Колумна на Влатко Ѓорчев во Дневник за Македонскиот банкрот
Ги цензурирав некој делови зошто беше повикување духови и барање алиби кое воопшто не му е потребно зошто според него Македонија е во подобра ситуација од Исланд,Британија,Калифорнија и Јапонија
Падот на БДП во првиот квартал во 2009 година во Јапонија е 9,1 отсто. Македонскиот пад е 0,9 отсто. Затоа Солана кажа дека „Македонија се справува со кризата на многу интелигентен начин“.........плукање по бранко и коминтерната..............................................................................................................Затоа, уште 100 пати ќе кажат дека земјата е пред банкрот, исклучиво во функција на напади кон Владата. Слушаме драматизирање на состојбите. Апокалиптични описи. Нарачани експерти. Анализи за економска катастрофа.Но, што всушност значи банкрот на една земја? Дали зборот „банкрот“ е адекватен за нашата ситуација? Кои држави банкротираа? Еве го примерот со Исланд.
Како ќе изгледаше исландскиот банкрот во Македонија? За почеток, еврото ќе беше 85 денари. Исландската круна девалвираше за 40 отсто. За банките? Во Исланд колабираа трите најголеми банки - Kaupthing bank, Landsbanki и Giltner Bank. Во земја со 320 илјади жители (колку половина Скопје) тие банки повлекоа 62 милијарди долари. Значи, за да се каже „банкрот на Македонија“ треба да имаме исландски пад на Стопанска банка, Комерцијална банка и Тутунска банка.
Колкав пад на БДП има некоја банкротирана земја? Исланд ќе има пад од околу 10 отсто, а Македонија ќе има 1 - 2 отсто. Инфлацијата во Исланд е 14 отсто и до крајот на годината ќе биде околу 70 отсто, а во Македонија е 0,6 отсто во првите 6 месеци на 2009 година. Падот на продажбата на коли во Исланд е околу 85 отсто. Долгот им е над 100 милијарди долари. И така натаму.
И Калифорнија е во банкрот. Пад на пазарот. Невработеноста е зголемена за 6,8 отсто. Намалени се средствата за едукација и за здравство. Околу 80% од државните паркови ги затворија. Цените на недвижности паднаа за 30 отсто. Америка е задолжена 370 % од нејзиниот БДП, а македонскиот долг е 25,9 отсто од БДП.
Британија се соочува со криза. Банките имаат надворешен долг од 4.400 милијарди долари, додека БДП на Британија е 2.100 милијарди долари. Вредноста на фунтата падна 15 отсто во однос на еврото, а секој час Британија се задолжува за нови 18 милиони евра. Секој час. Унгарија пред неколку дена мораше да прими финансиската помош од 25 милијарди долари и стравуваше од инфлација од 20 до 30% што ќе доведеше до губење на 1/3 од приходите на граѓаните.
Банкарите, од оние во Стар Египет, па се' до италијанските банкари (до крајот на ренесансата) седеле на клупа пред нивните банки. Клупа на италијански е „banca“. Кога нивните банки пропаѓале, симболично ја кршеле клупата на која седеле. „Banca rotta“ - клупата е скршена. Или преведено - банкрот!
И дали навистина „клупата ни е скршена“? Клупата им се скрши на Исланд, Калифорнија, речиси и на Унгарија. Но, не и на Македонија. Успеавме да го поминеме најтешкиот период со ограничени штети. Уште податоци? Падот на БДП во првиот квартал во 2009 година во Јапонија е 9,1 отсто, а минусот во Турција е 13,8 отсто. Македонскиот пад е 0,9 отсто. Затоа, пред три дена Солана кажа дека „Македонија се справува со кризата на многу интелигентен начин“.
Не е лесно и имаме проблеми. Се намалуваат приходите, тешко се полни буџетската каса, фирмите тешко работат. Тешко се живее.
Но, далеку сме од банкрот...............................................
Линкот