Овие цифри не значат дека секој убаво живее (ниту цифрите се нешто посебно добри), но се живее. Како и пред 10, 20, 30 години. Се туркаТе разбирам, очигледно убаво си живеете.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Овие цифри не значат дека секој убаво живее (ниту цифрите се нешто посебно добри), но се живее. Како и пред 10, 20, 30 години. Се туркаТе разбирам, очигледно убаво си живеете.
а демек оваа опозиција што ја имаме многу убаво ја работеше економијата
не е далечно минато рајтеон навратсе види
не му верувам ни јас во двата случаи
кризата е очигледна
но не банкрот
не се обидувај политика да внесиш на ваква тема
Довчерашниот министер Славевски го изјави тоа, не јас. :tv:
Очигледно бродот тоне, тоа ми стана јасно кога аналфабета туриле за министер за Образование.
пред фактите џабе е депешето:tv:
е сега не не погоди ама влеговме како последица на кризата во САД??
Што да се каже, не ни е првпат со обврзници да се бафта Македонија. Но за жал сеуште не сме банкротирале (барем не оние БизМисмените). Идејата вели е стара, од 1996 година, али тога било друго време, рејтинг -0.Никој нема нешто да реплицира ?
:tv:
Идејата за еврообврзници е задоцнета, сметаат експертите
25.04.2005 00:00 Одбра ли Владата модел за тивка девалвација на денарот, преку воведувањето на еврообврзниците? Експертите сметаат дека идејата за државни обврзници кои би котирале на странските пазари е дури и задоцнета.
А1 објави дека дел од советничкиот тим на Бучковски предлага многу скоро да се издадат еврообврзници, на минимум сто милиони евра.
Интересот на странските банки и компании за обврзниците ќе биде во каматата што Македонија ќе ја плаќа за нив, а македонскиот ќар е свежи пари.
Првите македонски еврообврзници ќе бидат издадени во декември
28/11/2005Македонија ќе ги издаде своите први еврообврзници до крајот на оваа година, како дел од својата целокупна стратегија за зголемување на својот капацитет за позајмување и привлекување на инвеститори. Средствата од издавањето на обврзниците ќе бидат наменети за рефинансирање на долгот на земјата.Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје – 28/11/05
ЉУБЕ ТРПЕСКИ СО КОНТРА УДАР
Владата на Бучковски изгубила 20 милиони долари од државни обврзници Поранешната Влада изгубила 20 милиони долари затоа што јавно обелодени дека со обврзници ќе го откупува долгот кон Парискиот клуб на доверители, обвини вчера поранешниот гувернер Љубе Трпески.
Сеуште мрдаме?И банкарите против еврообврзници
05.05.2005 00:00 Уште едно „не“ за проектот еврообврзници предложен од советничкиот тим на премиерот Бучковски. Денеска против ваквиот начин за заживување на економската состојба во државава се изјаснија банкарите.
Но и првиот човек на Централната банка незаинтересирано одби да ја коментира идејата за еврообврзници.
„Не е на Централната банка. Централната банка од аспект на монетарна политика може да оценува како тоа ќе влијае, не ако се одлучи Владата за таква работа“, изјави Петар Гошев, гувернер на Народна банка на РМ.
За главниот човек на Охридска банка проектот еврообврзници е избрзан, недоволно осмислен предлог кој нема да внесе конкуренција во банкарството и да ја стимулира инвестициската клима, туку ќе ги задолжи идните генерации.
„Мислам дека е тоа пребрзо формулирана политика, без да биде целосно проучена и да бидат согледани последиците. Нека извршната власт ги смалува каматите со создавање на услови за активирање на реалниот сектор во делот на производството и јакнење на нашата економија, а не само со внес на капитал, кој ќе ја зголеми задолженоста. Идните генерации треба тоа да го враќаат“, рече Најденко Поповски, Охридска банка.
Директорот на Стопанска банка, кој истовремено е и еден од бројните советници на Бучковски, одби да се изјасни дали е „за“ или „против“ воведување на еврообврзниците. Можеби како банкар размислува поинаку отколку како советник.
„Па добро, доколку ме праша Владата, одговор ќе биде према Владата“, вели Глигор Бишев, Стопанска банка Скопје.
Во владиниот економски тим расте судирот на различни економски концепти што околу себе ги собира Бучковски. Освен за советниците кои го предложија, проектот е вреден и за министерот за економија, Фатмир Бесими, но уште од стартот отфрлен од министерот за финансии, Поповски.
Некои аналитичари тврдат дека преку еврообврзниците луѓето околу Бучковски, особено советниците бизнисмени, бараат модел за ослободување на монетарните стеги и тивка девалвација на денарот.
За Бучковски пак, проектот е примамлив, оти во услови на катастрофални економски резултати е единствена шанса за влез на свежи пари во пресрет на идната изборна година.
Историјата (пардон, економијата) се повторува, се менуваат само играчите.Македонија продаде еврообврзници за 175 милиони евра
На 8 јули на сметката на НБМ ќе стигнат 175 – те милиони евра што државата ги обезбеди со вчерашната продажба на евробврзниците во Лондон.
Државата ќе треба да им ги врати парите на купувачите на обврзниците на 8 јули 2013 година со годишна камата од 9,8 насто. Ова значи дека освен целата сума од 175 милиони која ќе се врати по три и пол години, ќе треба годишно од државниот буџет да се плаќаат по 17 милиони евра или за три години 51 милион на име камата. Готовите пари, според министерот за финансии Трајко Славевски ќе се наменат за покривање на буџетскиот дефицит и за сервисирање на долгот кон странство. Според Славевски, продажбата на еврообрзниците е по барање на стопанствениците во земјава која барала буџетскиот дефицит да се покрие од надворешен извор.
Уживајте, за макроекономијата имало и ќе има кој да се грижи. Курсот не е променет од 1995 навака, така да...Никола Поповски: „Немаме голем буџет, туку лошо структуиран“
Се добива впечаток дека министрите за финансии се менуваат но буџетската политика останува иста. Омилена реченица на СДСМ пред изборите беше буџетот е полн џебовите на граѓаните празни, сега тоа го вели опозицијата?
Не сум сигурен дека е така. Буџетот во оваа година ќе биде значително помал од минатата за 10%, а тоа во буџетски рамки е многу голема работа.
Меѓутоа намалувањето не е знак на некоја промена во буџетската политика туку тоа е одраз на намалувањето на воениот данок. Ќе се согласите со оценката дека Македонија има преголем буџет?
Ако разговараме објективно немаме голем буџет имаме лошо структуиран буџет. Вкупната јавна потрошувачка во Македонија е 32% од бруто домашниот производ. Буџетот е две третини од вкупната јавна потрошувачка. Но разните закони кои ги превземал буџетот години наназад создаде структура на буџет која е тешко менлива. Моја приоритетна цел е да се смени таа структура, но преку ноќ не се менува.
Во ’98 година како последна година на СДСМ буџетот тежел 746 милиони евра сега тежи милијарда и 86 милиони? Не мислите ли дека кога платите се исти државата зема се повеќе да ги финансира своите потреби?
Да тоа е точно но не за свои потреби. Да кажеме дека во критичните години што содржи буџетот 2004 а што не содржел 98. Заради структурни реформи и прифаќање на ставот дека загубарите не можат вечно да бидат на товар на буџетот ние ги затвораме со ФЕСАЛ или ги продаваме на приватни сопственици.
Сите работници кои ги губат работните места така ние им ги плаќаме пензиските и социјалните издатоци. Второ ’98 и 2004 се разликуваат по 2 вида на обврзници, обврзниците за старото девизно штедење, обврзниците за денационализацијата коштаат неколку милијарди во буџетот. Ние сега од буџетот финансираме плаќање на 4 милијарди обврзници од буџетот.
Да но сите овие трошења не можат да бидат повеќе од 10% од буџетот во 2004 година?
Јас набројав само пример. Сите нови политики кои ги создавале владите лесно влегуваат буџетот и создаваат кумулативни трошоци. Во јануари 2004 ќе почнам со реструктуирање на буџетот онаму каде што тоа е можно. Можеме делот на платите за администрацијата да го намалуваме.
Но еве за буџетот во 2004 не го правите тоа, најавувате реформи во јавната администрација а за 2004 нивото на платите е пак поголемо за 3 милиони евра од годинешното?
Ако споредите колку е фондот во буџетот тоа е огромна бројка 21 милијарда 3 милиони евра се занемарлива големина. Меѓутоа бројот на вработени порасна поради рамковниот договор, и ние ќе мораме да го намалуваме бројот на вработени за да го задржиме истото ниво на плати.
Дали не ве загрижува тоа што 120.000 се под капа на државата?
Морам да ве исправам дека само 70.000 се под капа на државата и 25.000 во здравството и другите фондови. Јавните претпријатија сами си обезбедуваат плата. Ние оваа бројка од некаде 100.000 ќе се обидеме да ја намалиме за 4% но немојте да очекувате дека која било влада ќе ја намали администрацијата веднаш за 20% пример.
Мора да ги зачуваме функциите на државата и мора одиме постапно. Ако од периодот кога стекнавме независност кога имавме 60.000 администрација ја задржевме сега ќе имавме супер структуирана администрација за нашето стопанство. Сега мора да се враќаме назад и да ја намалуваме.
Со оглед на лошите перформанси на стопанството од каде оптимизам дека догодина даночните приходи ќе бидат поголеми а царинските приближно на годишните. Бидејќи во Управата за јавни приходи се изненадени од вашата прогноза?
Нашите прогнози се точни. Ако зборуваме конкретно за ДДВ прогнозите се влечат врз методологија која не е македонска таа е меѓународна.
А зошто во Управата за јавни приходи биле изненадени прашале какви корекции ќе направите во ДДВ за да ја зголемите наплатата?
Анонимни експерти од управата не познавам таа има колегиум, ние комуницираме со управата службено таа е во наш состав. Значи наплатите на ДДВ ќе се зголемат и тоа е точно. Прво имаме 4% раст, наплатите се по ДДВ се зголемуваат по тој основ.
Второ кај еден од приходите на ДДВ настанува промена на стапката уште пред 8 месеци од 5 оди на 18%. Кај царините имаме предвидено намалување и тоа значајно, и е предвидено на ниво од 10% и тоа е многу јак удар.
Правиме заеднички проценки со нашиот сектор за даноци и царинската управа, тука соработуваме и со меѓународната методологија, тие еднаш ја успорија но се увиде дека нашата проценка е точна.
Намалувањето на царините доаѓа од тоа што македонската економија се либерализира, само царините кон Словенија се зголемуваат зашто влегува под режимот кој го имаме за ЕУ.
Некои договори за слободна трговија се либерализираат што значи сплетот на сите тие дава помала стапка. Македонија има пондерирана царинска стапка од 3,5%, значи царината што се наплаќа на вкупниот увоз е 3,5%. Значи имаме многу либерализирана економија.
Користат луѓево и државите кредити, ама знаеш како вели поштарот мој: Извадов пари од о.к. кредит едно три пати сега не можам да го вратам ме врзаа начисто.Треба да си имаш некој проблем со себе да неќеш некој да ти даде 3 милијарди евра. Денес живееме во свет на кредити, кој незнае да искористи ќе стои во место и ќе си се теши.
Што да се каже, не ни е првпат со обврзници да се бафта Македонија. Но за жал сеуште не сме банкротирале (барем не оние БизМисмените). Идејата вели е стара, од 1996 година, али тога било друго време, рејтинг -0.
Сеуште мрдаме?
Еве ја и сегашноста
Историјата (пардон, економијата) се повторува, се менуваат само играчите.
Да не беше гугл, ќе заборавиме дека економијата до 1995-1996 година практично банкротираше
Еве нешто и за големината на администрацијата и постојаниот пораст на буџетот (тешко со вакви реформи)
Уживајте, за макроекономијата имало и ќе има кој да се грижи. Курсот не е променет од 1995 навака, така да...
Посебно радува фактот дека голем број граѓани заминаат на ефтин одмор во Грција, тоа значи добар стандард :smir:
банкрот блуз бенд![]()
alek34 напиша:Ме разбра ли?
Трезен сум сеуште ама не ја читав Леандра многу црни прогнози има ќе ми го расипи расположението пред ПивофестовНикој од овие оптимистичките александровци не писна после Леандра......да не отидоа да се опијанат???![]()