На тоа НБРМ му одговори со дигање на каматите на благајничките записи од 9% и задолжителна резерва од 10% на 20%.Домино ефектот донесе каматни стапки кај банките до 15,9% и стоп за кредитирање на стопанството кое е неликвидно и има проблем во рефининасирањето.
со оглед дека не ми одговараш на постот за побарувачката на обврзниците, кои се ептен директен показател дали некој е кон умирање или е потентен и ќе го биде кога ќе оздрави, ајде уште еден краток и прецизен коментар на дел од твојот мегаломански пост:
НБРМ не му одговори на МФ со порастот на каматата на БЗ и стапката на ЗР. НБРМ им одговори на сите (неодговорни) трошаџии, кои НЕ ЗАРАБОТУВААТ, а сакаат да трошат. Сите, Владата (во %) е еден од помалите, бидејќи таа ДА многу троши, ама и многу собира (т.е. „заработува“). Мене повеќе ме загрижуваат новите коли низ скопје, одморите во „грчка“ и турција, па дури и јадењето од увоз. тоа сето треба да СОПРЕ, на нив им одговори НБРМ.
Не е проблем за кредитирањето на стопанството кое СОЗДАВА. Има милион разно разни кредитни линии со многу мали каматни стапки, ако фирмата создава. проблем се луѓето кои не си ја знаат чергата, па се презадолжиле, а не сакаат од ништо да се откажат. и трошат, и тоа странски производи и услуги. нив ќе ги погоди најмногу... не само што ќе мора да се откажат, може и да изгубат некое обезбедување кое го дале во некоја банка...
Ами ме спречува малата понуда во однос на побарувачката,а до евробврзницата успеаа да се доберат само неколку банки и по некој привелигиран “бизнисмен“.Инаку членови на управните одбори во истите тие банки се и одредени министри во актуелнава влада по основ на поседување “златни акции“.Всушност Трајко им ги исполни желбите пред заминување,па го тргнаа за да не сноси консеквенци поради ваквата криминална емисија на вака висококаматни еврообврзници.
абе сега не можам да сватам - дали си ограничен, па не разбираш што е аукција ИЛИ просто сакаш да бидеш негативен и да контрираш?
батали ја еврообврзницата - поминала. еве ти шанса. наредниот вториник или тој по него ќе има аукција со приближно ист принос и исти перформанси (девизна клаузула). зошто не дадеш понуда и не победиш? ако е мала понудата, ти биди тој што е најкурназ и дај најмал принос и победи ги другите, пак ќе биде околу 9%. кој те спречува?
Хмммм, дали бе alek34 толку многу ПРАВАЧ, за Македонија било кога си потпишал исплата на плата....за себе или за себе и твоите вработени...еве утре е 15-ти.....

како ти оди???? заработи ли доволно за да ги платиш луѓето , а и делот за државата?????
или само онака си кокодакаш????
утре е 15, значи е КРАЕН РОК. јас не чекам до толку. мојата помина одамна (низ глупиот систем на УЈП, ама тоа е друга приказна)
плус може ти со ономатопеи на кокошки да ме вреѓаш колку сакаш, нема да докажеш дека Македонија ќе банкротирала (а никој не знае да ми каже ни кога - за 1 месец или за 3 или до нова година?) само тресете зелени.... тоа - вреѓањето со животински звуци е само знак на вашата немоќ да докажете дека македонија ќе банкротира.... ќе дојдам пак за нова година тука - да ве поздравам, па макар и преку ХСДПА.....
П.С. заборавив - да сум потпишал и налози за купување ДРЖАВНИ (Македонски) записи и обврзници, многу... и лично и за фирма.... што друго те интерсира? (некои ми поминале, некои не, па што - нема одма да плачам)