ова првенство доби Македонски пасош што му овозможува да настапува за нас во оваа втора фаза. Кирил Лазаров сега за сега е најдобар стрелец на ова првенство па најверојатно Унгарците најголем дел од одбраната ќе ја насочат токму кон 77цата на Барселона, но Македонија е многу повеќе од еден играч, а се надеваме дека токму утре нашите ракометари ќе го докажат тоа и околу 18 часот сите ќе испраќаме другарки на плоштад.

За потсетување со победа над унгарците Македонија после утрешното коло многу лесно може да се најде на втората позиција која што на крајот од натпреварите во оваа фаза носи пласман помеѓу најдобрите 4 екипи во Европа. Симо е со се полош слух па тешко да ги чуе молбите од Унгарците да не ги сече, Лазаров е спремен за ново гол-шоу, Борко сеуште има 8 раце на голот на нашата репрезентација, а срцето на ракометарите сеуште чука во седум-осмински такт. Каде и да сте утре во 16:00 пред телевизор да сте.

ЗА КОГО ?




9b9a134844_nice_joke_.jpg




Ideme na pobeda bre,bas deka sme im redovni pacienti,sega ke go jadat.
 
Би било добро оваа утакмица да го стави Ојлески. Миркуловски баксус невиден. Лазаров бомбардер, само така нека продолжи. Борко, фантастичен. Ако продолжи вака нема некој што ќе може да го тргне од голот.
 
Па според мене имаме шанси,ама ќе биде пеколно тешко.Од последниот наш дуел,им го нема Кубанецот Перез и Наѓ,тука гледам некоја шанса.Ама и бес нив имат јак состав,ако го запремо Часар и браќата Иваншиц,мислам дека имаме шанса.А тука им е и Лекај кој ова првенство игра одлично,ама ајде се надевам дека дојде време за одмазда.

Наѓ ни тогаш не играше против нас. Сега мислам за нијанса и посилни се од тогаш.
 
Не да се фалам, али ги погодив досегашните анкети
Со чешка гласав за нерешено и така заврши.Со Австрија бев оптимист и гласав за победа и победивме иако одвај.
Сеа гласам за унгарија па мислете му ја :D
Не дека јас сакам,ама нема што да бараме во вториот круг.Дај боже да грешам али со онаква игра во централната одбрана и онаква ''разновидност'' во нападот лошо ни се пишува.Единствено се надевам прибак ако донесе малце посолиден напад и поголема слобода за кире да има во нападот со тоа а во одбраната да се стегнат јоноски и маркоски особено вториов.
 
Победа и ништо друго!

Време е да падне Унгарија, преку тасета од нив. Сад или никад момци, имате самодоверба, стасува засилување, Борко покажи се повторно, Кире од тебе секогаш се очекува најмногу.

Еден апел до трењерот: Пушти го Манасков цел натпревар на терен! Немој случајно да си го извадил!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom