Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
. Русија е јака екипа и ке биде многгггггуууууу тешкооо! Ке треба по незнам кој пат да се надминеме себеси и да одиграме перфектно за да имаме добар резултат!
Поише сум за варијанта да си се радуваме уште сега на четврто место па се што ке биде поише од тоа да биде гооооолем плус!!

Уште само еднаш треба да се надминеме себеси .
Свесни се нашите дека е ова последен меч и ќе ги истрошат последните атоми утре , има да изгинат на терен , барем во тоа сум сигурен уште сега
 
301525_10150289737158235_563533234_7893071_1202301467_n.jpg
докузовски марин цпб единствени :)
 
Имам еден предлог: Да ја дадеме Лоба како трампа за победа :D

Во случај на несогласност од Лоба ,План Б : Влатко Илиевски (Морал ,не Влатко Што направивме) да им го пуштиме со 'Русинка' ,тогаш ќе бидат беспомошни :pos:.
 
Мене само едно ме плаши... заморот.
Јас вчера во последната четвртина видов играчи кои играа со последните сили. Едноставно не се машини товарот е преголем на неколку играчи што константно играат над 35-6 минути и немаат веќе снага ова е 10ти натпревар. Мотивот и желбата се големи ама незнам дали Влатко, Перо и Бо ќе го издржат и овој натпревар да играат 40 минути а да не се осети пад во играта после тешкиот натпревар со Шпанија.

Што и да се случи они веќе за мене го освоија златото, нека ја добијат + и бронзата само како сатисфакција за сите нив а нормално и за нас.
 
За Олимписките Игри повеќе прашуваа..
Од Европа квалификации ке играат Македонија,Русија,Литванија и Грција,од Америка(Северна и Јужна) Доминиканска Реп. , Порторико и Венецуела,2 сеуште непознати репрезентации од Азија,Ангола и Нигерија од Африка и Нов Зеланд од Океанија..Директно на ОИ одат САД,Шпанија,Франција,Велика Британија,Аргентина,Бразил,Австралија и Тунис..
307061_10150384378816271_131093616270_10366583_1988611816_n.jpg
 
Ајде само Грујо да пушти пари да се игра во Македонија така кажаа и вчера вечерта гледав на вестите дека може да се играат квалификациите во Македонија.Ќе гори :)
 
Против Русија треба да се одигра само смирено и пополека бидејќи знаеме сите дека не се нешто посебно и не се како Шпанија да не отвораат на секој напад ..проблемот ќе биди нашиот замор и нивниот племејкер со белиот ракав Швед..јас верувам во нашите момци бидејќи ќе излезат максимално мотивирани на теренот за да освојат медал а Русите кои со истиот тим имаат освоено злато во 2007 година не знам колку ќе бидат мотивирани за бронза..како и да е
 
Ќе биде многу тешко утре Русите нема да играат како што играа првата утакмица веќе ја знаат нашата игра и ќе имаат тактики како против нашата одбрана но и ние имаме мозок па и ние ќе знаеме што праат русите...со голема мотивација, помисла на одмазда и среќа можеме да ги победиме...ако ги победиме тоа ќе биде тесна победа од 2-3 коша разлика...според мене треба војдан да се форсира на шутерска позиција и мислам дека ќе немаме проблеми...после вчерашниот пораз очекувам Бо да влезе гневен и да ги распарчи :D
 
И да изгубиме ништо страшно.Ама ќе победиме,ќе им вратиме за несреќниот пораз.
 
после вчерашниот пораз очекувам Бо да влезе гневен и да ги распарчи :D

После Антиќ ќе вика, и овој другар ми Бо коа се навежбуе на сите Руси им ја скрши кичмата :)
 
Еј ама глупи квалификацииве, 4 групи по три екипи, па нокаут... Поубаво би било 3 групи по 4 екипи, и првите у група да се квалификуваат. Така ќе треба само да имаме среќа да избегнеме да се паднеме со европска репрезентација у група.
 
Ако освоиме бронза, не се враќам дома вечерта, и следен ден идам директива на факс :D
После тоа од факс на аеродром, и вечерта славење до рано сабајле :D
Нема да одам дури и на Вардар во недела (прва утакмица што ја пропуштам годинава) само за овој дуел.
Мора да се дојде до медал, ЕДНОСТАВНО ЗАСЛУЖУВАМЕ!!!!

Тоа е тоа брат,и јас решив да ја пропуштам со Брегалница,оваков меч неможам да пропуштам,и сакав да идам Штип и јас,сакав Влатче да го гледам,али ајде здравје со Тетекс ке се иде.
 
Сите репрезентативци ни се изморени затоа ќе биде тешко и кај нив се но имаат они долга клупа за ротирање кај нас тоа го нема утре треба да го дадеме максимумот за последната утакмица потоа ќе имаат одмор.САМО ХРАБРО МОМЦИ!
 
Еј ама глупи квалификацииве, 4 групи по три екипи, па нокаут... Поубаво би било 3 групи по 4 екипи, и првите у група да се квалификуваат. Така ќе треба само да имаме среќа да избегнеме да се паднеме со европска репрезентација у група.

Не може да се паднеме со европска репрезентација во иста група колку што знам. :)
 
Не може да се паднеме со европска репрезентација во иста група колку што знам. :)

Да, да, затоа се и намерно ставени 4 групи. Тоа е глупо за мене, пак многу натпревари и може у нокаут да ти се падне јака репрезентација и да те заебе... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom