Македонија - Шпанија [ 22.01.2014 - 16:00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секој што мисли дека заради Прибак изгубивме во трите меча, слободно може да си стави авто-цензура за гледање ракомет доживотно. Истото важи и за оние кои се против неговата натурализација.

Еден да речеше бе дека е против тоа пред да почне Европсково. Што мислевте вие, дека Прибак е Месијата дојден да дава по 10 гола на утакмица? Не можам да сфатам до каде може да оди човековата егоцентричност. Бранко со 36 години кажува кој да игра кој не. Дртало старо, задачата што ти е дадена изврши ја и ќути. Да им беше на овие говеда Вилбек или оној мустаклијата што ги водеше Германците до пред 5-6 години дали еден збор настрана ќе речеа или ќе ќутеа ко мулиња. И војска биле и пак не знаат авторитет да почитуваат. Се замараат со работи што не им се од работа. Јас лично со две раце ќе прифатам репрезентација без вакви егоисти како Бранче и плачипи*ки како Кире, а со млади деца кои се спремни да работат и да изиграат тоа што се бара од нив, па макар и последни биле на секое првенство.
 
Остајте ги Перо, Кире и Пандев на страна. Тие колку што вредат, останативе да ги собереш, помножеш со 10 и да ги шутнеш на 10км од место на случување. Незнам што се фаате за фаци кои навистина се одлични, еве гледаме и каде да отидат се ценети и се играчи на место.

Ама таму кај што го ценат Кире знаеш зошто го ценат? Зошто не се праи дека е над сите, зошто има многу луѓе што се над него и зошто они му го даваат лебот, па несмее многу многу да паламуди. Си ја работи работата како што ке му кажат и крај.

Тука незнам што изиграва, играч, капитен, тренер, директор на репрезентација, све у едно.

Мислам дека нема човек што не му е благодарен за се што напраил за ракометов и општо државава, и од овие тројца што ги спомна он е на некој начин ''најчист'' и многу ретко се гледа да се плука по него.

АМА, се запрашил ли некој досега за што го користи авторитетот?
За бркање на тренери и бутање на батиња во репрезентација?
Што не го искористил за да побара подобри услови за репрезентативците на пример, подобри припреми и слично, нешто на што сите национални тимови се жалат одкога знам за себе.

П.С. Не ме мешајте со идиотите што коментираа на утакмиците дека без Кире сме биле подобри, бесмислено е тоа воопшто да се коментира. :)
Ова е само едно мое согледување на работите од еден друг агол.
 
Играчите го носат државниот дрес на вакви мали шетњи т.е. екскурзии и без разлика кој е селектор, ако сака нека е и некоја врста на афрички мајмун, нивно е да се залагаат 100% и да прават како што ќе им се каже. Ако нема резултати, ќе се види дека е до селекторот, тренерот, а не да даваат свои идеи како може а како не може. Мора бе веќе еднаш да се научиме да почитуваме авторитет...
 
Овај Саламата(Милошевски)бара алиби...очигледно е дека нешто одамна смрди во селекцијата..
Како федерација тој не е компетентен да дава изјави дали Бранче кажал нешто шо треба или не треба...
Ако мислат да го санкционираат си има некои комисии(или би требало да има)и таму нека делат санкции,не да се препуцаваат по медиуми..
Си кажа Бранче се како треба,според мене МАШКИ В ЛИЦЕ,ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ.... иако не делува така...
Подобро така отколку како некој политичар како Кире ЈАС ЌЕ ГО КАЖАМ МОЈОТ СТАВ ПО ЕП ЗА МИР ВО КУЌАТА...:cenzura:
Добро бе ние малоумни сме ние?
Капитенот признава дека нешто не чини,ама си ќути,притоа одбива да игра на последниот меч,си гледа сеири како неговата замена(само на хартија)Митков го срами ракометот,си игра мајтап цела Европа со нас ејјј една Австрија играше рамо до рамо со светскиот првак,а ние?
И сега кој е крив?се знае,ќе го извадат Бранче како дежурен виновник и ќе го пикнат ѓубрето пак под тепих,како многупати досега ќе ја заташкаат работата,ете недела ќе добиеме ривал за бараж па со тоа ќе не маткаат со месеци и помина карванот,а кучињата нема да џавкаат....:tapp: ...
Барем имаше храброст дечкото,колку сакајте критикувајте,Бранче постапи машки,си кажа дека не му чини шо Прибак игра,за разлика од него другите кланови предводени од Кире,Мојсо сеуште не одговорија зошто од репрезентацијата се отстрани Стојановиќ,баш кога беше во топ форма....
Зошто игра со години едно дрво како Козла?да се нервираме со таков играч?
Ќе одговори Наумче на ова?
Ај у курац таму,сите се лицемери,знаат да продаваат патриотизам само кога има полна сала,е па сега немаа полна сала не е ова Ниш,Белград...помина тоа време....
Настрана ова...
Ете РФМ вели дека направиле се..
Можеби организационо да,освен тој кикс со полетувањето кој сепак мораме да признаеме дека не е нивна вина...
Но тие,ова и претходните раководства се виновни зошто немаме национална ракометна стратегија...
Да се сугерира на клубовите како да ја развиваат младината,која одбрана ќе се игра...
Пред некој ден Стефановски зборуваше за Хрватска,Хрватскиот сојуз донесол наредба сите клубови во своите академии да ја усовршуваат 3-2-1 одбраната...
Значи таа зона да се учи од најмала возраст..
Е па ќе вадат деца,е па ќе имаат одбрана,ќе се враќаат со медали од сите првенства....
Па гледајте ги бе нашите,грото не знаат топката да ја прифатат,грото со две раце ја фаќаат топката,една контра не знаат да реализираат нашите суртуци Митков,Јоноски,Велко,Никола Маркоски,да повлечат сами,да одат кон гол,е па да ми фрли контра некој еден на еден со голман и јас ќе дадам гол...и кај ќе одиме со овие?
На меч со никаква важност(барем таков го направија)Велко добива 2x2 минути,пред се второто искклучување(ударот врз Гарсија)тотално дебилски,класично лечење комплекси..
Дури и кога сакаат да спречат напад не знаат,е па ова се учи од мал,не се учи на 25 години...
Скандинавците ги учат децата прво на основите,како да ја прифатат топката,како да се движат брзо со топка,ние шо ги учиме децата?
10 минути некој тренинг и 50 минути фурај контри и пенали...
Тактичка подготвеност никаква,ментална нула...
Е па после ќе вадиме таленти како погорепсоменатите...
Ги гледав речиси сите мечеви на ЕП,па ние сме за жалење верувајте,не видов ниедна репрезентација која игра послаб ракомет од нас(ај Србите до негде,ама Србите имаат квалитет,барем во имиња,зошто немаат игра треба да се запрашаат)...
Да не го тупам,да се нервирам за џабе....
Значи ако РФМ навистина има ингеренции,ако во тие костумосани директори има некој шо разбира ракомет треба да пресечат...
Фала многу за Митков,Козла, и остала боранија...
Да се донесат млади деца,пред се бекови,ако не се погоди Никола Маркоски нека се проба со Пешевски....
Мора да се засили конкуренцијата,,,,,
Ете одиме на големи натпреварувања,освен во 2010,11 на сите големи смотри сме учествувале последните 5 години,и само стагнираме,стагнираме...
Освен Столе не добивме ниту еден играч сите овие години,Манасков,Џомба до некаде,и тоа е се...
А гледајте ги другите селекции какви деца извадија,какви трансфери им направија.....
Ако вака се тера подобро да не се пласираме во Катар да се срамиме,па да ни земат скалп некои селекции како Бразил,Аргентина...да се резилиме уште повеќе....
 
Секој што мисли дека заради Прибак изгубивме во трите меча, слободно може да си стави авто-цензура за гледање ракомет доживотно. Истото важи и за оние кои се против неговата натурализација.

Еден да речеше бе дека е против тоа пред да почне Европсково. Што мислевте вие, дека Прибак е Месијата дојден да дава по 10 гола на утакмица? Не можам да сфатам до каде може да оди човековата егоцентричност. Бранко со 36 години кажува кој да игра кој не. Дртало старо, задачата што ти е дадена изврши ја и ќути. Да им беше на овие говеда Вилбек или оној мустаклијата што ги водеше Германците до пред 5-6 години дали еден збор настрана ќе речеа или ќе ќутеа ко мулиња. И војска биле и пак не знаат авторитет да почитуваат. Се замараат со работи што не им се од работа. Јас лично со две раце ќе прифатам репрезентација без вакви егоисти како Бранче и плачипи*ки како Кире, а со млади деца кои се спремни да работат и да изиграат тоа што се бара од нив, па макар и последни биле на секое првенство.

Еј абе не влегуваш во репрезентација да браниш шо се силиш :P :D
 
Си кажа Бранче се како треба,според мене МАШКИ В ЛИЦЕ,ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ.... иако не делува така...
Подобро така отколку како некој политичар како Кире ЈАС ЌЕ ГО КАЖАМ МОЈОТ СТАВ ПО ЕП ЗА МИР ВО КУЌАТА...:cenzura:

Бранко ова првенство за разлика од претходните неколку е мноогу подобар и то е факт. Спрема оние мизерии во Хрватска, Србија, Шведска... Сосема поштено си изигра. (y)
Од тој аспект вервам дека изјавата е даена во афект, само заради тие моменти кога непотребно се држеше Прибак во игра, кој едноставно не се снајде, комплетно беше изгубен а сигурно со Бранче во тие моменти ќе бевме поопасни во нападот (утакмиците со Унгарија и Исланд).
Од друга страна, истиот тој Бранче... беше во улогата на Прибак неколку првенства наназад, кога Раде и Кузмановски го гледаа од трибина или од дома него и Филипче како ја гушат играта па никому ништо. Бранче не е од вчера во репрезентацијата, и сигурно многу добро ги знај сите тие подмукли шеми и игри шо ги терат Кире, Мојсо и Борко. Ама ваква изјава дава после војната, откако пропаднаа и тие надежи за 5то место. Шо ако случајно Прибак беше број еден играч на овие последни три утакмици? :cautious: Ако конкретно имаше против натурализирањето на играчите можеше да си кажи и после првиот тренинг со репрезентацијата...
А и пак остана недоречен... Нешто принцип на Алушо. И тој е 20 години во репрезентацијата, знај кај се пикаат валканите работи, ама наместо да излези и да кажи дека тој тој тој и тој се криви тој не се ни замара со то, пошто сигурно никој нема да одговара за своите постапки... Алушо станва директор на репрезентација и си свирка, така и Бранче не кажва се, само заради тоа што утре-другиден и тој се надева ако (пример) Кире е президенте на федерација и тој да начека некоја функција или што било друго. :sneaky:

И кои се тие проблеми шо ги има Кире па ќути и се таи за мир во куќата? Тоа што има секаква слобода во играта, па дури и по 3 промашени пенали можи да си приушти по утакмица? Или шо препоната го мачи токму во утакмици кога унапред се знај дека ќе не силоваат (како денес шпанците шо не изгазија). Колку шо Кире има даено за репрезентацијата, толку има и одземено со неговата самобендисаност и ароганција. :oops:
Па сеа и Мојсо излегва со изјава, и тој да избистри политиките за да случајно не го прашаат со што заслужил Козле да биди повикан. :rolleyes:
Едно е јасно, дека сега ќе се крени пак некоја прашина, и фино лепо ќе ја заташкаат и ќе ја спиноваат вистината, а уште на наредното првенство пак иста приказна ќе биди, прво ќе се чукаат по гради... а после ќе биди приказната и дека успех е и во втора фаза шо сме влегле :unsure:
 
^ Па пред ова првенство кажаа дка е успех ако влеземе во втора фаза.

Сигурдсон најдобар стрелец а ? И без тоа признание останавме :/
 
^ Па пред ова првенство кажаа дка е успех ако влеземе во втора фаза.

Сигурдсон најдобар стрелец а ? И без тоа признание останавме :/
Токму тоа и ги кочи психички, го гледам Џомба по победата над Австрија вика, сега ќе играме порастеретено. ?!?!?!? Не сум баш сигурна дека ние (публиката) и тие (играчите) имаме исто сфаќање на зборот растеретено.
 
Едноставно оваа година толку ни се силите, џабе паламудите.
 
Токму тоа и ги кочи психички, го гледам Џомба по победата над Австрија вика, сега ќе играме порастеретено. ?!?!?!? Не сум баш сигурна дека ние (публиката) и тие (играчите) имаме исто сфаќање на зборот растеретено.

После 5тото место на сите ни пораснаа апетитите.
Да не ги спомнуваме пропагандите на Сител, мислиш готово за медал се бориме.
Толку ни треба на нас, прашај ги каде беа 2009 во Хрватска, дали знаеше некој дека воопшто игравме?

Ама факт е дека за тоа 5то место сите коцки ни се поклопија, посебно што ја имавме публиката на наша страна. Еве погледнете ги тогаш и сега ракометарите и кажете дали има некој што напреднал од тогаш, па да бараме нешто повеќе.(да не збориме какви се пехови не ни се десија)
Столе, Манасков, Кире у најдобра форма...
Видете ги составите на другите тимови, а видете го нашиот, игравме со три бека цело првенство, нит ротација нит ништо.
Тоа и беше максимумот на оваа генерација.

Не ја гледам поентата зошто да си задаваат некои нереални цели, кога многу поубаво и полесно и ПОРАСТЕРЕТЕНО се игра кога не си под притисок и кога знаеш дека си ја исполнил целта и дека од тука само нагоре можеш.

Така беше и со 5тото на ракометарите и со 4тото на кошаркарите. После тоа, нараснаа апетитите и ОП, голем пад.
 
мислам дека не се разбравме, јас разбирам дека се поклопија коцките таму и не барам невозможни мисии да изведуваат, само тешко е да гледаш незалагање и безживотна игра. А сигурна сум дека барем Исланд можеше да се добие. :) растеретено значи да играш без притисок, па и да изгубиш голема работа, а не да кренеш нозе на маса и да си кажеш готово е со нас на првенството:)
 
Во право си да. Јас пре би рекол дека уште на првиот натпревар со Унгарија беа вакви, во првото полувреме, затоа и примивме толку голови и на крај тоа се покажа поразително по натпреварот.

Стефче Стефановски што ги анализираше натпреварите на Тера Тв, му ги гледав скоро сите анализи на првенствово на јутуб, и стално потенцираше ''се можам да простам, повреди, неквалитет, неуграност, ама не и незалагање''. И у право е човекот.
 
Неможете само да замислите колку ми е мака што го испустија Раде само за бате филип да играл.Раде - лево, Кире- десно,Мојсо -средина... ќе незнаеја од каде дасе бранат противниците изминативе години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom