Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Не се плука по никого освен по него.Не мислев генерално за сите.За мене што и да направат пак ќе бидат херои и радо ќе ги пречекам на аеродром.
Зборот ми беше дека за сите Самарџиски е дрво од играч.Џабе му е висината и џабе му е масата која ја има.Искрени да бидеме,да не се лажеме.Е сега кога најверојатно Тоше нема да игра,ајде да видиме дали ние сме грешеле или сме биле во право.
--- надополнето: Sep 11, 2011 1:12 AM ---

Колку поени имаше Самарџиски денеска и колку скокови?Или ако сакаш дај ми целосна статистика од првенствово да видиме што направил тој.

http://www.eurobasket2011.com/en/ci....season_2011.roundID_7526.playerID_37960.html

Види и каква минутажа има.... јас не викам дека е ЗВЕР ама ти викам дека не е за вреѓање и напаѓање.... тоа ни се играчите од 2 Милијони народ и нив треба да ги бодриме, сигурно повеќе направил за Македонија од тебе или од мене.

Малку повеќе самодоверба да има и ќе биде супер! ;)

(Инаку што е до мене најголем антиталент во репрезентацијата е Чековски, ако го пратите подобро како игра ке видите....инаку тој е полу професионалец можеш по кафани да го видиш често, само работата е што збичи неколку тројки со Грција и му се крена самодовербата и сеа нормално игра подобро). Самодовербата е многу битна работа, често тој што има повеќе самодоверба победува а не тој што има повеќе квалитет.
 
Јас не знам зошто го критикуваат Самарџиски толку, добро изигра денеска со исклучок на крајот кога му се одби топката од нога и заеба напад за победа.
Инаку мислам дека и Гечевски да влезе (целиот испокршен) нема да може да изигра многу добро како што некокаш знаел. Јас верувам во Самарџиски, помлад е, поиздржлив, повисок, покрупен и не се сеќавам некој голем кикс пред кош да направил. Само му фали малку самодоверба.... се гледа дека се плаши малце да не згреши и тогаш најлесо е да згрешиш.... малку повеќе да верува во себе и мислам дека ќе помогне многу.....
Инаку ако ни падне Литванија ќе ни биде многу тешко, а мислам дека со Србија (не играат Србите многу добро во моментов) би можеле да изненадиме и после полни со самодоверба да видиме што може да се прави за медал. Мора со Русија да се победи, ако остават срце на терен и дадат се од себе предвидувам шок натпревар така да спремите апчиња за смирување..... :D
1.Денеска (а и со Грузија) изигра добро ,моја забелешка беше за претходните натпревари и продолжувам
2.Поврзано со првото ,можно е да е некоја слаба самодоверба кај него ,а дека е потенцијал не е спорно ете последниве со Грузија и Словенија очигледен е напредокот ,ама потенцијалот е уште поголем.Еве време е нека докажит една утакмица нека се испукат ,еве нека е со Русија.
(Бо ,Војдан и Перо мислам дека беа стандардно добри досега ,освен првата со ЦГ ама тогаш сите беа за нигде.А во секој натпревар досега уште по некој им е друштво во тие шо влечат напред цело време ,Чековски една утакмица /Илиевски/Дамјан.Сега е време за Самарџиски.А зошто да не пробаме и со Димчевски ,ризик ствара капитал ).
 
http://www.eurobasket2011.com/en/ci....season_2011.roundID_7526.playerID_37960.html

Види и каква минутажа има.... јас не викам дека е ЗВЕР ама ти викам дека не е за вреѓање и напаѓање.... тоа ни се играчите од 2 Милијони народ и нив треба да ги бодриме, сигурно повеќе направил за Македонија од тебе или од мене.

Малку повеќе самодоверба да има и ќе биде супер! ;)

Не знам дали направил повеќе од мене на пример за Македонија,али ај да не ја тераме на таков безвезен муабет.
И да игра по цела утакмица ќе биде ист.
Е ај сеа добро што ја виде неговата статистика.Сега ако не ти е мака можеш да погледнеш што направиле Кириленко,Гасол,Ноа,Мозгов,Крстиќ или пак ете некој што нема целосна минутажа како Куфос и Кантер.

И да,јас ги бодрам сите.Подеднакво.Само не можам да мижам пред некои работи и да викам дека Самарџиски е цар,кога не е.Можам да кажам дека Бо е најјак,можам да кажам дека Перо е вистински капитен,можам да кажам дека Гечевски е битен фактор во нашата репрезентација,можам да кажам дека Војдан ме воодушевува,но не можам да кажам за Самарџиски ништо повеќе од тоа дека е просечен.
Дај Боже да ме демантира,дај Боже велам.Ете ќе има можност во понеделник со Русија и после во 1/4 финале.Особено сега кога ''синокосиот кавадарчанец''се повреди и нема да може да настапи.
 
Сега му е моментот на Самарџиски, дали ќе не разубеди на сите или ќе го потврди докажаното. Му треба ќотек ама онака, мотивирачки :)))
Штета што Гечевски неможе да игра, а стварно изигра многу добро утакмициве досеа...
Да се надеваме дека Лестер ќе ги отвори у офанзива, додека Антич ќе игра добро дефанзивно :) исто така, неможам да се сетам на имињата, мислам дека беше Илиевски..Тој нека продужи да пуца и тие браќата :)

Да не изгубиме надеж, стигнавме до тука и се надевам дека оптимистички ќе продужиме :D:

А ако изгубиме (ај сеа остај патриотизам идеме факти :) ) за кое место играме?
Уште ли не си го запомнал, редно е... Ја разбираш кошарката у корен, свака ти част, добра анализа ...
 
Не знам дали направил повеќе од мене на пример за Македонија,али ај да не ја тераме на таков безвезен муабет.
И да игра по цела утакмица ќе биде ист.
Е ај сеа добро што ја виде неговата статистика.Сега ако не ти е мака можеш да погледнеш што направиле Кириленко,Гасол,Ноа,Мозгов,Крстиќ или пак ете некој што нема целосна минутажа како Куфос и Кантер.

И да,јас ги бодрам сите.Подеднакво.Само не можам да мижам пред некои работи и да викам дека Самарџиски е цар,кога не е.Можам да кажам дека Бо е најјак,можам да кажам дека Перо е вистински капитен,можам да кажам дека Гечевски е битен фактор во нашата репрезентација,можам да кажам дека Војдан ме воодушевува,но не можам да кажам за Самарџиски ништо повеќе од тоа дека е просечен.
Дај Боже да ме демантира,дај Боже велам.Ете ќе има можност во понеделник со Русија и после во 1/4 финале.Особено сега кога ''синокосиот кавадарчанец''се повреди и нема да може да настапи.

Со ваков просек за 15,3 минути на паркетот, кога би играл 40 минути би постигнал 11.24 поени и би имал 9.67 скока!:D

+Самарџиски е најдобар бананмен во репрезентацијата и 9ти на првенството. ;)

Сериозно, мислам дека не игра топ ама и не е дотолку како некој што го прават, игра просечно а треба аргументирано да се критикува (а не да викаат "оној мисирот") и да му се укажува на грешките за да почне да импресионора како што импресионира целокупната игра на репрезентацијата али мислам дека има луѓе тамо што се задолжени за тоа така да да се надеваме дека со Русија сите ќе изиграат топ и ќе изненадиме уште еднаш.
 
Секој дава колку шо можи...и тој сака да изигра подобро, ама то е... како и да е.....јас само би рекол:

Ајде сега да ги ебемеееее....само напрееееед.....МАКЕДОНИЈААА.....алееее
 
Незнам дали е попаметно да чуваме сили и да ја победиме само Литванија или пак да идеме на Русија и Србија???
 

Само мене ова не ми изгледа на нешто сериозно?

Мислам на скршеница на рака, од вакво паѓање со убаво испружени раце не сум видел досега. Можеби е само набивање, од каде инфо за официјално скршена, а можеби и тактизираат пак со него.. како што ги изненадивме Хрватите кои не го очекуваа на терен.

Гечо е ко феникс, пак ќе изникне во 1/4финалето против Литванија(Срб, Тур).
 
И јас мислам дека е набивање, дај боже да може да игра, потребен ние.
Самарџиски ми е некако влегматичен и се плаши.
 
Илиевски која контрола ја има на топката:cuc: Инаку тешко ни се пишува без Гечевски, статистиката вели дека кога тој не игра губиме :tapp: Ама се надевам дека ќе ја срушиме таа традиција. Што се однесува до другите Атнич најверојатно пак ќе игра 40 Мин :tapp: А добро е браќата да добијат малку самодоверба и да почнаат да шутираат 3ки повеќе овој Дамјан е најпрецизен ама некако детето се плаши...
 
Колективно играме добро, но барем јас најголем напредок од минатото ЕП до сега забележувам кај Владо Илиевски.

Добро е шо ги тепавме словенциве. Сега ни следува најсериозниот натпревар, бидејќи реално гледано Русија е подобра од Словенија и од нашиве јужни соседи..

Уште нешто шо е мотивирачко за нас е тоа шо моментално според бодовите сме меѓу трите најдобри селекции на првенството, заедно со Русија и Франција (по 8 поени).

Сите сме заедно со Македонија, па се надевам дека на русиве ќе ги извозиме како лада, па после сите ќе го славиме пласманот во 1/4 финале со по една чашка вотка

:)
 
Значи вака-пиевме УЗО Пилавас Морас Пробас,потоа ОЖУЈСКО пиво,потоа јадевме босански чевапи,летавме со финците,потоа поминавме низ Тбилиси,па се одморивме со Лашко пиво-е сега на ред е Водка да пробаме.Дали ќе не фати од руската водка или на нив ќе ги фати,ќе видиме утре!
 
Дајте бе број од Перо да му се јавам, да видиме шо ќе кажи за Тоше дали ќе игра!
 
Во друштво на вотката во бекграунд ќе слушаме “Јас Македонец, а она русинка“ :P

Е лошо ќе биде после ако се начукаме па да не ни дојде при рака некој Калашњиков :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom