Ај малку(подетално)да си ги кажам маките...
Тотално разочарување денес...

Не вратија во реалноста Словенците....
Многу е глупо по војната да се прајме генерали,ама реално некои работи се гледаат од авион..
Прво..
Многу коментари низ цела Македонија имаше од типот
Ееее кога сме глупи и ја тепавме Австрија,наместо сега да си го ладиме со Катар...
Апсолутно не се согласувам,зошто?
Од проста едноставна причина,Катар ја тепа Словенија,и тоа доста убедливо,беа надиграни во цел меч Словенците(освен на почеток)..
Катар е домаќин,гладен за успеси,неверојатно мотивиран(финансиски),и мора да признаеме квалитетен...
Сепак Шариќ,Стојановиќ,Марковиќ,Капоте,Роан,пикерот,левото крило не се мајтап играчи и немојте да ве чуди ако ја скинат и Германија...
Имаа денес ветер во грб од судиите да,можеби не блескаа со Австрија,но си ја завршија работата...
Кој ќе ни гарантираше дека ќе поминевме со Катар?Со ваква игра ќе беше речиси невозможно...
Работата е што би било кога би било..
Од друга страна,Словенците,познат противник,и од Србија и од клубскиот ракомет,ракомет во кој имаме подобри резултати во последните неколку години во меѓусебните дуели...
Плус,кој сака нека мудрува,
НИ ОДГОВАРАШЕ ТАА ИГРА НА СЛОВЕНИЈА(е сега во пракса шо излезе нешто друго е прашање за анализа)...
А таа анализа од моја гледна точка изгледа вака...
ОДБРАНА-
Дефинитивно се разочарав од одбраната,посебно од отворањето на мечот...
Не смеевме во никој случај да влезиме во меч со бркање,уште од почеток влеговме во машината,моравме да ја сецкаме играта...
Наместо тоа со нашите почетнички грешки во напад(НБА додавањата на Мојсо,пробивањата на Жути)им дозволивме во полн залет да не нападнат...
Одбраната,зоната,требаше да е покретлива...
Јас не видов мобилност,агресивност,(освен во последните 5 минути кога речиси беше решен мечот)...
Значи за таа 6-0 зона,немавме како прво
ПРЕКИНИ НА НАПАД,ПРЕКИНИ..(шо би рекол Цревото)..
Како шо имаа денес Бразилците со Хрватите,е тоа се вика одбрана...
Не смееше да се дозволи толку лесни голови,проток на топка,да се дозволи играта да се насочува кон средина и Велко и Ацо да интервенираат,а тие се најтрапави во цела одбрана,и нивната задача е едноставна
БЛОК И ЧУВАЊЕ ПИКЕР.....
Ние сакаме да играме 6-0 зона,а од 2 и 5 не бушат како Гранд Фолк певалка...

Па во 6-0 зона,баш тие позиции треба да ти се едни од најдобрите во зоната...
А кај нас кого го имавме?
Жути,тотално аут денес,очај,исфрлен од ритам,како да му беше сеедно шо игра,освен пеналите и исклучувањата шо ги изнуди не изигра ништо...
Го покажа своето неубаво лице-
нервозното,има такви моменти,а се изгуби тотално...
Уште на полувреме напишав дека не ме радува Жути,се виде дека е аут...
На 5ка кого го имаме?Столе?
Па не можи бре Столе да го чува Доленец,па ниту Натек..истото важи и за Никола Маркоски,трапав игра,бавен,играч кој според мене освен на 3,4 не би го играл никаде во одбрана...
Не се двата брзи на нозе,немаат покретливост,едноставно Доленец и Натек не избушија тотално,посебно Доленец кој ни закачи 4,5 гола и даде еден куп топки до Гајиќ..
Плус Натек на крај не дотолчи со бомбите од надвор....
Да не должам,за 6-0,како шо сакаме да играме ти требаат суртуци како Јурецки,Горбок,Лијевски и сл...
Да ти дадат густина во зона,широк распон на раце итн...
Арно ама,на времето ние го имавме Аљушот,кој добро затвораше на 5ка па имавме одбрана...
Сега неаме ни играчи за да изиграме поистурена одбрана...
Во Србија ги имавме Бранче,Митков,Темелков да не го заборавиме кој играше на 2ка...
Тука е разликата....
Без ротација во одбрана,без избаланасиран тим,односно кој играч би менувал одбрана-напад не тераме далеку...
За ова да се среди,ќе мора,ама ќе мора
лев бек во селекцијата....(некој со висина,тежина,да игра на 5ка)..
И друга работа треба да знаеме шо сакаме во иднина кога ќе одиме на големи натпреварувања,за одбраната мислам...
Ако сакаме 6-0 да играме ќе си земиш играчи за 6-0,ако сакаш за други варијанти ќе си бараш други играчи(ама за ова ќе се осврнам на крај,за селекторот)...
ГОЛМАНИ
Тотално аут,уште еднаш се покажа правилото дека
ако не отворат како треба не ги барај воопшто...
Со само 19% успешност,или вкупно 7 одбрани на двата голмани немаше ни Египет да го тепаме..
Старото непишано правило кога се работи за двата наши голмани-
топло-ладно...
Ќе дадат добра партија,па ќе ги снема,па пак одново...
Точно е дека одбраната затаи денес,и тоа како,посебно со спречување на тие отворени шутеви,ама голем дел од шутевите,посебно на Натек,Скубе во прв дел, мораше да се фатат....
Полека завршува ерата на Диви,Борко ќе тера уште некоја година..
Заебано е шо нема ни на километар голмачиња шо можат да ги заменат..
За Митревски се е кажано,неспорно е дека дечкото имаше талент,ама пуста висина,со 180и некој сантим дечко не ти преостанува ништо друго освен да си купиш штикли(со високи потпетици)..
Кој ќе ги замени?Чаневски,Ивановски од Мрк?Немаме никој....
Напад-
Прво и основно...
Наумче Мојсоски-Јас да сум на твоето место сам ќе излезев,немаше да чекам да ме вадат..
Ало бре Мојсо,дали си ти нормален бре?35 години напрај,срамота е ова шо го изигра денес,очај,најслаб беше убедливо,изгубен тотално....
Барај шут бе,алооо....имаш шут,имаш финта со тело(е сега шо си повреден и внимаваш да не се повредиш пак е друга работа)...
Ама за лев бек,да имаш само 2(два)обиди кон гол е фрапантно....мизерно....
Наместо тоа,ми изиграва некој асистент па преку галва пробуваше да асистира....
Резили,тотално се разочарав од Мојсо,по ова денес шо го изигра не заслужува да игра повеќе...
Кога можи во Металург да има преку 15 шута на меч,овде ми изиграва некоја жртва на тактиката...
Море ајде таму гони се и ти и тој брат ти шмеќерот...одете штрајкувајте таму кај Минчо,немој да си играте со нервите на луѓето..
Жути-Тотално аут во напад,нерезонски пробиви,обиди насила да дојде до позиција за шут,нешто нетипично за него,барем не во репката...
Реков,имаше некој ќар од него(со исклучуавањата и пеналите)ама со црвениот картон не поеба машки,ни ги сече нозете...

Чист црвен.за врат старт,нема збор...
Коректно судиите го избркаа,кога сме кај судиите,одамна сме немале ваква арбитража...и прашање е дали ќе имаме некогаш?
Повеќе од ова здравје,и пак не искористивме...
Прибак,Вуги-не се тие криви,посебно не Прибак за промашувањата,а уште помалце шо Прибак не е лев бек,а беше пуштен таму...
Вуги освен пеналот шо го промаши не доби ниедна топка...
Кире-и тој нервозен,но сепак дечкото е невиден професионалец,и нема емоција кај него,без разлика на се продолжува со својата игра...
Единствена замерка за него,е шо заради него во селекцијата сеуште го трпиме неговиот дудук од брат..
Крилата-ПЕРФЕКТНИ
Промашувањата шо дојдоа во најнезгоден момент,на секого можат да му се случат,јебига,цела утакмица ја изиграа без одмор..
Околу другите крила...
Овде Обрван требаше малку да смени,да го пушти Бутино малку,да пробавме да видиме како ќе се снајди со Доленец,иако имаше дефицит со висина,вака битката ја изгубивме во битката со десната страна на нивниот напад,не отепаа од таму,речиси 20 парчиња примивме од 3 играчи...
Пикерите-
И тие одлични,посебно Столе,машки се бореше до крај,и во одбрана и во напад..
И Маркоски изигра горе долу колку шо му е силата,не можиме од него да очекуваме нешто повеќе...
И на крај за ИЗБОРНИКОТ....
Добро ја водеше селекција во текот на целиот турнир,но еве кога заврши се морам да се запрашам нешто...
За кој
го земаше Филипче во селекција?
За да ја пее химната?
Јасно е дека Кире прај притисок и сите тие работи,ама пичка му матер бре,дај еднаш ако веќе сте селектори побарајте нешто да смени..
Не оди вака,без лев бек играме,21 век,а новодно се бориме за олимпијада..
Па барај од РФМ,влада,нека натурализираат некој....
Ако не ај упм фатете,сакаме ракомет да играме со еден бек,е така не се победува...
ОКОЛУ ИДНИНАТА...
Да не се заебаваме и лажиме,тие таленти како Талески,Нелоски и компанија се недокавакани играчи...
Дале два гола со Борац,дале 10 гола со Зомимак и одма ги прогласија за вундеркинд,за играчишта..
Чекај бе полека,кочи..
Играчи се прават на големи мечеви,на големи натпреварувања...
Наместо сега да ги земат и покрај Кире да научат нешто,тие решија да го земат Талески,да ги помини грото од припремите со А селекциија,и после демек
абе попотребен беше на младата селекција..
Се виде колку вредат,не газат во сите конкуренции...
Значи не велам јас дека не чинат децата,можеби се добри,ама како ќе се направат играчи,и уште поважно прашање
КОГА?
Ќе ги чекаме 10 години?
Значи работата е ептен алармантна,полека но сигурно како шо рече Жути оваа генерација ќе ги спакува куферите..
Ќе останиме само со крилата,Столе,браќата Маркоски и ако сакаат да продолжат Жути и Борко,се друго за брзо ќе се повлечи..
А ни на лагер неаме замени,посебно на бековски позиции,пред се на десен бек...
Ова СП,и најверојатно ЕП во Послка(на кое најверојатно ќе се пласираме,ако не се заебаваат Французите и им ја пуштат на Чесите во гости).....и толку од нас..
И прашање е кога пак ќе не има на големо натпреварување,каква олимпијада какви бакрачи..
Наместо за тоа да се замараме,ние рониме крокодилски солзи
дали ќе сме оделе на ОИ?