Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
маму им ибем... да ги запалиме сите на клада?

што знаат, врска немаат само тресат...

а и репчето не знае да го направи...

и фацата гледај каква му е

.....
...


абе вака било многу лесно... за 15 секунди го напишав... :pos2:
 
маму им ибем... да ги запалиме сите на клада?

што знаат, врска немаат само тресат...

а и репчето не знае да го направи...

и фацата гледај каква му е

.....
...


абе вака било многу лесно... за 15 секунди го напишав... :pos2:

Не си далеку од реалноста,посебно за Ќорчев,кој како и секогаш намерно не може да перцепира што се случува во реалноста.Или мислиш сега како и тој дека Јапонците ќе немаат леб да јадат со таков брутален пад на БДП кој им беше по 30 000 евра по човек,па ќе им биде по 27 000 евра со пад од огромни 10%?
Знаеш ли колку е БДП во Македонија,по човек?Малку помалку одколку што само годинава е падот на Јапонскиот БДП.Перверзно е да се споредува,итоа во јавен медиум,јас не знам како не му е срам?:toe:
 
Не си далеку од реалноста,посебно за Ќорчев,кој како и секогаш намерно не може да перцепира што се случува во реалноста.Или мислиш сега како и тој дека Јапонците ќе немаат леб да јадат со таков брутален пад на БДП кој им беше по 30 000 евра по човек,па ќе им биде по 27 000 евра со пад од огромни 10%?
Знаеш ли колку е БДП во Македонија,по човек?Малку помалку одколку што само годинава е падот на Јапонскиот БДП.Перверзно е да се споредува,итоа во јавен медиум,јас не знам како не му е срам?:toe:

па тоа е проблемот - во македонија многу се овци, кои даваат по 2 кила млеко, а тоа 30 денари по човек...

јас сум над јапонскиот просек и да сме сите такви, ќе бидеме подобри од јапонија...

Колумна на Влатко Ѓорчев во Дневник за Македонскиот банкрот

Ги цензурирав некој делови зошто беше повикување духови и барање алиби кое воопшто не му е потребно зошто според него Македонија е во подобра ситуација од Исланд,Британија,Калифорнија и Јапонија

Падот на БДП во првиот квартал во 2009 година во Јапонија е 9,1 отсто. Македонскиот пад е 0,9 отсто. Затоа Солана кажа дека „Македонија се справува со кризата на многу интелигентен начин“.........плукање по бранко и коминтерната..............................................................................................................Затоа, уште 100 пати ќе кажат дека земјата е пред банкрот, исклучиво во функција на напади кон Владата. Слушаме драматизирање на состојбите. Апокалиптични описи. Нарачани експерти. Анализи за економска катастрофа.Но, што всушност значи банкрот на една земја? Дали зборот „банкрот“ е адекватен за нашата ситуација? Кои држави банкротираа? Еве го примерот со Исланд.

Како ќе изгледаше исландскиот банкрот во Македонија? За почеток, еврото ќе беше 85 денари. Исландската круна девалвираше за 40 отсто. За банките? Во Исланд колабираа трите најголеми банки - Kaupthing bank, Landsbanki и Giltner Bank. Во земја со 320 илјади жители (колку половина Скопје) тие банки повлекоа 62 милијарди долари. Значи, за да се каже „банкрот на Македонија“ треба да имаме исландски пад на Стопанска банка, Комерцијална банка и Тутунска банка.

Колкав пад на БДП има некоја банкротирана земја? Исланд ќе има пад од околу 10 отсто, а Македонија ќе има 1 - 2 отсто. Инфлацијата во Исланд е 14 отсто и до крајот на годината ќе биде околу 70 отсто, а во Македонија е 0,6 отсто во првите 6 месеци на 2009 година. Падот на продажбата на коли во Исланд е околу 85 отсто. Долгот им е над 100 милијарди долари. И така натаму.

И Калифорнија е во банкрот. Пад на пазарот. Невработеноста е зголемена за 6,8 отсто. Намалени се средствата за едукација и за здравство. Околу 80% од државните паркови ги затворија. Цените на недвижности паднаа за 30 отсто. Америка е задолжена 370 % од нејзиниот БДП, а македонскиот долг е 25,9 отсто од БДП.

Британија се соочува со криза. Банките имаат надворешен долг од 4.400 милијарди долари, додека БДП на Британија е 2.100 милијарди долари. Вредноста на фунтата падна 15 отсто во однос на еврото, а секој час Британија се задолжува за нови 18 милиони евра. Секој час. Унгарија пред неколку дена мораше да прими финансиската помош од 25 милијарди долари и стравуваше од инфлација од 20 до 30% што ќе доведеше до губење на 1/3 од приходите на граѓаните.

Банкарите, од оние во Стар Египет, па се' до италијанските банкари (до крајот на ренесансата) седеле на клупа пред нивните банки. Клупа на италијански е „banca“. Кога нивните банки пропаѓале, симболично ја кршеле клупата на која седеле. „Banca rotta“ - клупата е скршена. Или преведено - банкрот!

И дали навистина „клупата ни е скршена“? Клупата им се скрши на Исланд, Калифорнија, речиси и на Унгарија. Но, не и на Македонија. Успеавме да го поминеме најтешкиот период со ограничени штети. Уште податоци? Падот на БДП во првиот квартал во 2009 година во Јапонија е 9,1 отсто, а минусот во Турција е 13,8 отсто. Македонскиот пад е 0,9 отсто. Затоа, пред три дена Солана кажа дека „Македонија се справува со кризата на многу интелигентен начин“.

Не е лесно и имаме проблеми. Се намалуваат приходите, тешко се полни буџетската каса, фирмите тешко работат. Тешко се живее. Но, далеку сме од банкрот...............................................

Линкот

го прочитав дневник....

и сега ова стварно - маме му ебем ПЛАГИЈАТОРСКО!!!

да не е некој тука влатко ѓорчев?
 
па тоа е проблемот - во македонија многу се овци, кои даваат по 2 кила млеко, а тоа 30 денари по човек...

јас сум над јапонскиот просек и да сме сите такви, ќе бидеме подобри од јапонија...
го прочитав дневник....

и сега ова стварно - маме му ебем ПЛАГИЈАТОРСКО!!!

да не е некој тука влатко ѓорчев?

Можеби Влатко те зема тебе за Македонски “урнек“,па затоа и колумините му се онака оптимистички и набилдани во корист на Македонската “интелигентна“ економија,барем според Солана,кој едно време викаше дека сме имале и храбри лидери,кога го потпишуваа с-рамковниот договор.Додуша тогаш заборави намерно да спомене колку лидерите ни се умни,ама 2-3 пати спомена само за нивната “храброст“,па затоа деновиве ќе му доделат и орден.:smir:
 
Ќорчев...... моментално статиста во претставата:
АГОНИЈАТА НА ЧАПЛИНСКИОТ ДИКТАТОР
 
па тоа е проблемот - во македонија многу се овци, кои даваат по 2 кила млеко, а тоа 30 денари по човек...

јас сум над јапонскиот просек и да сме сите такви, ќе бидеме подобри од јапонија...



го прочитав дневник....

и сега ова стварно - маме му ебем ПЛАГИЈАТОРСКО!!!

да не е некој тука влатко ѓорчев?

Па и јас после читањето на колумнава каде си го замислив Влатко како источњачки мудрец со зен смиреност во својот глас доживеав катарза.
Сега вака исчистен одам во ливада полна со разлетани глуварчиња каде ќе потрчам бос по влажната трева од утринската роса и славејчината ќе пејат Македонија , Македонија е прекрасна облечени во тукседо како Френк Синатра.
 
Точно,само што заборавил при својата колумина да напомене дека економиите на споменатите земји кој годинава имаа пад на БДП предходните години имаа и несразмерен пораст,за разлика од Македонија.Значи споредено со нас порастот на овие економии кој Ќорчев ги споредува во својата колумина изнесуваше со неколку проценти повеќе годишно одколку кај нас за 3-4 години заедно.Токму затоа и падот кај нив може да изнесува и 100% па да биде помал одколку нашиот со 1% во реалноста.

Абе кај има овој капацитет да помисли какви економии споредува,со колку приходи,какви организации,корпорации,какви даночни системи,какви олеснувања,стратегии,функционирање на право,финансиски пазари кои се развиени до макс. сто посто различен банкарски ситем...
Затоа сите од овој ешалон се споредуваат со Германија, Словенија, Грција,зошто поим немаат што зборуваат.Тоа е се популизам,гол популизам како што го викам јас,ама еве сврти по темава,ќе најдеш барем десет души кој ги прават истите споредби.Тоа е за мачкање очи на народ за светскава криза,како они биле погодени па видете не нас,ние цутиме.Копуци.
 
Omfg не споредува со европски земји кои имаат развиена економија и асална инфраструктура и дај бре жити мене купете му јаже на моронов да се обеси имаа никако да заврши факултет,ебате неспособниот и најде да соли памет јас не занм зошто му даваат простор воопшто

Пуштетего малиов да се филма, затоа ако не пишува вакви работи може адго снајде реконструкција, од колумната што ја напишал да земе да ја прочита и самиот ке се изгуби , па ке каже еве комуњариве не местат гледајте што пишуваат, Македонија ја споредува со јапонската економија......... апло невиден, Ќорчев и економија две различни појави ко, ден и нок
 
маму им ибем... да ги запалиме сите на клада?

што знаат, врска немаат само тресат...

а и репчето не знае да го направи...

и фацата гледај каква му е

.....
...


абе вака било многу лесно... за 15 секунди го напишав...

нееееее..јас предлагам трупци , остра балтија и најмен Јеменски...искусен џелат...сепак кладите ќе имаат штетно влијание на дрвниот фонд во Македонија..., башка оградата на Собрание која се планира заради заштита од " одушевените " граѓани ќе може традиционално и соодветно ...да се украси... :vozbud:
 
јас сум над јапонскиот просек и да сме сите такви, ќе бидеме подобри од јапонија...

ТИ СИ МАКЕДОНИЈА!!!!!!:vozbud:

да не мешаме баби и жаби...политиката на градење споменици сали од кои многумина се офајдија...со преродбенички мисли е очигледна.

каде е извозот да покрие??

а еве сега и иселениците се изгубија..од кризата и они се погодени...така да не е на арно е сега македонија не била пред банкрот ама славески вели така..па знаеме дека утна многу работи во име БОГОВИ ама таа е:toe:


 
Буџетот тоне, ребалансот доцни

Иако од ДДВ во јуни се слеаја 20 отсто помалку пари во државната каса споредено со истиот месец лани, министерот за финансии Ставрески ќе чека да ги види приходите во јули и август за да одлучи дали ќе го крати буџетот

Владата не брза со ребаланс на буџетот, него веројатно ќе го направи дури на крајот на летото, во септември. Ова вчера го потврди министерот за финансии Зоран Ставрески, според кого, наредните два месеца ќе одлучат колку ќе скрати со наредниот ребаланс. Според Управата за јавни приходи (УЈП), даночните приходи во првите шест месеци годинава паднале за 12,5 отсто споредено со лани. Толкав пад најави и ексминистерот за финансии Трајко Славески и пред разрешувањето го повика премиерот Никола Груевски итно да го скрати буџетот за 100-ина милиони евра. Експертите, пак, препорачуваат кастрењето на државната каса да биде уште подрастично.

Најзагрижувачки е падот на данокот на додадената вредност, кој во државната каса носи најмногу пари и е мерило за тоа каков е стандардот на населението и колкава е стопанската активност во земјата. Во јуни тој во државната каса слеа 20 отсто помалку пари отколку во истиот месец минатата година. Во минатиот месец беа прибрани 36,8 милиони евра од ДДВ, а лани во истиот месец од оваа давачка во буџетот се слеаја 45,8 милиони евра. Годишниот пад на данокот на додадената вредност во мај беше 24 отсто.

Меѓутоа, министерот за финансии Зоран Ставрески тврди дека нема причини да брза со прекројувањето на буџетската каса.

- Според анализата што ја направи Министерството за финансии, до крајот на третиот квартал годинава треба да се изврши ребаланс на буџетот. Колкави корекции ќе бидат потребни, односно колку ќе се крати од буџетот, ќе зависи од приходите што ќе се остварат во јули и во август. Веќе во јули се забележува тренд на стабилизирање на даночните приливи - вели Ставрески.

Експертите по јавни финансии меѓутоа, тврдат дека даночните приливи во лето секогаш се намалуваат. Тогаш расте и дефицитот во државната каса. Во Финансии вчера не кажуваа колкави биле расходите во минатиот месец. Ова министерство во наредниот месец ќе мора само за достасани обврски од државните записи и обврзници да плати 37,5 милиони евра. Најчесто Министерството за финансии организира нови емисии на записи со кои кај стопанството се задолжува приближно онолку колку што мора да врати стар долг од претходни позајмувања.Според Мирољуб Шукарев, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Владата не треба да одлага со ребалансот бидејќи со нереалниот буџет секојдневно прави долгови што не може да ги плати од се' послабиот прилив во државната каса. Тоа ја принудува да се задолжува уште повеќе.

- Владата мора итно да ги приспособи буџетските расходи на реалните приливи во државната каса. Ситуацијата е алармантна и решенијата не трпат одлагање. Доколу Владата се решеше за подрастичен ребаланс во април, сега ќе ги немаше овие проблеми. Таквиот ребаланс ќе предизвикаше уште понизок економски раст, но барем тој ќе беше пореален и за него немаше да плаќаме висока цена - смета Шукарев.

Даночните приходи паѓаат од почетокот на годината, кога светската економска криза почна да се прелева во Македонија. Според УЈП, тие во првата половина од годината биле покуси за 12,5 отсто, споредено со ланските приливи во истиот период, а 3,9 отсто од планираното со ребалансот. Тоа е 19,3 милиони евра помалку од очекуваното. Поради падот на даноците, од буџетот се' потешко се сервисираат и основните функции. Пред своето разрешување Славески јавно призна дека 175-те милиони евра прибрани од емисијата на втората македонска еврообврзница ќе бидат за платите на јавната администрација и за пензиите.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DAE6D6332CAAC74C995C5353D0476989
 
Абе кај има овој капацитет да помисли какви економии споредува,со колку приходи,какви организации,корпорации,какви даночни системи,какви олеснувања,стратегии,функционирање на право,финансиски пазари кои се развиени до макс. сто посто различен банкарски ситем...
Затоа сите од овој ешалон се споредуваат со Германија, Словенија, Грција,зошто поим немаат што зборуваат.Тоа е се популизам,гол популизам како што го викам јас,ама еве сврти по темава,ќе најдеш барем десет души кој ги прават истите споредби.Тоа е за мачкање очи на народ за светскава криза,како они биле погодени па видете не нас,ние цутиме.Копуци.

Знаеш дека бројките,особено нивното потекло му се слаба страна.Читнал некое весниче и оооп ќе правиме споредба со земји кој имаат најмалку 10 пати поголем БДП одколку ние кој сме на последната скала во Европа.А доволно е да отвори било која интернет страна и да види кој е кој во светот на економијата,а и за да ги спознае работите во реалноста.Само дали знае и да го направи тоа?:smir:
 
па се е популизам бе,сите политичари се исти,кога требаше да гледаме напред колку ни рипа економијата тогаш едни викаа каде е Словенија,голем пораст има н економија.......сеа пак види парадокс,за кризава колку паѓа економијата,не дават да се споредуиме,кикикики,проѕирно ми некако кога се споредуиме со Словенија,де бе ај со нив неможеме они се јаки...........а бе арно го укинаа форумот политики сите тука застапуат некоја политика.......само Леандра ја читам веке во всрка со економија:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom