Македонија - Шпанија [ 22.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Гледам нема тема па си викам ајде и јас да направам сефте.
Некој посебен вовед не е потребен. Повеќе или помалку се е познато.
Шпанците несомнено се фаворите а нашите уморни и со нарушена внатрешна атмосфера поради испадот на Ангеловски. Но од друга страна пак секогаш сме знаеле да изненадиме кога најмалку од нас се очекувало. Така да утре опуштено па шо биде нека биде. Јас по приорода никогаш не се предавам кога спортувам па нема потреба и овој пат однапред да вадам бело знаменце.
Момците имат подршка од мене и утре, мислам дека тоа е најмалку што заслужија.
 
Ќе изгубиме онака со по 6-7 разлика... Уште од сега си го замислувам крајот како се поздравуваат и како коментаторот на Сител нешто збори.:D
 
Ке си изгубиме али од Шпанија не е страшно да се изгуби воглавно првенствово го изигравме во рамките на можностите со овие играчи ова е и максимум ми се чини и ако Кире има болки нека не го ризикуваат џабе човекот и онака немаме некој шанси да земем некој бод
 
Нека ова биде последен настап на наша репрезрнтација пренесуван на сител.
Друго не сакам и онака ништо не значи, само знам дека без шанси не сме.
 
Нека излезат и нека изиграат машки, најдобро што можат, Борко нека фати некоја топка и нека се борат до крај. Ако веќе губиме, да изгубиме достоинствено.
 
Сакам израмнет натпревар во поголем дел од мечот па макар и би изгубиле сакам да се нанериврам уште еднаш за крај :D
 
Сега Шител ке најави шпица.... Македонија во финале, готово е, најдобри сме.... само уште Шпанија и Данска да ги поминеме...
Така беше најавата за со Австрија едвај спасивме гс.... вака идеше... Македонија во втор круг, идеме понатаму сигурно, навивајте за нашата репрезентација, 102.99% идеме даље, саааамо уште Австрија да ја поминеме, ко божем австрија се некоја затуцана репрезентација што не знае топка да држи, па нема да имаме некаков отпор од нив.
 
Искрено Австрија се покажа како многу поспособна репрезентација него што сите очекуваа, секој коа ќе ја видеше нашата група викаше губиме од Данска, ги тепаме Австријците без проблем и одлучуваме со Чешка. Премногу играчи натурализирале и добро се вклопиле меѓусебе, алал да им е што успеале во тоа, играчи од едно 5-6 држави сигурно имаат земено.
 
Тешко,слаби сме.....а и немаме више душа...толку ни е...:unsure:
 
Нека ова биде последен настап на наша репрезрнтација пренесуван на сител.
Друго не сакам и онака ништо не значи, само знам дека без шанси не сме.
Шанси секогаш постојат. Ако можеше Австрија да ја намачи Шпанија, секако дека можиме и ние. Прашањето е-дали сакаме?
Мене повеќе ме интересира шо се случува внатре во репрезентацијата, какви се кланови постојат, шо срања се случуваат и дали конечно кога нашиве ќе се вратат се ќе се извади на виделина.
 
Мене ме интересира друга работа...Со оглед на фактот шо сите се согласуват дека Шпанците ги имаат најслабите голмани на првенството , ако успееме и овие да ги разбраниме е тогаш сме стварно ама стварно легенди :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom